Прејди на содржината

Сараево сити центар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сараевски градски центар
Sarajevo City Center
Карта
Општи податоци
МестоСараево, Босна и Херцеговина
Координати43°51′19.38″N 18°24′27.69″E / 43.8553833°N 18.4076917°E / 43.8553833; 18.4076917
Почната28 октомври 2008
ЗавршенаАприл 2014 (трговскиот центар)
Висина
Последен кат74 м (243 ст)
Технички податоци
Катови18 (5 подземни)
Проектирање и изградба
АрхитектСеад Голош и др., Grupa Arh d.o.o.
Главен изведувачANS Drive d.o.o.

Сараевски градски центар или Сараево сити центар — деловен комплекс и трговски центар во центарот на Сараево, Босна и Херцеговина, кој се состои од три главни дела: трговски центар и комплекс за забава; кула со хотел со пет ѕвездички; и кула со деловни канцеларии, со заеднички 4-катен подземен простор за паркирање со повеќе од 1100 паркинг-места.[1]

Градилиштето се наоѓа во населбата Маријин Двор, во близина на центрите на јавната администрација, како и историските (музеи), образовните (кампусот на државниот универзитет) и деловните (УНИТИК, кулата Аваз твист и слични) градби.[1] Јавниот превоз во близина овозможува пристап до стариот дел од градот за околу пет минути.[1]

Медиумската фасада на овој трговски центар, што се користи за емитување реклами, вести, најнови вести од спортот, временска прогноза, победнички натпревари, двонасочна комуникација, е најголемата во земјата и еден од најголемите видео билборди во Европа.

Со вкупна изградена површина од 105.410 квадратни метри, Сараевскиот центар е една од најголемите комерцијални деловни згради во Босна и Херцеговина по завршувањето на почетокот на 2014 година.

Трговски центар и забавен центар

[уреди | уреди извор]

Трговскиот центар нуди светски познати брендови од модата, спортот и технологијата. Се простира на 49.500 квадратни метри и содржи околу 80 продавници.[2] Изнајмувањето простор и управувањето со трговскиот центар гои врши „Турк мол“.[2]

Забавниот центар е сместен на третиот (игралиште) и четвртиот кат (куглана, ласер, чукачки количиња, детска игрална, симулаторски игри, билијард), и тука се наоѓаат повеќе од 15 ресторани со повеќе од 550 седишта.[2]

Свисотел Сараево има 218 соби на 13.900 квадратни метри.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 „About Sarajevo City Center“. Архивирано од изворникот на 2024-12-04. Посетено на 17 јануари 2013.
  2. 1 2 3 „About Shopping center“. Архивирано од изворникот на 2024-12-04. Посетено на 17 јануари 2013.
  3. „Swissôtel Sarajevo“. Swissôtel. Посетено на 22 мај 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]