Сандра Наслунд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сандра Наслунд во февруари 2016

Сандра Наслунд (6 јули 1996) е шведска скијачка во слободен стил, специјализирана за скијачко трчање и за алпско скијање.[1][2] Таа е светски шампион во скијачко трчање за 2017 и 2021 година и победник на Светскиот куп, исто така во скијачко трчање во сезоната 2017-18 и севкупен победник на Светскиот куп во скијање во слободен стил според ФИС во 2017-18 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Наслунд се натпреварувала на Зимските олимписки игри 2014 за тимот на Шведска. Таа завршила на 10-то место во трката за скијачко трчање. Во првиот круг таа победила во својата дисциплина. Во четвртфиналето таа завршила како втора. Таа не успеала да го заврши својот настап во полуфиналето, завршувајќи во Б-финалето. Таму победила и во севкупниот резултат го обезбедила 5то место.[3][4]

Наслунд првиот свој настап во Светскиот куп во слободен стил го имала во март 2012 година. Во сезоната 2016-17, таа имала три искачувања на подиумот на Светскиот куп. Нејзиниот најдобар пласман во Светскиот куп во слободен стил во скијачко трчање ѝ бил второ место во сезоната 2016–17.

Таа станала првата светска шампионка на Шведска во дисциплината скијачко трчање кога го освоила Светското првенство во скијање и сноуборд ФИС 2017 година во Сиера Невада.[5]

Во текот на сезоната 2017-2018, таа ги освоила и светските купови за жени во скијачко трчање и во слободен стил во обично скијање.[6]

Резултати од Светските првенства[уреди | уреди извор]

Титули по сезона[уреди | уреди извор]

3 титули (1 севкупно, 2 скијачко трчање)

Сезона
Дисциплина
2017–18 Збирно
Скијачко трчање
2019–20 Скијачко трчање

Пласман по сезона[уреди | уреди извор]

Сезона
Возраст Вкупно Скијачко трчање Тркачки турнир на Алпите
2011–12 15 169 44 не учествувала
2012–13 16 122 26 не учествувала
2013–14 17 22 5 не учествувала
2014–15 18 89 21 не учествувала
2015–16 19 14 4 не учествувала
2016–17 20 7 2 5
2017–18 21 1 1 1
2018–19 22 4 2 1
2019–20 23 2 1 1

Победи на трки во скијачко трчање[уреди | уреди извор]

  • 17 победи
  • 42 подиуми (прво, второ или трето место)
Сезона
Датум Локација
2016–2017 година



2 победи
14 јануари 2017 година Италија Ватлс, Италија
11 февруари 2017 година Шведска Идре, Шведска
2017–2018 година



7 победи
7 декември 2017 година Франција Вал Торанс, Франција
12 декември 2017 година Швајцарија, Граубинден,Швајцарија
22 декември 2017 година Италија Иничен, Италија
13 јануари 2018 година Шведска Идре, Шведска
14 јануари 2018 година Шведска Идре, Шведска
20 јануари 2018 година Канада Накиска, Алберта, Канада
4 март 2018 година Русија Сончева долина, Русија
2018–2019 година

3 победи
22 декември 2018 година Италија Иничен, Италија
16 февруари 2019 година Германија Фелдберг, Баден-Виртемберг, Германија
17 февруари 2019 година ГерманијаФелдберг, Баден-Виртемберг, Германија
2019–2020 година

3 победи
6 декември 2019 година Франција Вал Торенс, Франција
18 јануари 2020 година Канада Накиска, Алберта, Канада
26 јануари 2020 година Шведска Идре, Шведска
2020–2021 година

2 победи
19 февруари 2021 година Австрија Рајтералм, Австрија
21 март 2021 година Швајцарија Вејсонназ, Швајцарија

Резултати од Светското првенство[уреди | уреди извор]

година
Возраст Скијачко трчање
2013 година 16 14
2015 година 18 повредена: не се натпреварувала
2017 година 20 1
2019 година 22 9
2021 година 24 1

Олимписки резултати[уреди | уреди извор]

Година
Возраст Скијачко трчање
2014 година 17 5
2018 година 21 4

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. FIS Profile – Freestyle
  2. FIS Profile – Alpine
  3. „Sports Reference Profile“. Архивирано од изворникот на 17 April 2020.
  4. „Sochi2014.com profile“. 19 March 2014. Архивирано од изворникот на 19 March 2014.
  5. Erik Nilson (18 March 2017). „Dubbla svenska VM-guld i skicross“ (Swedish). Dagens nyheter. Посетено на 19 March 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. Camilla Westin (17 March 2018). „Sandra Näslund vinner världscupen i skicross och freestylecupen“ (Swedish). Örnsköldsviks allehanda. Посетено на 17 March 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]