Сандиегов кактус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сандиегов кактус
Ferocactus viridescens 1.jpg
Научна класификација
Царство: растенија
Нерангирано: скриеносеменици
Нерангирано: евдикоти
Нерангирано: јадрени евдикоти
Ред: каранфиловидни
Семејство: кактуси
Потсемејство: кактусовидни
Племе: Кактусовидни (племе)
Род: ферокактуси
Вид: F. viridescens
Биномен назив
Ferocactus viridescens
(Тори & Греј) Бритон. & Роус
Синоними

Echinocactus viridescens

Сандиеговиот кактус (Ferocactus viridescens) е бурест кактус од видот ферокактуси.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Кактусот расте во округот Сан Диего во Калифорнија, САД. Исто така може да се најде и во Долна Калифорнија, Мексико. Во САД кактусот е под опасност за исчезнување поради губење на хабитатот, најмногу поради земјоделството и урбанизмот.

Опис[уреди | уреди извор]

Кактусот е сферичен и скоро цилиндричен. Овој кактус повеќе расте во ширина одошто висина, па така висината изнесува до 30 см. Телото е светлозелено, составено од неколку ребренца кои се прекриени со боцки. Боцките се црвенкасти кога се млади, а подоцна затемнуваат или засивуваат. Кактусот има жолти цветови. Плодот е црвен или жолт. Латинското име означува „ферокактус кој зазеленува“.[2]

Надвор од својот хабитат мора да се одгледува на температура повисока од 5 степени, застаклени простории.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ferocactus viridescens“. Црвен список на загрозени видови. Посетено на 27 February 2018.
  2. Harrison, Lorraine (2012). RHS Latin for gardeners. United Kingdom: Mitchell Beazley. стр. 224. ISBN 9781845337315.
  3. „RHS Plant Selector - Ferocactus viridescens. Посетено на 19 June 2013.[мртва врска]
  4. „AGM Plants - Ornamental“ (PDF). Royal Horticultural Society. July 2017. стр. 39. Посетено на 27 February 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]