Санос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Санос
Sanos
Тип доо
Oснована 1946
Седиште

Скопје, Република Македонија

Скопје, Македонија
ул. 516 бр. 10
Дејност Автомобилска индустрија
Производи Автобуси, сервисирање на автобуси
Вработени 250
Подружници Unitires
Портал www.sanos.com.mk

Санос (латиница: Sanos) е компанија од Скопје, Република Македонија која произведува градски, приградски и меѓуградски автобуси, како и тролејбуси и специјални аеродромски возила.

Историја[уреди]

Фабриката е формирана во 1946 како државна фабрика под името ФАС „11-ти Октомври“ АД Скопје, иако корените на фабриката датираат уште од 1930 година кога фабриката била работилница за репарација и производство со повеќе од 30 работници. Под заштитената марка Санос, во фабриката биле произведувани сите типови на автобуси, средни автобуси, возила, специјални аеродромски возила и тролејбуси со кооперанти што успешно траело сè до 2001 година кога производството било привремено стопирано.

Во април 2004, компанијата Unitires ја купила фабриката и благодарејќи на нивното искуство во производството во авто-мото индустријата, фабриката била брзо рестартирана под новото име Фабрика за Автобуси и Возила „Санос“ (ФАВ „Санос“) и производството било обновено и модернизирано постигнувајќи квалитет кој спаѓа во рамките на најновите светски стандарди во производство на автобуси и возила.

Производство[уреди]

Производството е главно водено од софистицирана електроника што овозможува лесно управување и контрола на целиот систем. Фабриката има лиценциран договор за техничка и технолошка соработка со германската компанија Мерцедес-Бенц потпишан во 1967.

Модели[уреди]

Список на возила што се произведуваат во Санос:

Туристички возила

Мини возила

Меѓуградски возила

Возила за градски сообраќај

Капацитети[уреди]

Фабриката зафаќа површина од 142.000 m² со погони за производство и сервис, административни згради, складишта, хали и комплетна инфраструктура. Моментално во фабриката има 200 редовни работници, но при обемни порачки се вработуваат дополнителни привремени работници. Моменталното производство е 250 автобуси годишно, додека максималниот капацитет на фабриката е 1500 автобуси годишно.

Надворешни врски[уреди]