Сахара (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Сахара“ (англиски: Sahara) — филм на режисерот Золтан Корда од 1943 година. Автори на сценариото се режисерот, Џон Хауард Лосон (John Howard Lawson) и Џејмс О'Хенлон (James O'Hanlon), а главните улоги ги играат: Хамфри Богарт (Humphrey Bogart), Брус Бенет (Bruce Bennett), Џ. Керол Неиш (J. Carrol Naish) и Ден Дјуреа (Dan Duryea). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во категориите: најдобар спореден глумец (Неиш), најдобра црно-бела фотографија (Рудолф Мате) и најдобар звук (Џон Ливадари).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во Либиската пустина, во 1942 година. Група американски војници се отсечени со нивниот тенк, додека нивната војска се повлекува за време на битката кај Ел Аламеин. Додека ја минуваат пустината, тие со себе земаат и група сојузнички војници кои, исто така, заостанале зад своите едници. Војниците остануваат без гориво, храна и вода, па се обидуваат да дојдат до едно утврдување во пустината, но таму се упатува и една голема германска воена единица...

Наводи[уреди | уреди извор]