Санта Катарина (држава)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Санта Катарина
Знаме на ЅК Грб на ЅК
Знаме Грб


Положба на ЅК
Главен град Флоријанополис
Најголем град Џоинвил
Службен јазик Португалски
 - Гувернатор Луиш Енрике де Силвиера
 - Вице Гувернатор Ленонел Паван
Површина  
 - Вкупно 95,346.181 km² ({{{површина поредок}}}.)
 - Вода (%) {{{вода}}}%
Население  
 - 2008 6,066,000 ({{{население поредок}}}.)
 - Густина 61.3/km² ({{{густина поредок}}}.)
БДП (ПКС) 2006 приб.
 - Вкупно R$ 93,173,000,000 ({{{БДП поредок}}}.)
 - По глава на жител R$ 15,638 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.)
ИЧР (2005) 0.840 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок
Валута
Часовен појас UTC
НДД [[]]
Повикувачки број +

Санта Катарина (Santa Catarina - на македонски, Света Катерина  (изговор [ˈsɐ̃ta kataˈɾina]) е држава во јужен Бразил со еден од највисоките стандарди во земјата. Престолнина е Флорианополис, кој претежно е расположен на островот Санта Катарина. Се граничи со Јужна Рио Гранџе на југ и Парана на север. На исток е обградена од Атлантскиот океан, и на запад се граниши со провинцијата Мисионес, Аргентина. Повекето жители се потомци на Португалците, Германците и Италијанците кои што емигрирале овде.

Географија[уреди | уреди извор]

Санта Катарина е во доста стратегиска позиција во Меркосур, Јужно американскиот заеднички пазар.

Атлантскиот брег на државава има многу плажи, острови, заливи, и лагуни. Највисока точка е врвот Моро да Боа Вишта.

Историја[уреди | уреди извор]

Европјаните дошле на Санта Катарина (остров) во 1542-ра. Португалците го зеле под контрола во 1675-та. Капетанијата Санта Катарина била создадена 1738-ма. Голем број европски емигранти, посебно од Германија, почнале да доаѓаат во почетокот на19-ти век. Имигранти од Италија, Полска, Русија, Украина, Јапонија и други делови на Европа дошле подоцна.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според БИГС, 2008, населението брои 6,066,000 со густина на населеност 61.53 ж./km2.

Урбанизација: 82.5% (2006); Прираст: 1.9% (1991-2000); Домаќинства: 1,836,000 (2006).[1]

Структура: 5,253,156 Бели (86.6%), 570,204 Пардо (9.4%), 218,376 Црни (3.6%), 24,264 Азијати и Домородци (0.4%).[2]

Економија[уреди | уреди извор]

Индустрискиот сектро зазема најголем дел од БДП-то со 52.5%, следен од секторот за услуги со 33.9%. Земјоделието е 13.6% (2004). Санта Катарина извезува: авикултура 26.1%, дрвени производи 15.4%, памук 6.8%, и автомобили 5.8% (2002).

Удел во Бразилската економија: 4% (2005).


Статистика[уреди | уреди извор]

Автомобили: 2,489,343 (март/2007); Мобилни: 3.7 милиони (април/2007); Телефони: 1.6 милиони (април/2007). Градови: 293 (2007).[3]

Образование[уреди | уреди извор]

Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.

Образовни институции[уреди | уреди извор]

  • Федерален Универзитет Санта Катарина (UFSC);
  • Универзитет на регионот на Џоинвил (UNIVILLE);
  • Државен Универзитет Санта Катарина (UDESC);
  • Универзитет Јужна Санта Катарина (UNISUL);
  • Универзитет на долината Итажаи (UNIVALI);
  • Универзитет Западна Санта Катарина (Unoesc);;
  • и други.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Интернационален аеродром[уреди | уреди извор]

Во флорианополис се наоѓа Интернационалниот аеродром Ерсилио Луз за домашни и меѓународни летови. Обслужува 2.7 милиони патници на годишно ниво.

Туризам[уреди | уреди извор]

Итажаи напладне.

Државав нуди голем број на предели и настани преку годината: рурален туризам, термални минерални ресорти, еколошки туризам и авантуристички спортови, историски споменици и знаменитости, религиозен туризам.

Помеѓу јули и ноември, китови го посетуваат брегот на државава. Најголемите фестивали се одржуваат во октомври. Октоберфест во Блуменау е најголемиот и втор во светот фестивал (по германскиот во Минхен).[се бара извор]Флорианоплис, градот остров и престолнина привлекува голем број туристи со своите 42 плажи.

Малцински јазици[уреди | уреди извор]

Малцинските јазици во Санта Катарина може да се поделат на две групи:

Автохтони јазици или Домородни јазици: Каинганг; Гуарани; други...

Екстоктони јазици или Имигрантски јазици: Германски јазик (Хунсрукшки јазик, поморски јазик); (италијански или Венециски), Украински (Украински ; други (Полски, итн.)

Поголеми градови[уреди | уреди извор]

Contestado (Контестадо) Музеј.
  1. Џоинвил
  2. Флорианополис
  3. Блуменау
  4. Сао Жозе
  5. Крисиума
  6. Чапеко
  7. Лаџеш
  8. Итажаи
  9. Жарагва до Сул
  10. Паљока

Други поважни градови

Биди исто така и[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Извор: PNAD.
  2. (на Portuguese) (PDF). Santa Catarina, Brazil: IBGE. 2008. ISBN 85-240-3919-1. http://www.ibge.gov.br/home/estatistica/populacao/condicaodevida/indicadoresminimos/sinteseindicsociais2008/indic_sociais2008.pdf. конс. 4 јануари 2009. 
  3. Извор: БИГС.

Наводи[уреди | уреди извор]

Public Domain Оваа статија вклучува текст од издание кое сега е во јавна сопственост„“. Енциклопедија Британика (11-то). (1911). Cambridge University Press.


Надворешни препратки[уреди | уреди извор]