Санта Катарина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Санта Катарина
Знаме на ЅК Грб на ЅК
Знаме Грб


Положба на ЅК
Положба на ЅК
Главен град Флоријанополис
Најголем град Џоинвил
Службен јазик португалски
 - Гувернатор Луиш Енрике де Силвиера
 - Вице Гувернатор Ленонел Паван
Површина  
 - Вкупно 95,346.181 км² ({{{површина поредок}}}.)
 - Вода (%) {{{вода}}}%
Население  
 - 2008 6,066,000 ({{{население поредок}}}.)
 - Густина 61.3/km² ({{{густина поредок}}}.)
БДП (ПКС) 2006 приб.
 - Вкупно R$ 93,173,000,000 ({{{БДП поредок}}}.)
 - По глава на жител R$ 15,638 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.)
ИЧР (2005) 0.840 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок
Валута
Часовен појас UTC {{{часовен појас}}}
НДД [[]]
Повикувачки број +

Санта Катарина (Audio file "Br-SantaCatarina.ogg" not found (изговор [ˈsɐ̃ta kataˈɾina]) е држава во јужен Бразил со еден од највисоките стандарди во земјата. Престолнина е Флоријанополис, кој претежно е расположен на островот Санта Катарина. Се граничи со Јужно Рио Гранде на југ и Парана на север. На исток е обградена од Атлантскиот Океан, и на запад се граниши со провинцијата Мисионес, Аргентина. Повеќето жители се потомци на Португалците, Германците и Италијанците коишто емигрирале овде.

Географија[уреди | уреди извор]

Санта Катарина е во доста стратегиска позиција во Меркосур, Јужно американскиот заеднички пазар.

Атлантскиот брег на државава има многу плажи, острови, заливи, и лагуни. Највисока точка е врвот Моро да Боа Вишта.

Историја[уреди | уреди извор]

Европејците дошле на Санта Катарина (остров) во 1542-ра. Португалците го зеле под контрола во 1675-та. Капетанијата Санта Катарина била создадена 1738-ма. Голем број европски емигранти, посебно од Германија, почнале да доаѓаат во почетокот на19 век. Имигранти од Италија, Полска, Русија, Украина, Јапонија и други делови на Европа дошле подоцна.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според БИГС, 2008, населението брои 6,066,000 со густина на населеност 61.53 ж./км2.

Урбанизација: 82.5% (2006); Прираст: 1.9% (1991-2000); Домаќинства: 1,836,000 (2006).[1]

Структура: 5,253,156 Бели (86.6%), 570,204 Пардо (9.4%), 218,376 Црни (3.6%), 24,264 Азијати и Домородци (0.4%).[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Индустрискиот сектро зазема најголем дел од БДП-то со 52.5%, следен од секторот за услуги со 33.9%. Земјоделието е 13.6% (2004). Санта Катарина извезува: авикултура 26.1%, дрвени производи 15.4%, памук 6.8%, и автомобили 5.8% (2002).

Удел во Бразилската економија: 4% (2005).

Центарот на Итажаи.

Статистика[уреди | уреди извор]

Автомобили: 2,489,343 (март/2007); Мобилни: 3,7 милиони (април/2007); Телефони: 1,6 милиони (април/2007). Градови: 293 (2007).[3]

Образование[уреди | уреди извор]

Федерален Универзитет Санта Катарина во Флоријанополис.

Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.

Образовни институции[уреди | уреди извор]

  • Федерален Универзитет Санта Катарина (UFSC);
  • Универзитет на регионот на Џоинвил (UNIVILLE);
  • Државен Универзитет Санта Катарина (UDESC);
  • Универзитет Јужна Санта Катарина (UNISUL);
  • Универзитет на долината Итажаи (UNIVALI);
  • Универзитет Западна Санта Катарина (Unoesc);;
  • и други.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Меѓународен аеродром Ерсилио Луз во Флоријанополис.

Меѓународен аеродром[уреди | уреди извор]

Во Флоријанополис се наоѓа Меѓународниот аеродром Ерсилио Луз за домашни и меѓународни летови. Обслужува 2,7 милиони патници на годишно ниво.

Туризам[уреди | уреди извор]

Balneário Camboriú.
Итажаи напладне.

Државав нуди голем број на предели и настани преку годината: рурален туризам, термални минерални ресорти, еколошки туризам и авантуристички спортови, историски споменици и знаменитости, религиозен туризам.

Помеѓу јули и ноември, китови го посетуваат брегот на државава. Најголемите фестивали се одржуваат во октомври. Октоберфест во Блуменау е најголемиот и втор во светот фестивал (по германскиот во Минхен).[се бара извор]

Флоријаноплис, градот остров и престолнина привлекува голем број туристи со своите 42 плажи.

Малцински јазици[уреди | уреди извор]

Малцинските јазици во Санта Катарина може да се поделат на две групи:

Автохтони јазици или Домородни јазици: Каинганг; Гуарани; други...

Екстоктони јазици или Имигрантски јазици: Германски јазик (Хунсрукшки јазик, поморски јазик); (италијански или Венециски), Украински (Украински ; други (Полски, итн.)

Поголеми градови[уреди | уреди извор]

Contestado (Контестадо) Музеј.
  1. Џоинвил
  2. Флоријанополис
  3. Блуменау
  4. Сао Жозе
  5. Крисиума
  6. Чапеко
  7. Лаџеш
  8. Итажаи
  9. Жарагва до Сул
  10. Паљока

Други поважни градови

Биди исто така и[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Извор: PNAD.
  2. (PDF) (португалски). Santa Catarina, Brazil: IBGE. 2008. ISBN 85-240-3919-1 http://www.ibge.gov.br/home/estatistica/populacao/condicaodevida/indicadoresminimos/sinteseindicsociais2008/indic_sociais2008.pdf. Посетено на 2009-01-04. Отсутно или празно |title= (help)
  3. Извор: БИГС.

Наводи[уреди | уреди извор]

Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни препратки[уреди | уреди извор]