Сапиенс: Кратка историја на човечкиот род

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сапиенс
Кратка историја на човечкиот род
 
Sapiens - A Brief History of Humankind.jpg
Насловна страница на англиското издание
АвторЈувал Ноа Харари
Наслов на
оригиналот
קיצור תולדות האנושות
ЗемјаИзраел
Јазикхебрејски, англиски, македонски
Предмет(и)Историја, културна еволуција
Жанр(ови)нефикција
ИздавачТри (на македонски)
Издадена2011 (на хебрејски), 2014 (на англиски), 2018 (на македонски)
Медиумпечатено издание, 140х210[1]
Страници480
СледнаХомо деус: Кратка историја на иднината

Сапиенс: Кратка историја на човечкиот род (хебрејски: קיצור תולדות האנושות, [Ḳitsur toldot ha-enoshut]) – книга од Јувал Ноа Харари, првично издадена на хебрејски во Израел во 2011[2] врз основа на низата предавања кои Харари ги држел на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, на англиски во 2014[3][4] и на македонски јазик во 2018 година.[1] Книгата дава преглед на историјата на човештвото од еволуцијата на архаичните човечки видови во каменото доба, до дваесет и првиот век, фокусирајќи се на Хомо сапиенс. Објаснувањата се во рамки на природните науки, особено еволутивната биологија.

Содржина[уреди | уреди извор]

Пред 100 000 години најмалку шест човечки вида живееле на Земјата. Денес има само еден. Ние. Хомо сапиенс. Како се случило нашиот вид да преовладее во Битката за доминација? Како нашите предци, собирачи и ловци, се соединиле и создале градови и кралства? Како дојдовме до тоа да веруваме во богови, нации и човекови права; да им веруваме на парите, книгите и законите; да бидеме заробеници на бирократијата, временските рокови и потрошувачката? И каков ќе биде светот во следните милениуми?

Во „Сапиенс“ д-р Јувал Ноа Харари ја опфаќа целата човечка историја, од првите луѓе на Земјата до радикалните – а понекогаш и катастрофалните – откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Врз основа на согледувањата од биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како струите на историјата ги обликуваат нашите човечки општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите личности.[1]

Структура[уреди | уреди извор]

Книгата е поделена во 4 дела:[5]

  • Когнитивна револуција
  • Аграрна револуција
  • Обединување на човештвото
  • Научна револуција

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Сапиенс“. Издавачки центар Три. Посетено на 19 јуни 2020.
  2. Harari, Yuval Noah; Vintage (2014). Sapiens: A Brief History of Humankind. ISBN 9780099590088.
  3. Strawson, Galen (11 September 2014). „Sapiens: A Brief History of Humankind by Yuval Noah Harari – review“. The Guardian. Посетено на 29 October 2014.
  4. Payne, Tom (26 September 2014). „Sapiens: A Brief History of Humankind by Yuval Noah Harari, review: 'urgent questions'. The Telegraph. Посетено на 29 October 2014.
  5. Харари, Јувал Ноа. Сапиенс: Кратка историја на човечкиот род. Скопје: Три. стр. 480.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]