Сашо Гешовски
Сашо Гешовски (Кавадарци, 31 октомври 1971 - Сплит, 6 мај 1991 ) — првата жртва од Македонија во воените судир кои избиле во 1991 година во СФРЈ. Тој бил застрелан на 6 мај додека чувал стража во касарната во Сплит за време на демонстрациите на поддржувачите на независноста на Хрватска.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил основно и средно училиште во Кавадарци, а потоа заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА, СР Хрватска. На 6 мај 1991 година, во него пукал маскиран припадник на МВР на Република Хрватска и со четири куршуми смртно го погодил младиот Кавадарчанец. Во критичниот момент Сашко бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит. Неговото загинување претставува првата жртва во жестокиот воен судир, кој го предизвикала распаѓањето на Југославија во 1991 година.[3][4]
На 7 мај 1991 година, во Кавадарци, во негова чест бил одржан протестен собир на кој учествувало скоро целото население од градот и околните места, за да го искажат својот револт и тага за смртта на својот сограѓанин. Неговото тело со воен хеликоптер било пренесено во Кавадарци.[5] На неговиот погреб присуствувале повеќе од 20.000 граѓани, дојдени од сите краишта на Југославија, а во Кавадарци била прогласена и тридневна жалост.[4]
На 6 мај во 2011 година, точно во 11 часот кога во Сплит 1991 година бил убиен Сашо Гешовски, во организација на кавадаречкиот градоначалник и семејството Гешовски, на градските гробишта во Кавадарци, била одбележана дваесетгодишнината од трагичниот настан. Почит кон Гешовски и кон жртвите од распадот на СФРЈ, оддал и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Во судирите кои започнле во СФРЈ, загинале четириесетина македонски војници кои се нашле во редовите на некогашната ЈНА.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Киро Глигоров, Македонија е сѐ што имаме, Три, 2001, 190.
- ↑ Demonstracije u Splitu 1991 ispred komande JNA
- ↑ „Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и личности во општина Кавадарци во 2023 година“ (PDF). kavadarci.gov.mk. 22 декември 2022.
- 1 2 „28 години од убиството на Сашко Гешовски“. www.ktv.mk. Посетено на 2024-07-02.
- ↑ „Триесет и две години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија“. Независен Весник. 2023-05-06. Посетено на 2024-07-02.
- ↑ ОДБЕЛЕЖАНИ 20 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА САШКО ГЕШОВСКИ,