Прејди на содржината

Саун Франсиско (плоштад)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плоштад Саун Франсиско
Глетка од плоштадот Саун Франсиско
Карта
Општи податоци
ГрадСаун Кристоваун, Сержипе
Земја Бразил

Саун Франсиско (португалски: Praça São Francisco) — плоштад во градот Саун Кристоваун, во сојузната држава Сержипе во источниот крајбрежен дел на Бразил. Претставува отворен простор опкружен со градби од колонијалниот период како што се црквата и манастирот Санта Крус (црква Саун Франсиско), болницата и црквата Мисеркорија, палата на провинцијалната управа и други згради од подоцнежните периоди. Комплексот е добро сочуван пример за типична францисканска архитектура на североисточниот дел на Бразил.

На 1 август 2010 година, плоштадот кој зафаќа површина од 3 хектари, бил избран за Светско наследство од УНЕСКО. Со него управуваат регионална канцеларија на Националниот институт за историско и уметничко наследство (ИПХАН) и општинската власт.

Галерија

[уреди | уреди извор]