Прејди на содржината

Саше Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Саше Ивановски Политико (28 август 1980 во Шопско Рударе) — македонски новинар и уредник на електронскиот медиум Мактел[1]. Ивановски дипломирал на електротехничкиот факултет во Скопје, а потоа заминал на печалба во странство како работник на брод и келнер во угостителските објекти во Њујорк.[2] Новинарската кариера ја започнал во Наша ТВ со емисијата „Политико“ која била емитувана во периодот 2011–2012. Во 2013 година, тој го основал порталот Мактел каде работел како негов уредник. Бил основач и на дневниот весник „Политико“ кој згаснал една седмица по неговиот прв број.[3] Ивановски бил носител на пратеничката список на партијата Народно движење за Македонија (НДМ) во третата изборна единица на парламентарните избори во 2014 каде освоил 619 гласови и не успеал да стане пратеник.[4] Во мај 2013 се оженил со скопјанката Марина Лазаревска со која има еден син.[5] Во 2014 година го основа неговиот портал „Мактел“ maktel.mk[мртва врска]. Во 2024 година, е автор и водител на емисијата „Интервју“ на Наша ТВ. Во 2024 година, тој бил водител на емисијата „Разговори со...“ која е емитувана на интернет телевизијата ЕМ Телевизија. Во 2025 година, е водител на дебатната емисија „Прес центар“ со Викторија Петровска на ЕМ Телевизија.

  1. ↑ „www.maktel.mk“. Архивирано од изворникот на 2024-01-15. Посетено на 22 јануари 2024.
  2. ↑ Саше Политико: Да Латасе, јас сум од Кратово, а сега да ти раскажам за мојата биографија и образование Бриф.мк (20.11.2013)
  3. ↑ Биографија на Саше Ивановски Политико Архивирано на 20 јули 2016 г. MediaPedia (12.10.2013)
  4. ↑ Саше Политико закана за Јанко Бачев[мртва врска] Република (28.04.2014)
  5. ↑ Фото: Се ожени Саше Политико Архивирано на 25 февруари 2017 г. Press24 (13.05.2013)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]