Клуб Сантос Лагуна или само Сантос Лагуна — професионален фудбалски клуб од Тореон, Мексико. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, најсилното ниво во мексиканскиот фудбал.
Клубот е основан во 1983 година, а во првата мексиканска лига дебитирал во сезоната 1988-1989. Досега, Сантос Лагуна има освоено 6 титули во Примера Дивисион, еден Куп на Мексико и една титула во натпреварувањето Првак на прваците. Меѓународно, клубот два пати стигнувал до финалето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите, губејќи ги и двете од Монтереј.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Корона кој има капацитет од 30.000 седечки места. Во 2010 година, Сантос Лагуна потпишале партнерство со шкотскиот клуб Селтик, со кои ги споделува традиционалните бои;[2] и двата клуба играат во пругасти зелено-бели дресови. Во анкета во 2013 година, Сантос Лагуна бил избран за петти најпопуларен клуб во Мексико.