Сантијаго де Компостела

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сантијаго де Компостела
Santiago de Compostela
Катедрала Сантијаго де Компостела

Грб
Сантијаго де КомпостелаSantiago de Compostela се наоѓа во Шпанија
Сантијаго де Компостела
Santiago de Compostela
Координати: 42°52′49.6″ СГШ 8°32′46.69″ ЗГД / 42.880447, -8.546303
Држава Шпанија Шпанија
Автономна покраина Галиција (Шпанија) Галиција
Провинција А Коруња
Комарка Сантијаго
Управа
 • Вид Concello
 • Mayor Хозе Антонио Санчез Бугало (PSOE)
Површина
 • Вкупна 220 км2
Надм. вис. 260 м
Население (2008)INE
 • Вкупно 94.339 жит.
Демоним santiagués (m), santiaguesa (f)
compostelano (m), compostelana (f)
pichelero (m), pichelera (f)
Час. појас CET (GMT +1)
 • Лете (DST) CEST (GMT +2) (UTC)
Postcode 15700
Повик. бр. +34
Збратимени градови
 • Santiago do Cacém Португалија
 • Машад Иран
 • Буенос Аирес Аргентина
 • Кум Иран
 • Сантијаго де Кваретаро Мексико
 • Сантијаго де лос Кабалерос Домениканска република
 • Асиси Италија
ISO 3166-2 ES-C
Портал http://www.santiagodecompostela.org

Сантијаго де Компостела (шпански: Santiago de Compostela) — главен град на автономната покраина Галиција во Шпанија. Се наоѓа во северозападна Шпанија, во покраината А Коруња. УНЕСКО во 1985 година, стариот дел од градот го вклулчил во списокот на светско наследство. Во 2000 година градот бил прогласен за град на културата. Градот е седиште на галициската автономна влада. Овде се наоѓа еден од најстарите универзитети во Европа и светот, Универзитет Сантијаго де Компостела.

Во градот се наоѓа истоимената катедрала која е посветена на Апостол Јаков, како последната станица од т.н. Пат кон Сантијаго, којшто започнува од Јужна Франција. Според легендата, Свети апостол Јаков на Иберискиот полуостров го “донел“ христијанството. Во 44 година апостолот бил обезглавен во Ерусалим. Неговите останки подоцна биле донесени во Галиција, Шпанија. По римските прогони на христијаните, неговиот гроб бил напуштен во 3 век. Според легендата, неговиот гроб бил откриен во 814 година.[1] Епископот Теодемир видел чудо над неговиот гроб и веднаш го известил Алфонсо II од Астурија (791-842). Кралот веднаш наредил да се изгради капела на местото на гробот. Во 829 година била изградена првата црква, како и во 899. Кралот Алфонсо бил првиот аџија кој го поминал т.н. Пат до Сантијаго. Во текот на 997 година, црквата била целосно опожарена и уништена од страна на Ал-Мансур Ибн Аби Амир (938-1002), командант на војската на Кордопскиот калифат.

Наводи[уреди]