Сан Хуан

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сан Хуан (Порторико))
Сан Хуан гледан од вселената, јули, 1997 година.
Градското собрание на Сан Хуан, со Плаца де Армас на предниот дел.

Сан Хуан (на шпански: San Juan) е главниот и најголемиот град во Порторико, сместен на североисточниот дел од островот. Според последниот попис, градот има 433.733 жители, правејќи го 42 најголем град под јурисдикција на САД. Сан Хуан е ѝ најстарата европска населба во САД.

Историја[уреди | уреди извор]

Сан Хуан е основан од шпанските колонисти во 1521 година, а тој е најстариот град во Порторико. Денес, Сан Хуан е најважното пристаниште, како и главниот производствен, финансиски, културен и туристички центар на островот. Сан Хуан со околните општини (Бајамон, Каролина, Гвајнабо итн.) има околу 1,3 милиони жители, како резултат на што од 3 Порториканци, барем само еден живее во оваа област. Главните аеродроми во областа се Луиз Муњос, сместен во Каролина и Фернандо Рибас Доминики, сместен на Исла Гранде во Сан Хуан.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]