Сашо Лазаровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сашо Лазаровски
Роден 4 мај 1978
Скопје, Македонија

Сашо Лазаровски (4 мај 1978, Скопје) - поранешен репрезентативец на Република Македонија во ватерполо, и актуелен претседател на Советот на Општина Карпош.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Сашо Лазаровски е роден во Скопје, на 4 мај 1978 година. Дипломирал Меѓународни екомонски односи на Универзитетот за Национално и светско стопанство во Софија, Република Бугарија, во 2003 година, а во 2015 година, магистрирал на Универзитетот Гоце Делчев во Штип и се стекнал со звање магистер по економски науки од областа на МБА Менаџмент.

По дипломирањето, извршувал повеќе раководни функции, како: помошник директор и раководител во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, економски промотор во Република Бугарија на Агенција за инвестиции на Република Македонија, како и директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Функцијата заменик министер за локална самоуправа ја обавувал во период од август 2011 до април 2013 година.

Сашо Лазаровски е избран за претседател на Советот на Општина Карпош во април 2013 година.

Во рамки на својата политичка кариера и наобразба се стекнал со искуства и вештини од Политичката академија за меѓународни односи и дипломатија „Конрад Аденауер Штифтунг Академија“.

Лазаровски е поранешен репрезентативец на Република Македонија во ватерполо.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјална страница“. Архивирано од изворникот на 2017-05-07. Посетено на 2017-02-07.