Санисајд (филм од 1919)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
SunnysideCC

Санисајд (англиски: Sunnyside) - американски филм од 1919 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е истовремено и продуцент, автор на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот, Чаплин глуми работник на една фарма во селото Санисајд. Истовремено, тој работи и во хотелот, кој го раководи сопственикот на фармата. Секое утро, уште во четири часот, тој мора да оди на работа при што настојува да ја „украде“ секоја минута. Сопственикот на фармата постојано го тепа работникот, кој мора дури и да јаде „од нога“ (на пример, шолјата за кафе ја става под вимето на кравата, кокошката ја става на тавата за да снесе јајце итн.). Во недела, додека сите одат во црквата, тој мора да ги пасе кравите, но додека тој занесено ја чита Библијата, кравите му бегаат во селото и влегуваат во куќите и во црквата. Тој влегува во црквата за да ги избрка кравите, по што излегува јавајќи една крава, но паѓа од мостот. Додека лежи без свест, работникот сонува самовили, кои играат и го канат да им се придружи.

Работникот е вљубен во селската девојка (ја игра Пурвианс), на која ѝ подарува прстен, но него не го сака нејзиниот татко. Работите се влошуваат кога еден ден, пред хотелот се случува сообраќајна незгода во која е повреден еден млад човек од градот. Тој започнува да ѝ се додоворува на девојката. За да си ја поврати својата љубена, работникот се труди да го имитира граѓанинот, но безуспешно: таа му го враќа прстенот назад. На крајот од филмот, градското момче го напушта селото, а работникот ја добива саканата девојка.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]