Санта Марија ал Бањо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Санта Марија ал Бањо (порано Санта Марија ди Бањи) е италијанско село во Апулија, во Италија. Тоа е дел од општината Нардо и се наоѓа на Јонското Море.

Географија[уреди | уреди извор]

Санта Марија ал Бањо

Санта Марија е едно мало рибарско село, кое е сместено на брегот на Заливот Таранто, на западниот брег на Јонското Море помеѓу Галиполи и Порто Цезарео. Има недопрени карпести и песочни плажи по целиот брег. Особено важен е соседниот регионален резерват за диви животни „Портоселваџо“, кој е познат природен парк со 400 хектари борова шума и седум километри висококвалитетен, незагаден брег. Портоселваџо е едно од главните зелени бели дробови во регионот на Апулија.

Санта Марија Ал Бањо е околу 45 минути патување со автомобил од Бриндизи, 20 минути од Лече и приближно еден час и 30 минути од Бари. Во селото има неколку продавници за храна, ресторани, пабови, барови отворени во лето 24 часа на ден, аптека, пошта, агенти за недвижнини, туристички агенти, берберници, бензинска пумпа, продавници за весници и неделен пазар. Многу големи супермаркети, трговски центри и модни бутици има во блиските градови Нардо, Галатоне, Галиполи и Лече.

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Музеј[уреди | уреди извор]

Санта Марија ал Бањо била место на камп за раселени лица по Втората светска војна.

Во селото бил отворен нов музеј посветен на илјадниците преживеани од концентрационите логори кои патувале низ Италија на пат кон Израел по Втората светска војна. Музејот на сеќавањето и пречекувањето бил создаден во Санта Марија низ кој поминале околу 150.000 Евреи помеѓу 1943 и 1947 година. Музејот го содржи целиот материјал поврзан со времето од архивата на градскиот совет, вклучувајќи извештаи од сведоци, фотографии и видеа, како и мултимедијална просторија и библиотека.

Крајбрежна кула[уреди | уреди извор]

Кулата на реката Галатена.

Санта Марија ал Бањо е место на средновековна крајбрежна кула, наречена Кула на реката Галатена, општо позната како „Четирите колони“ поради нејзината структура од четири слични столбови.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]