Санде Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Санде Наков Трајковски (14 март 1919 во Татомир, Кратовско30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се занимавал со земјоделство и сточарство и тешко излегувал на крај со своето семејство. Со голем интерес го следел движењето на НОВ, па така во првите денови на септември 1944 година стапил во редовите на НОВ и тоа најнапред во Месната команда во Кратово, а подоцна и во состав на Седумнаесеттатa македонска бригада. Учествувал во борбите што ги водела Бригадата. Како борец се истакнал во многу борби укажувајќи помош и на помладите и недоволно искусни борци. По конечното ослободување на Македонија земал учество и во борбите во околината на Гнилане против балистите. Во една тешка борба, на 30 декември 1944 година, бил смртно погоден од непријателски куршум.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 57.