Санде Насков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Санде Милчев Насков ( 1918 во Скопје1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Пред да се приклучи во партизани учествувал во илегалните акции против бугарскиот фашистички окупатор. Растурал летоци со кои скопјаните се запознавале со ѕверствата на окупаторот, како и со целите и успесите на НОВ. Во составот на XV македонски корпус учествувал во ослободувањето на другите југословенски краишта. Бил учесник во големата борба при пробивот на германскиот фронт кај Шид - Товарник. При извршување на задачата како мртва стража, се судрил со непријателот при што загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 99. На |first= му недостасува |last= (help)