Самце (џонгхаг)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Положба

Самце е еден од дваесетте окрузи во Бутан. Сместено е во западниот дел на Бутан. Административниот центар и најголемиот град е истоимениот град. Површината на округот е 1725 км2 и се граничи со Индија на запад, на север и на југ,а на исток со Чукха и Хаа. Округот Самце се состои од 19 области.[1]

Историски гледано, Самце е ретко населена област. Во почетокот на дваесеттиот век, голем број на Напалци се преселиле во оваа област за да помогнат во уништувањето на шумите. Поради растот на населението, според весникот „Кјунсел“, имало недостиг на простор за живеење.

Во оваа област исто така живеат и луѓето од народот Лопи, кои во цел Бутан ги има околу 2.500. Самците биле познати по тоа што во нив управувале семејството Гуруг Кази од раниот дваесетти век до 1960-тите години.

Јазици[уреди | уреди извор]

Доминантен јазик во областа е непалски, што го зборува заедницата Лоцампа. Ѕонгка е јазик кој во поголемиот дел од државите се зборува во источниот дел на областа. Самце е исто така дом на некои од автохтоните заедници во Бутан кои датираат од доаѓањето на луѓето, и зборуваат непалски и ѕонгка јазик. Во североисточниот дел на Самце 2.000 луѓе зборуваат Лепча јазик, и по должината на границата со џонгкхагом Чуха 2.500 луѓе зборуваат Локпу јазик.

Економија и едукација[уреди | уреди извор]

Областа има природни богатсктва, како што се рудите талк, доломит и други кои се извезуваат. Исто така, постојат голем број на индустриски и производствени единици. Кардамонот и портокалите се најчестите парични култури, иако земјоделците исто така се вклучени во земјоделството. Самце е познат како регион кој прв го развива кардамомот во Бутан.

Во Самце се наоѓа факултет, кој е оддел од Кралскиот универзитет во Бутан .

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Chiwogs in Samtse“ (PDF). Election Commission, Government of Bhutan. 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 октомври 2011. Посетено на 23.4-2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]