Санос С-213

Од Википедија — слободната енциклопедија
Санос С-213

Санос С-213 (англиски: Sanos S-213) е автобус од македонско производство, од фабриката Санос од Скопје. Спаѓа во класата на градски автобуси, и е дизајниран е за градски превоз на патници.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Санос С-213 во сообраќај низ Скопје.

Моделот С-213 ги исполнува најновите европски стандарди, користи мотор од холадската фирма DAF модел Euro 3, PE 228 C. Има јачина од 228 kW (310 кс). За поголема сигурност на патниците и подобри перформанси има модерен ABS и ASR систем за кочење, како и автоматски менувач Voith D854.3 со ретардер. Автобусот има 36+1 седиште и е висок 3.073 mm, широк 2.500 mm и долг 12.000 mm. Капацитетот на резервоарот е 300 литри.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]