Сарасин
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Сарасин | |
---|---|
![]() Слика од Сарасин. | |
Автор | Оноре де Балзак |
Илустратор | Алсид Теофил Рободи |
Земја | Франција |
Јазик | француски |
Серијал | Човечка комедија |
Сарасин (француски: Sarrasine) — новела од францускиот писател Оноре де Балзак објавена во 1830, дел од циклусот романи Човечка комедија.[1] Иако Балзак творел од 1819, ова било едно од првите дела каде се потпишал без псевдоним. Главен лик во новелата е Нараторот, дел од високата класа во Париз, кој на госпоѓата Рошефид и ја раскажува приоказната за Сарасин сакајќи да ја заведе. Дејството завршува со тоа што Рошефид е потресена од приказната што ја слушнала. Главни обележја на делото се стилската фигура контраст, како и темите за кастрација и хомосексуалност.[2] Делото е пишувано според литературниот принцип „приказна во рамка“.