Сапунџи џамија
Изглед
Сапунџи џамија | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Битола, Македонија |
Припадност | ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиска |
Завршен | пред 1639 година |
Особености | |
Куполи | 1 |
Минариња | 1 |
Сапунџи џамија (турски: Sapunci Cami) — бивш муслимански храм во Битола.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Џамијата се наоѓала помеѓу Дебојот и Сунгур Чауш-беговата џамија и била опкружена со ковачки дуќани.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Џамијата за првпат се споменува во 1639 година, кога во неа бил назначен муезинот Јумер. Подоцна била разрушена. Се верува дека била изградена од член на семејството Сапунџизаде. Нему му припаѓал Хусеин Хасан, борец за ширење на исламот, погребан некаде во Кара Оглан маала. Неговиот гроб се сметал за свето место и често бил посетуван.[1]
Џамијата подоцна била разрушена.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Сапунџи џамија“. Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија. Посетено на 6 јуни 2024.