Саша Ќурчиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саша Ќурчиќ
Лични податоци
Роден на 14 февруари 1972(1972-02-14)(52 г.)
Роден во Белград, СФРЈ (денешна Србија)
Држава Југославија Југославија
СР Југославија СР Југославија (од 1992)
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2001 (29 г.)
Младинска кариера
Трудбеник
ОФК Белград ОФК Белград
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991-1993 ОФК Белград ОФК Белград 59 (5)
1993-1995 Партизан Партизан 74 (14)
1995-1996 Болтон Болтон 28 (4)
1996-1998 Астон Вила Астон Вила 29 (0)
1998-1999 Кристал Палас Кристал Палас 23 (5)
1999 Њујорк Метростарс Њујорк Метростарс 9 (2)
2000 Мадервел Мадервел 5 (0)
2001 Обилиќ Обилиќ 0 (0)
Репрезентација
1991 Југославија Југославија 1 (0)
1995-1998 СР Југославија СР Југославија 13 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23 април 2021.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 23 април 2021

Саша Ќурчиќ (роден на 14 февруари 1972 година, во Белград) — српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Кариерата ја започнал во својот роден град Белград, играјќи најпрво за ОФК Белград, а потоа и за Партизан, со кој освоил една титула во првенството и една во купот на тогашна СР Југославија. Потоа, тој се преселил во англиската Премиер лига, каде играл за Болтон Вондерерс, Астон Вила и Кристал Палас, а во последните години од кариерата играл за Њујорк Метростарс во МЛС, за Мадервел во Шкотска и за Обилиќ по враќањето во Југославија, каде ја завршил кариерата во 2001 година. За репрезентацијата на СР Југославија настапил 13 пати и постигнал еден гол.

Во 2007 година, тој учествувал и победил во ријалити шоуто „Големиот брат“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Саша Ќурчиќ, во Србија познат под прекарот Џани, е роден во Белград и израснал во белградското предградие Бесни Фок. Уште многу рано почнал да се занимава со фудбал, а првите фудбалски чекори ги направил токму во својот роден крај, во екипата Пионир од Бесни Фок, пред да се пресели во Трудбеник од каде подоцна се приклучил во ОФК Белград за таму да ја започне својата професионална кариера.

За време на својата кариера, Ќурчиќ бил попознат како голем заводник и женкар отколку по својте партии на теренот. Додека играл во Англија, британските медиуми редовно пишувале за неговите врски со познати девојки како Наоми Кембел, Кармен Електра, Ева Херцигова итн., како и за журките на коишто присуствувал и неспортскиот живот кој го водел.[1][2][3][4]

По завршувањето на играчката кариера, тој учествувал во многу ријалити шоуа и тв емисии вклучувајќи ја и српската верзија на „Големиот брат“, каде победил во 2007 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска[уреди | уреди извор]

По доаѓањето во ОФК Белград, токму во овој клуб на возраст од 19 години Ќурчиќ го направил своето деби како професионалец во Втората југословенска лига за време на сезоната 1990-1991 под водството на тренерот Илија Петковиќ. Во следите две сезони тој се афирмирал како стандарден првотимец во клубот играјќи во Првата лига на Југославија и на СР Југославија.

Во сезоната 1993-1994, Ќурчиќ дошол во Партизан, во време во кое црно-белите ги напуштиле неколку важни играчи како Предраг Мијатовиќ, Вујадин Станојковиќ и Златко Заховиќ. Тоа била одлична шанса за Ќурчиќ, како играч од средниот ред терена, да се докаже во голем клуб, што му пошло од рака; тој одиграл 33 натпревари и постигнал 7 голови во првенството на СР Југославија, придонесувајќи многу за тоа Партизан да ја освои титулата како во првенството така и во купот.

Во септември 1995, Ќурчиќ ја напуштил Југославија, и се преселил во странство потпишувајќи за англискиот клуб Болтон Вондерерс. Своето деби во англиската Премиер лига го направил на 31 октомври 1995, во победата на домашен терен над Арсенал. Ќурчиќ брзо се прилагодил на стилот на игра во Англија и се покажал како одлично засилување и покрај тоа што воочи неговото доаѓање клубот бил во многу лоша резултатска серија. На крајот Болтон испаднал од Премиер лигата како последнопласиран на табелата и ниту одличната сезона на србинот во која тој постигнал 7 гола во 33 настапи во сите натпреварувања не го спречила тоа. Сепак, Ќучиќ заработил многу пофалби за своите игри во текот на сезоната, а една од нив дошла од менаџерот на Брадфорд Сити, Крис Камара, кој после поразот на неговиот тим од Болтон со 0-3 во третата рунда на ФА Купот во кој Ќурчиќ имал удел со два гола го нарекол играчот од средниот ред "Српскиот Џорџ Бест".

По испаѓањето на Болтон, Ќурчиќ се преселил во Астон Вила за 4 милиони фунти. Иако во клубот тој му се приклучил на својот сонародник и поранешен соиграч од Партизан, Саво Милошевиќ, Ќурчиќ не успеал да се снајде во Вила и во јануари 1998 изјвил дека трансферот од Болтон во Астон Вила е најголемата грешка која ја направил во својот живот. Во исто време, се повеќе место фудбалот го интересираат работи надвор од теренот па неговата кариера од тој момент доживува константан пад. После кавгата со тренерот на Вила, Брајан Литл, тој бил ставен на трансфер листа и во март 1998 бил продаден во Кристал Палас за 1 милион фунти.

Во Палас тој бил доведен со мисија да помогне клубот да опстане во Премиер лигата во сезоната 1997-1998, што не се случило и после една сезона играње во англиската Прва дивизија, Ќурчиќ се преселил во САД, каде играл за Метростарс во МЛС. Во март 2000, Ќурчиќ потпишал за шкотскиот Мадервел, каде одиграл само три натпревари. Во април 2001, на возраст од 29 години, Ќурчиќ објавил дека ја завршува својата фудбалска кариера.

Репрезентативна[уреди | уреди извор]

За репрезентацијата на Југославија Ќурчиќ забележал 14 настапи.

Своето репрезентативно деби го направил во октомври 1991 година, со репрезентацијата која сѐ уште била позната под името СФР Југославија во пријателски натпревар против Бразил, кога на возраст од само 19 години добил можност од селекторот Ивица Осим, заменувајќи го Синиша Михајловиќ во 46-тата минута. Тоа бил неговиот единствен настап за СФРЈ пред распадот на државата.

Од 1995 до 1998 година, Ќурчиќ настапувал за репрезентацијата на СР Југославија, забележувајќи 13 настапи и постигнал еден гол против Грција во пријателски натпревар.[2]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

СФРЈ[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Југославија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
30-10-1991 Варгиња Бразил Бразил 3 – 1 Југославија Југославија Пријателска - влегол во игра 46'
Вкупно Настапи 1 Голови 0

СР Југославија[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― СР Југославија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
31-1-1995 Хонгконг Хонгконг Хонгконг 1 – 3 СР Југославија СР Југославија Карлсберг куп - влегол во игра 88'
4-2-1995 Хонгконг Јужна Кореја Јужна Кореја 0 – 1 СР Југославија СР Југославија Карлсберг куп - влегол во игра 88'
31-3-1995 Белград СР Југославија СР Југославија 1 – 0 Уругвај Уругвај Пријателска - влегол во игра 83'
31-5-1995 Белград СР Југославија СР Југославија 1 – 2 Русија Русија Пријателска - влегол во игра 42'
20-9-1995 Солун Грција Грција 0 – 2 СР Југославија СР Југославија Пријателска 1 заменет 78'
27-3-1996 Белград СР Југославија СР Југославија 1 – 0 Романија Романија Пријателска - заменет 75'
24-4-1996 Белград СР Југославија СР Југославија 3 – 1 Фарски Острови Фарски Острови Квал. за СП 1998 - заменет 61'
23-5-1996 Шимицу СР Југославија СР Југославија 0 – 0 Мексико Мексико Кирин Куп -
26-5-1996 Токио Јапонија Јапонија 1 – 0 СР Југославија СР Југославија Кирин Куп - влегол во игра 73'
10-11-1996 Белград СР Југославија СР Југославија 1 – 0 Чешка Чешка Квал. за СП 1998 - влегол во игра 77'
7-2-1997 Хонгконг Русија Русија 1 – 1 СР Југославија СР Југославија Карлсберг куп - влегол во игра 71'
10-2-1997 Хонгконг Хонгконг Хонгконг 1 – 3 СР Југославија СР Југославија Карлсберг куп -
23-9-1998 Сао Луис Бразил Бразил 1 – 1 СР Југославија СР Југославија Пријателска - влегол во игра 75'
Вкупно Настапи 13 Голови 1

Титули[уреди | уреди извор]

СР Југославија Партизан[уреди | уреди извор]

1993-1994
1993-1994

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Naomi Campbell and Carmen Electra, on Sasa Curcic's love list“ (англиски). newsy-today.com. 18 октомври 2020. Архивирано од изворникот на 2022-01-12. Посетено на 13 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 „Ćurčić Saša - reprezentacija.rs“ (српски). reprezentacija.rs. 2 декември 2019. Посетено на 13 јануари 2021.
  3. „Ispovest Saše Ćurčića: Naomi Kembel je vrh u krevetu, ali s Karmen Elektrom sam imao najluđi seks“ (српски). telegraf.rs. 14 октомври 2020. Посетено на 13 јануари 2021.
  4. „L'ex giocatore di Premier: "Ho dormito con Campbell e Herzigova, ma Carmen Electra…" (италијански). chiamarsibomber. 15 октомври 2020. Посетено на 13 јануари 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]