Самјуел Умтити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франција Самјуел Умтити
Samuel Umtiti FRA U-19.jpg
Лични податоци
Роден на 14 ноември 1993 (1993-11-14) (24 г.)
Роден во Јаунде, Камерун
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција централен бек, лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Барселона Барселона
Број 23
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2016 Олимпик Лион Олимпик Лион 131 (3)
2016- Барселона Барселона 3 (0)
Репрезентација
2012-2013 Франција Франција 20 13 (0)
2013-2014 Франција Франција 21 7 (1)
2016- Франција Франција 4 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Самјуел Умтити (роден на 14 ноември, 1993) е француски фудбалер со камерунско потекло, играч од одбраната на Барселона и на француската репрезентација. Тој може да игра на две позиции во одбраната како централен дефанзивец или лев бек.[1]

Тој истотака е поранешен репрезентативец на Франција во помладите категории до 17, 18, 19, 20 и 21 година, а од 2016 настапува за сениорската репрезентација

Кариера[уреди | уреди извор]

Умтити дошол во Лион од екипата на Менивал во 2001 година на возраст од само 8 години. Тој ги поминал сите младински категории, и во летото пред почетокот на сезоната 2011-12 бил вклучен во првиот тим на Лион добивајќи го дресот со број 23. Своето официјално деби за клубот го направил на 8 јануари 2012 во победата над Лион Душер со 3-1 во Купот на Франција.[2] Само шест дена подоцна тој дебитирал и во лигата во поразот од Монпелје со 1-0. Јумтити бил стартер и го одиграл целиот тој натпреавар. Така младиот дефанзивец го започнал пробивот во првиот тим на Лион и таа сезона ја завршил со вкупно 12 настапи во лигата од кој на 11 бил во стартната постава. Во текот на следната сезона Умтити бил уште повеќе стандарден и одиграл 26 првенствени натпревари. На 12 јануари 2012, тој го постигнал својот прв официјален погодок во неговата професионална кариера носејќи му ја победата (2-1) на Лион на гостувањето кај Троја со гол во 75-тата минута.[3]

На 30 јуни 2016, Умтити потпишал петгодишен договор со Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.[4][5]

Титули[уреди | уреди извор]

Франција Лион[уреди | уреди извор]

Шпанија Барселона[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. La défense lyonnaise a de l’avenir“, „CultureSport“, 15 ноември 2011 (посет. 8 јануари 2012 г). (на French)
  2. Lyon Duchère v. Lyon Match Report“, „L'Equipe“, 8 јануари 2012 (посет. 8 јануари 2012 г). (на French)
  3. Троја-Лион 1-2
  4. „Barcelona confirm €25m Umtiti agreement“. ESPN FC. http://www.espn.in/football/story/2904960/barcelona-confirm-25m-agreement-to-sign-lyons-samuel-umtiti. 
  5. Olympique Lyonnais Group (30 јуни 2016). "Samuel Umtiti to transfer to FC Barcelona". Соопштение за печат.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]