South Park

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Саут Парк)
South Park
Саут Парк
Жанранимиран филм
комедија
Создадена одТреј Паркер
Мет Стоун
Гласови наТреј Паркер
Мет Стоун
Мона Маршал
Ејприл Стјуарт
Тематски композиторПримус
Земја на потеклоСАД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони325
Продукција
Извршен продуцент(и)Треј Паркер
Мет Стоун
Времетраење21−22 минути
Прикажување
Првична мрежаКомеди централ
Првично прикажување13 август, 1997 г. – денес
Надворешни врски
Мрежна страницаsouthparkstudios.com

South Park, во превод Јужен Парк, или позната како Саут Паркамериканска анимирана серија која се емитува од 1997 година, а нејзини автори се Треј Паркер и Мет Стоун. Серијата се заснова на авантурите на четири момчиња—Стен Марш, Кајл Брофловски, Ерик Картман, и Кени МекКормик—и нивните познаници во гратчето Саут Парк во сојузната американска држава Колорадо. Таа се карактеризира со надреализам, пародирање, сатира и црн хумор кои како теми ја имаат американската култура, табу-темите и разни актуелни општествени и политички случувања. Хуморот и пораките на серијата честопати се предмет на остри критики на разни општествени групи.

Серијата во почетокот е изработувана рачно, со стоп-моушн анимација, а подоцна е воведена компјутерската техника. Епизодите во просек имаат должина од околу 22 минути. До 2009 година снимани се 12 сезони, моментално се емитира 13-тата сезона, а се планирани уште најмалку три. Така Саут Парк стана најдолгата американска анимирана серија, по Симпсонови.

Во Република Македонија оваа серија се емитува на А2 телевизија.

Историја на серијата[уреди | уреди извор]

Саут Парк: поголем, подолг и несечен, (1999 г.)

Саут Парк (во превод „Јужен парк“) започнал во 1992 година кога Треј паркер и Мет Стоун, тогашни студенти по филмска уметност на универзитетот во Колорадо создале краток анимиран филм наречен „Духот на божиќ“ (The Spirit of Christmas). Грубо направениот филм прикажувал прототипски верзии на ликовите од подоцнежниот Саут Парк, вклучувајќи лик кој наликувал на Картман кој е наречен „Кени“ и неименуван лик кој наликувал на Кајл.

Во 1995, член на извршниот одбор на ТВ-куќата FOX, Брајан Грејден, го видел филмот и побарал од Паркер и Стоун да направат нов филм кој ќе им го праќа на пријателите како божиќна честитка. Новиот филм прикажувал боречки двобој помеѓу Дедо Мраз и Исус, а бргу се проширил преку интернетот и станал хит. Популарноста на нивниот краток цртан филм ги довела Паркер и Стоун до преговори за создавање на серија, прво со FOX, а подоцна со Comedy Central каде серијата е за првпат емитирана на 13 октомври 1997 година.

Провокативната содржина на цртаниот филм за возрасни набргу предизвикал бројни протести од страна на разни организации кои го сметале за навредлив; производи со ликовите од Саут Парк наскоро почнале да се забрануваат во училишта и на други јавни места. Но серијата сепак стекна прилично голема популарност.

Во 1999 година направен е и долгометражен филм, Саут Парк: поголем, подолг и несечен (англ. South Park: Bigger, Longer & Uncut), кој е добро примен од публиката и критичари. Во филмот е приличен број песни што е пофалено како придонес одумиран мјузикл, а една песна, Blame Canada, е номинирана и за Оскар. Се смета дека помеѓу сите останати песни во филмот таа е избрана зашто е најпристојна, но сепак Фил Колинс го дибил Оскарот за песната You'll be in my Heart од анимираниот филм Тарзан. Во една подоцнежена епизода бројни шали се направени на негов рачун. Филмот исто така влегол во Гинисовата книга на рекорди како анимираниот филм со најголема количина непристојнисти (399).

Во септември 2005, Comedy Central потпиша договор со Паркер и Стоун за уште три сезони на серијата во следните три години. Паркер и Стоун ќе продолжат да пишуваат, режираат и уредуваат секоја епизода од серијата и ќе дојдат до бројката од вкупно 223 епизоди во петнаесеттата сезона.

Музика[уреди | уреди извор]

Паркер вика дека употребата на музика во Саут Парк е скоро најважна. Некои ликови често пејат песни за да имаат ефект врз некоја група, да исмејуваат некои песни, да ги образоваат, мотивираат гледачите. Освен тоа што Шеф пеејќи, со цел да им објасни нешто на децата,тој исто така пее за друго поврзано со епизодата. Овие песни што ги пее Шеф се компонирани и напишани од Треј Паркер, а испеани од Ајзак Хејс во истиот стил како што ги правеше песните во неговата кариера, R&B. Бендот ДВДА, кој е составен од Мет и Треј, Bruce Howell и D.A. Young, понекогаш ги прави песните, а после смртта на Isaac, ДВДА ги изведува скоро сите композиции.

Чести теми[уреди | уреди извор]

Авторите на Саут Парк имаат либертаријански политички ставови. Либерални американски политичари и други јавни личности честопати се предмет на исмевање во серијата, иако притоа се изложени и некој конзервативци и нивните идеи. Комбинацијата на политичките ставови на Саут Парк е многу невообичаена, на пример исмевање теоријата за глобално затоплување (карактеристично за конзервативни американски политичари) и во истото време прилично позитивни ставови за хомосексуалноста и критикување на хомофобија (карактеристика на либерали). За неможноста на едноставна одредба на политиката, измислен е терминот „Саут Парк-републиканци“ со кој се опишуваат помлади поколенија чии политички ставови се слични со оние од серијата. Мет Стоун е член на Републиканската партија, а Треј Паркер на Либертаријанската.

Религијата е многу честа тема; авторите исмеваат бројни аспекти мормонизам, ислам, јудаизам, фундаменталистично Христијанство, католицизам и саентологија. Бог во серијата е прикажан како неугледна мешавина од различни животни и тврди дека е будист. Исус е лик кој живее во Саут Парк и води свој сопствен ток-шоу, а во една епизода умира да го спаси Дедо Мраз; Ѓаволот исто така се појавил неколкупати, а прикажан е како хомосексуалец кој не е така лоша личност и само настојува да ја обавува својата работа. Односот кон религијата предизвика големо неодобрување меѓу католици и саентолози. Но иако верски нелогичности се често исмевани, атеисти и антирелигиозни луѓе се исто така прикажани во лошо светло, како претерано арогантни.

Во неколку епизоди се најде на мета еколошкиот активизам. Критикувано е слабото стварно познавање на проблематики меѓу луѓе кои се сметаат за еколошки свесни, како и нивното однесување. Освен тоа, чести теми се злоупотребени деца, хомосексуализам и општествената заостанатост на мали средини.

Главни ликови[уреди | уреди извор]

Главните ликови се петмина основно-школски момчиња:

  • Стенли „Стен“ Марш (англ. Stanley "Stan" Marsh) e, заедно со неговиот најдобар пријател Кајл, водачот на групата и најверојатно најрационалниот член. Стен е прилично чесно, зрело и добронамерно момче кое често изнесува морална порака на крајот од епизодата. Деталите од неговиот живот се совпаѓаат со оние на Треј Паркер па многумина го сметаат за негово алтер-его.
  • Кајл Брофловски (англ. Kyle Broflovski) е Евреин, иако не посебно религиозен; прикажан како интелигентен, скептичен, понекогаш невротичен, но општо разумен и веројатно најморалниот член на групата. Во многу лоши односи е со Картман кој често го задева заради неговото потекло. Мет Стоун изјави дека Кајл го потсетува на себеси во деновите на детството.
  • Ерик Теодор Картмен (англ. Eric Theodore Cartman) е најпроблематичниот член на групата, често во судир со Стен и Кајл. Прикажан како расипан, лицемерен, алчен егоистичен, манипулативен, непристоен, агресивен, а покрај тоа и антисемит, расист и сексист. Дел од неговите недостатоци можеби произлегуваат од фактот дека нема татко, па е разгален од неговата мајка која е хермафродит, наркоманка и проститутка, а тајно и порно-глумица. Картман е сепак многу паметен, со неверојатни способности за раководење и бизнис. Заснован е врз ликот на Арчи Бункер, протагонистот на некогаш популарната американска серија „Сите во семејството“ (All in the Family) .
  • Кенет „Кени“ МекКормик (англ. Kenneth "Kenny" McCormick) е сиромашно момче, секогаш во портокалов скафандер кој му го скрива лицето и му го прави говорот неразбирлив. Неговите пријатели сепак го разбираат и често од него бараат појаснувања на некои зборови кои не ги разбираат, најчесто вулгарности. Во првите пет сезони Кени умираше во секоја епизода, за повторно да се врати во следната. Во шестата сезона воопшто не се појави, а беше заменет со ликот на Батерс, а потоа е вратен и сега веќе ретко умира.
  • Леополд „Батерс“ Сточ (англ. Leopold "Butters" Stotch) е најважниот лик надвор од групата на четворицата пријатели, а во шестата сезона беше замена за Кени. Тој е наивен, лесно манипулиран, вечна жртва, често несреќен, но истовремено и неверојатно оптимистичен. Родителите го казнуваат за ситници, а пријателите го задеваат. Фрустрациите Батерс ги изразува преку неговото алтер-его, Професор Хаос, пореметен негативец кој се обидува да го уништи светот. Пример за ликот на Батерс е Ерик Стоу, директорот на анимацијата на Саут Парк.

Гласовна глумечка екипа[уреди | уреди извор]

Паркер и Стоун се одговорни за гласовите на повеќето машките ликови во Саут Парк. Мери Кеј Бергмен пак е одговорна за гласовите на поголемиот дел од женските ликови сè до нејзиното самоубиство на 11 ноември 1999 година. Бергмен ја наследуваат Мона Маршал и Елиза Шнидер која го напушта шоуто по седмата сезона (2003). Таа е заменета од страна на Ејприл Стјуарт и заедно со Маршал продолжуваат да бидат задолжени за повеќето женски ликови. Бергмен првично е наведена во списокот на учесници во серијата под псевдонимот Шенон Касиди за да се заштити нејзината репутација на гласот кој стои зад неколку Дизни и други детско-пријателски ликови. Стјуард за нејзините заслуги во серијалот е запишана под името Грејси Лазар, додека Шнидер понекогаш е запишана под псевдонимот на нејзината изведба на рок-опери, Блу Грл (Сина девојка).

Другите гласовни глумци и членовите на персоналот на продукцијата на Саут Парк се задолжени за гласовите на споредните ликови во одреден број на епизоди додека неколку членови на персоналот ги изговараат гласовите на периодичните ликови ; управната продуцентка Џенифер Хауел е одговорна за гласот на ученичката Бебе Стјуардс, ко-продуцентот и сценарискиот уметник Адријан Бијард е задолжен за гласот на единствениот црн ученик во училиштето, Токен Блек, сценарискиот советник Вернон Четмен е одговорен за антропоморфната крпа по име Тауели (Пешкирче), и продукцискиот раководител Џон Хенсен за г-дин Слејв (г-дин Роб), поранешниот геј љубовник на г-дин Герисон. За време на емитувањето на серијалот, гласовите на помалите и ликовите од детската градинка се обезбедени од повеќе деца на продукцискиот персонал на шоуто.

Во текот на процесот на добивање на детските гласови, гласовните глумци зборуваат во рамките на нивниот гласовен распон додавајќи детска модулација. Снименото аудио потоа е корегирано со помош на професионални алатки, и теренот е изменет со цел гласот да звучи повеќе на глас на четвртооделенец.

Тауели-Пешкирче

Исак Хејс е задолжен за гласот на Готвачот, црнец кој работи во училишната кантина и пее соул песни, еден од ретките возрасни ликови кои ја имаат целосната доверба на момчињата. Хејс, избран во потесниот круг на идеални кандидати на Паркер и Стоун, кој ги вклучува и Лу Ролс и Бери Вајт, се согласува да го позајми гласот за овој лик. Хејс, кој живее и води радио програма во Њујорк, за време на неговото учество во Саут Парк, го снима неговиот дијалог на дигитална аудио лента додека претставителниот режисер на епизодата му дава инструкции преку телефон, потоа лентата се испраќа во продукциското студио на шоуто во Калифорнија. Откако Хејс го напушта шоуто на почетокот на 2006 година, ликот на Готвачот се отстранува во премиерната епизода од 10-та сезона "Враќањето на Готвачот".

Филм[уреди | уреди извор]

Во 1999 година, помалку од две години по првото појавување на серијата, излегува долгометражен филм. Филмот, музичка комедија, го режира Паркер, кој го пишува сценариото заедно со Стоун и Пем Брејди. Филмот генерално е добро прифатен од страна на критичарите и заработува 83,1 милиони американски долари на домашните и странските благајни. Филмот ги сатиризира околностите на самото шоу и си заработува свое место во изданието од 2001 година на Гинисовата книга на рекорди за "најголем број на пцовки во анимиран филм". Песната "Обвини ја Канада" од саундтракот на филмот на соавторите им носи номинација за Оскар за најдобра музика, оригинална песна.

Кратки анимирани филмови[уреди | уреди извор]

Во чест на скечот "Мртвиот папагал", краток анимиран филм во кој Картмен се обидува да го врати мртвиот Кени во продавницата со која управува Кајл, прикажан за време на посебната телевизиска програма на БиБиСи од 1999 година по повод комеморацијата на 30-годишнината на Летечкиот циркус на Монти Пајтон. Саут Парк ја пародира саентологијата во краток анимиран филм емитуван како дел од ЕмТиВи Музичките Награди од 2000 година. Краткиот анимиран филм кој го подбуцнува и Џон Траволта, саентолог, носи наслов "Заштитна ракавица". Четирите основни ликови се составен дел од документарниот филм "Аристократите", кој ја следи картменовата верзија на титуларната шега од филмот. Кратки клипови во кои Картмен ја најавува почетната постава на фудбалскиот тим од унверзитетот на Колорадо се вклучени во преносот на АБЦ од натпреварот меѓу универзитетот од Колорадо и универзитетот од Небраска. Во 2008 година, Паркер, во улога на Картмен, дава одговори на Пруст прашалник спроведен од Џули Ровнер од НПР. Во рамките на турнејата на Снејксенероус (Змии и Стрели) за албумот Раш (Излетување) во 2007 година се користи интро во кое се појавуваат Картмен, Стен, Кајл и Кени, претходејќи му на Том Соер.

Музички изданија[уреди | уреди извор]

Помош за Готвачот : Албумот на Саут Парк, компилација на оригинални песни од шоуто, составена од нумери кои ги пеат ликовите и нумери во изведба на гостински уметници, е издаден во 1998 година додека албумот Божиќните класици на г-дин Хенки, компилација на песни изведени од страна на ликовите од истоимената епизода како и други песни со божиќна тематика, е издаден во 1999 година заедно со саундтракот на долгометражниот филм. Во 1998 година, песната "Солени чоколадни топчиња" (изведена од Хејс во улога на Готвачот) е издадена како сингл во Велика Британија за поддршка на Помош за Готвачот : Албумот на Саут Парк и станува број 1 хит.

Видео игри[уреди | уреди извор]

Издадени се неколку видео игри засновани на серијата. Аклејм, во 1998 година, на пазарот ја исфрла Саут Парк, компјутерска, Нинтендо 64 и Плејстејшн видео игра со стрелец во прво лице.Потоа, во 1999 година, следи Саут Парк : Љубовното гнездо на Готвачот, забавна видео игра која содржи квизови и мини-игри и која може да се игра на компјутер, Дримкест, Плејстејшн и Нинтендо 64. Во 2000 година излегува во продажба Саут Парк Рели, копјутерска, Дримкест, Плејстејшн и Нинтендо 64 тркачка видео игра. Паркер и Стоун, кои немаат речиси никаква врска со процесот на создавање на овие видео игри, јавно ги критикуваат Аклејм и квалитетот на сите Саут Парк видео игри кои се во нивна одговорност. На 7 октомври 2009 година излегува Саут Парк : Ајде да си играме одбрана на тврдината!, за Ексбокс Лајв Аркејд (Ексбокс 360), реализирана од Даблсикс Гејмс.

Рекламирање[уреди | уреди извор]

Рекламирањето поврзано со шоуто претставува индустрија која генерира неколку милиони долари годишно.

Во 1999 година излегува Саут Парк флипер-машина произведена од Сега Флипери. Компаниите Фан фор Ол (Забава за сите), Меско играчки, и Мираж создаваат неколку Саут Парк акциски фигури, колекционерски и кадифени кукли. Во 2008 година, најпродаваната специјална маичка во САД е заснована на Саут Парк и заработка од 30 милиони американски долари е остварена за време на прикажувањето на првата сезона од шоуто.

Влијание[уреди | уреди извор]

Културно влијание[уреди | уреди извор]

Дадените коментари во текот на епизодите се толкуваат како изјави со кои Паркер и Стоун се обидуваат да допрат до публиката која го следи шоуто, и ваквите размислувања претставуваат предмет на голема критичка анализа од страна на медиумите и литературниот свет во рамките на популарните филозофски, теолошки, општествени и политички концепти. По дебитирањето на Саут Парк, студентите од колеџите пишуваат семинарски трудови со изрази и докторски тези анализирајќи го шоуто, додека колеџот во Бруклин нуди курс наречен "Саут Парк и политичката коректност".

Непосредно по заштитниот знак на Кени во шоуто - смртта, некој од другите ликови обично извикува "Леле, Господе, го убија Кени". Извикот брзо прераснува во популарна заразна фраза додека честите шеги во врска со повторливата смрт на Кени се едни од најпрепознатливите белези меѓу гледачите на модерната телевизија. Извиците на Картмен "Почитувај го мојот автори-се разбира!" и "Кој ве е*е... си одам дома!" исто така стануваат заразни фрази, и за време на раните сезони од шоуто, често се сретнуваат во жаргонот на гледачите. Екцентричната интонација на картменовото "Ејјј" е вклучена во изданието од 2002 година на "Речник на заразни фрази на Окфорд".

Во епизодата од втората сезона "Помош за Готвачот", адвокатот Џони Кохран ја користи Чубака одбраната, како што е нарекувана во шоуто, која претставува правна стратегија што вклучува решавање на дупките од заплетот поврзани со Чубака во филмот "Враќањето на Џиди" наместо да разговара за тековното судење во завршната мисла, со намера да ги збуни членовите на поротата и да ги наведе да помислат дека навистина постои разумен сомнеж. Терминот "Чубака одбрана" е документиран како термин кој се употребува од страна на криминолози, форензичари и политички критичари во нивните бројни дискусии за слични методи користени во правни случаи и јавни форуми.

Во друга епизода од втората сезона која носи наслов "Мали деформирани човечиња", се работи за група од "мали гаќни деформирани човечиња", кои како што навестува нивното име, управуваат со корпорација крадејќи ги гаќите на луѓето. Кога се запрашани за типот на нивниот бизнис, повеќето од човечињата одговараат дека станува збор за процес кој опфаќа три чекори : Фаза 1 "Собирање на гаќи", Фаза 3 е "профитот". Сепак, малите деформирани човечиња не можат да објаснат што се случува меѓу првиот и последниот чекор, и "Фаза 2" е пропратена со еден голем прашалник на нивната корпоративна табела за проток. Особено во поглед на политиката и економијата, "малите гаќни деформирани човечиња" се користат како пример од одредени коментатори за забележителен недостаток на логика или план.

Кога Софи Рачмен, од универзитетот во Стразбур, открива мутиран ген кој предизвикува смрт кај возрасната ларва која се храни со овошје, два дена по инфицирањето со одредена бактерија, го нарекува "Кени" во чест на ликот од серијата.

Политичко влијание[уреди | уреди извор]

Иако многумина конзервативци го осудуваат шоуто, растечка популација на луѓе кои имаат централно-десничарски политички убедувања, вклучувајќи ги и тинејџерите и младите луѓе, го прифаќаат шоуто поради неговата тенденција да ги исмева либералните ставови и да ги сатиризира либералните славни личности и икони. Политичкиот критичар Ендру Саливан ја именува групата "Саут Парк републиканци" односно "Саут Парк конзервативци". Саливан ја класифицира групата како "екстремно скептична во однос на политичката коректност но од друга страна општествено либерална за многу прашања", иако, фразата која ѝ е припишана, вели тој, има повеќе за цел да биде неформална индикација за верувањата отколку голема партиска етикета. Брајан Ц. Андерсон ја опишува групата како "главно окарактеризирана по нејзините слини либерални верувања и одбивањето на поконзервативната општествена политика" и додава дека иако шоуто е склоно кон "пакосно шегување на сметка на конзервативците", тоа се наоѓа "во првите редови од конзервативниот бунт против либералните медиуми".

Паркер и Стоун ја минимизираат поврзаноста на шоуто со каква било политичка припадност и негираат имање на политичка агенда при создавањето на епизодите. Тие двајца тврдат дека во најголем процент моментите на сатиризирање на општоприфатените либерални ставови во шоуто се само заради фактот што тие повеќе претпочитаат да се шегуваат на сметка на либералите отколку на сметка на конзервативците. Додека Стоун е цитиран во изјавата "Мразам конзервативци, но навистина е*ано мразам либерали", Стоун и Паркер објаснуваат дека она што ги поттикнува да сатиризираат дадена "мета" потекнува од инсистирањето на таа "мета" да им кажува на другите луѓе како да се однесуваат. Дуото објаснува дека либералите ги доживува како луѓе кои се во заблуда дека го имаат правото да бидат поштедени од сатира и дека се склони кон наметнување на политичка коректност спроведувајќи диктатура над граѓаните на Средна Америка.

Треј Паркер

Паркер и Стоун не се доживуваат себеси или пак Саут Парк како партиски ориентирани, и тие ја отфрлаат етикетата "републиканскиот Саут Парк" односно "конзервативниот Саут Парк" како сериозно обележување, сметајќи дека било кое од овие две етикетирања имплицира дека некој строго се држи до конзервативните или либералните ставови. Канадскиот колумнист Џејми Ј. Веинмен забележува дека повеќето тврдокорни конзервативци кои самите себе се идентификуваат како "Саут Парк републиканци" започнуваат да се оградуваат од таквата класификација откако шоуто ги омаловажува републиканците во епизодата "Најдобри пријатели засекогаш" од петтата сезона (2005).

Музика[уреди | уреди извор]

Паркер вели дека различните начини на користење на музиката се од особено значење за Саут Парк. Неколку ликови често пуштаат или пеат песни со цел да го променат или да влијаат на однесувањето на одредена група на луѓе, или да ги образоваат, мотивираат или индоктринираат другите. Исто така, во шоуто често се сретнуваат сцени во кои нивните ликови имаат реакции на негодување за настапите на некои популарни музичари.

Адам Бери, оригиналниот успешен композитор на шоуто, користи синтеза од звуци за да симулира мал оркестар и често алудира на постоечки познати музички дела. Бери, исто така, користи потпишана акустична гитара и мандолина како лајтмотиви. По заминувањето на Бери, Џејми Данлеп и Скот Николеј од студијата на Мед Сити Продакшн со седиште во Лос Анџелес обезбедуваат оригинална музика за наредните седум сезони на шоуто. Од 2008 година, Данлеп е наведен во списокот на учесници во серијалот како единствен успешен композитор на шоуто. Придонесите на Данлеп за шоуто се едни од ретките кои не се постиганти во сопствените продукциски канцеларии на шоуто. Данлеп го чита сценариото, создава добитна комбинација користејки дигитален аудио софтвер, и потоа аудио дадотеката ја испраќа преку мејл до студијата на Саут Парк, каде се приспособува на целосната епизода.

Во прилог на пеењето, во обид да им објасни нешто на децата, Готвачот пее за работи кои се поврзани со она што се открива во заплетот. Овие песни се оригинални композиции напишани од страна на Паркер, и изведени од Хајс во истиот Р&Б стил со сексуален нагласок кој тој го користи во текот на својата музичка кариера. Бендот ДВДА, составен од Паркер и Стоун, заедно со членовите на екипата на шоуто Брус Хауел и Д.А. Јанг, ја изведуваат музиката за овие композиции и сè до смртта на ликот во шоуто, се запишуваат како "Бендот на Готвачот" во списокот на учесници на крајот од секоја епизода на серијата.

Исак Хејс

Меѓу ѕвездите кои се појавуваат како гости и имаат кратко учество во епизодата "Помош за Готвачот" од втората сезона на шоуто (1998) спаѓаат : Рик Џејмс, Елтон Џон, Мит Лоуф, Џо Страмер, Ози Озборн, Прајмс, Ренсид и Вин. Групата Корн, ѕвездите во гостинска улога, во епизодата "Сјајната мистерија на Корн за пиратските духови" од третата сезона (1999), премиерно го претставува својот сингл "Далеку од мене".

Рејтинзи[уреди | уреди извор]

Откако Саут Парк дебитира, тој прераснува во голем успех за Комеди Централ што се однесува до рејтинзите и се смета дека ги има најголемите заслуги за упехот на каналот.

Првата епизода на шоуто "Картмен оди на анално испитување", заработува Нилсен рејтинг од 1,3 (980, 000 гледачи) што претставува висок рејтинг за кабелска програма. Шоуто веднаш предизвикува голема реакција (жагор) кај телевизиските гледачи и масовни групи од публиката на шоуто започнуваат да се собираат на колеџ кампусите. Со емитувањето на осмата епизода "Прегладнетиот Марвин", три месеци по отпочнувањето на шоуто, рејтинзите и гледаноста тројно се зголемуваат и Саут Парк веќе станува најуспешното шоу во историјата на Комеди Централ. Прикажувањето на десеттата епизода "Дамјан", наредниот февруари, ја зголемува гледаноста за уште 33%. Епизодата добива рејтинг од 6,4 кој во тоа време е десет пати поголем од просечниот рејтинг на било кое кабелско шоу емитувано во ударно телевизиско време. Рејтинзите го достигнуваат врвот со втората епизода од втората сезона, "Мајката на Картмен сè уште е валкана о*оспија", прикажана на 22 април 1998 година. Епизодата постигнува рејтинг од 8,4 (6,2 милиони гледачи) и, тогаш, освојува рекорд за највисоко рангирано не-спортско шоу во основната историја на кабелските телевизии. Во духот на 1998 година, осум од десет највисоко рангирани шоуа на основните кабелски телевизии се епизоди од Саут Парк.

Успехот на Саут Парк поттикнува голем број на кабелски компании да го пренесуваат Комеди Централ и придонесува да стане најбрзо растечкиот кабелски канал. Бројот на домаќинства кои го имаат каналот Комеди Централ се зголемува од 9,1 милиони на 50 милиони во јуни 1998 година. Пред започнувањето на шоуто Комеди Централ заработува 7,500 американски долари за реклама во времетраење од 30 секунди. Во рок од една година, рекламните агенти плаќаат во просек 40,000 американски долари за рекламирање од 30 секунди во текот на емитувањето на втората сезона од Саут Парк, додека некои плаќаат дури 80,000 американски долари.

Третата сезона (1999) го означува почетокот на опаѓањето на рејтинзите на серијалот. Премиерата на оваа сезона привлекува 3,4 милиони гледачи со огромен пад од 5,5 милиони во споредба со првата епизода од претходната сезона. Стоун и Паркер овој пад на рејтинзите на шоуто го припишуваат на крената врева од страна на медиумите во врска со шоуто, напоменувајќи дека рејтинзите на третата сезона се одразуваат на "вистинската" група на обожаватели. Четвртата сезона (2000) води кон понатамошно намалување на рејтинзите на шоуто, со просек од нешто над 1,5 милиони гледачи. Сепак рејтинзите на крајот повторно се зголемуваат, и од 5-та до 9-та сезона забележан е постојан просек од 3 милиони гледачи по епизода. Иако гледаноста на шоуто е помала од онаа кога тоа го достигнува врвот на својата популарност, Саут Парк останува највисоко рангираната серија на Комеди Централ. Премиерата на 14-та сезона (2010) добива 3,7 милиони гледачи, со што станува највисоко рангираната премиера од 1998 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]