Сахаров центар (музеј)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сахаров центар
Сахаровский центр
Sakharov-center.jpg
Зградата на музејот Сахаров центар
Основана1996
ТипНевладина организација
СедиштеКуќа 57, зграда 6, ул. Земљаној, 105120
Москва, Руска Федерација
директорСергеј Маркович Лукашевски
Мреж. местоsakharov-center.ru/english.html

Сахаров Центар (на руски: Са́харовский центр) — музејски и културен центар во Москва посветен на заштитата на човековите права во Русија и зачувување на наследството на истакнатиот физичар и активист за човекови права, Андреј Сахаров. Основана е од „Јавната комисија за заштита на наследството на Андреј Сахаров“, меѓународна невладина организација формирана во 1990 година, преку напорите на вдовицата на Сахаров, Елена Бонер и другите пријатели и колеги на Сахаров.[1][2] [3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1994 година Јавната комисија ја отворила архивата на Сахаров[4] во трособниот стан каде живеел Андреј Сахаров. Содржината на архивата била донирана од Елена Бонер и вклучувала досиеја донирани од Федералната контраразузнавачка служба на Русија [5].

Во 1996 година, Сахаровската комисија го отвори музејот Сахаров и мултифункционалниот социјален центар за мир, напредок и човекови права (преименуван во 2012 година како Центар Сахаров).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мемория. Андрей Сахаров - ПОЛИТ.РУ“. polit.ru. конс. 2015-10-09. 
  2. „Биография Андрея Сахарова“. РИА Новости. конс. 2015-10-09. 
  3. „Sakharov Centre - Lonely Planet“. Lonely Planet. конс. 2015-10-09. 
  4. Chebotarev, Tanya (2014). Russian and East European Books and Manuscripts in the United States. 711 Third Avenue, New York, NY, 10017, USA, 2 Park Square, Milton Park, Abingdon, Oxon OX14 4RN: Routledge. стр. 130. ISBN 978-0789024053.