Сао Томе (остров)
Познат и како Островот Сао Томе | |
---|---|
![]() | |
Географија | |
Место | Гвинејски Залив |
Координати | 0°14′N 6°36′E / 0.233° СГШ; 6.600° ИГД |
Површина | 859 км2 |
Должина | 48 км |
Ширина | 32 км |
Највисоко издигнување | 2.024 м |
Највисока кота | Врв Сао Томе |
Управување | |
Сао Томе и Принсипе | |
Покраина | Сао Томе |
Најголема населба | Сао Томе (pop. 56,166) |
Демографија | |
Население | 193,380 (2018) |
Густина | 225 /km2 (583 /sq mi) |
Сао Томе (португалски: São Tomé, „Свети Тома“) е остров во африканската држава Сао Томе и Принсипе. Островот има вкупна површина од 854 км2 и воедно е најголем остров во државата. Според податоците од мај 2018 година на островот живееле околу 193.380 жители, или 96% од вкупното население на државата. Островот е поделен на четири окрузи. Сао Томе се наоѓа на 2 км северно од екваторот.
Географија[уреди | уреди извор]
Сао Томе има должина од 48 километри, а ширина од околу 32 километри. Највисока точка на островот е 2.024 метри, односно „Врвот Сао Томе“. Таму се наоѓа главниот град на државата, Сао Томе. Најблизок град на континентална Африка од Сао Томе е Порт Гентил во Габон, кој е оддалечен 240 километри источно. Околу островот има голем број малечки островчиња, меѓу кои Ролас, Кабрас и Габадо.
Јазик[уреди | уреди извор]
Главен административен јазик на островот (и во државата) е португалскиот. Сепак, на островот се зборуваат и португалските креолски јазици, анголски и фороански.
Геологија[уреди | уреди извор]
Островот е всушност масивен вулкански надморски израсток, вулкан кој излегува од Атлантскиот Океан. Вулканот има 3000 метри под нивото на морето. Овој е дел од вулканите кои се протегаат од Камерун до Атлантскиот Океан. Најмладите карпи на островот се стари 100.000 години.
Административна поделба[уреди | уреди извор]
Сао Томе е поделен на шест окрузи (окружните седишта се во заграда):
- Агва Гранде (Сао Томе)
- Кантагало (Сантана)
- Кауе (Сао Жоао дос Анголарес)
- Лемба (Невес)
- Лобата (Гвадалупе)
- Ме Зочи (Тринидад)
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- „Sao Tome“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
- CIA Word Fact Book Архивирано на 18 септември 2015 г.