Сафет Алиу

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сафет Алиу (албански:Safet Aliu; Горно Седларце, Тетовско, 20 јули 1948) — македонски правник, врховен судија и поранешен потпретседател на Државната изборна комисија на Македонија[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Алиу е роден на 20 јули 1948 година во тетовското село Горно Седларце. Во родниот крај завршил основно училиште и гимназија. Во септември 1972 година дипломирал на Правниот факултет во Приштина. Во 1975 година положил правосуден испит. Првпат се вработил во март 1973 година во општина Тетово, во Одделението за имотно-правни работи. На 9 април 1976 година е избран за судија на Општинскиот суд во Тетово, функција што ја вршел до 15 јули 1996 година. На 13 март 1996 година е избран за судија на Апелациониот суд во Скопје, а од 18 јули 2000 година е избран за судија на Врховниот суд на Македонија. На 23 септември 1993 година е наименуван за член на Комисијата за полагање на правосудниот испит по предметот трудово право за време од две години, а на 10 мај 2000 година е наименуван за член на истата комисија, испитувач по предметот граѓанско право (материјално и процесно право) за време од две години. На 3 март 2002 година на Претседателот на Република Македонија, именуван е за заменик на Претседателот на Државната изборна комисија на Македонија[2]. Живее во Горно Седларце, Тетово.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мирјана Лазарова Трајковска - претседател на ДИК“. А1. 3 јули 2002. Посетено на 2010-01-20.
  2. Претседател на Македонија, Скопје, Одлука бр.07-788