Самуел Санчес

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Самуел Санчез)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Самуел Санчес
Санчес на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело име Самуел Санчес Гонзалез
Прекар Саму, Сами
Роден 5 февруари 1978 (1978-02-05) (воз. 40 г.)
Овиедо,  Шпанија
Висина 1,81 м
Маса 68 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Привремено суспендиран
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2000–2013
2014–2017
Еускалтел-Еускади
БМЦ Рејсинг Тим
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Jersey polkadot.svg Планински пласман (2011)
1 индивидуална етапа (2011)
Вуелта а Еспања
5 индивидуални етапи (2005, 2006, 2007)

Етапни трки

Вуелта а Бургос (2010)
Трка околу Баскија (2012)

Еднодневни трки и класици

Gold medal.svg Олимписка друмска трка (2008)
Цири-Мецгете (2006)
Ескалада а Монхуик (2004, 2005)
ГП Лодио (2009)
ГП Мигел Индуран (2011)
Класика Примавера (2010)
Последна промена
8 јануари 2018

Самуел „Сами“ Санчес Гонзалез[1] (шпански: Samuel "Sammy" Sánchez González; р. 5 февруари 1978 во Овиедо, Астурија) — шпански професионален друмски велосипедист, привремено суспендиран поради позитивен допинг-тест.

Тој бил освојувач на златен медал на машката друмска трка на олимпијадата во Пекинг. Во минатите години, Санчес се докажал себеси во ридските класици и етапните трки, како еден од најважните возачи во главната група. Исто така, тој е еден од најдобрите спустачи во групата. Завршил помеѓу најдобрите шест на Тур де Франс три пати и во најдобрите десет на Вуелта а Еспања шест пати. Други познати резултати се победата на Вуелта а Бургос во 2010 година, Трката околу Баскија во 2012 година и пет етапи на Вуелта а Еспања.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ја започнал неговата професионална кариера во 2000 година во шпанската екипа Еускалтел-Еускади и сè уште вози за таа екипа.[2]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Во 2003, Санчес завршил шести на Лиеж-Бастон-Лиеж и трет во генералниот пласман на Трката околу Баскија. Следната година, бил четврти на Лиеж-Бастон-Лиеж и 15. во генералниот пласман на неговиот прв Вуелта а Еспања. Ја постигнал неговата прва голема победа во 2005, кога победил на 13. етапа на Вуелта а Еспања, завршувајќи 11. во генералниот пласман. Откако победникот Роберто Херас бил позитивен на резултатите за допинг, Санчес бил преместен на десеттото место.

2006[уреди | уреди извор]

Во 2006, Санчес додал две етапни победи на Вуелта ал Паис Васко и второ место на стрмното завршно искачување на белгискиот пролетен класик Флеш Валон. Санчес освоил две етапи на Трката околу Баскија. Завршил 4. во генералниот пласман во Париз-Ница, освојувајќи го и бодовниот пласман. На Вуелта а Еспања ја освоил 13. етапа (како и претходната година) со смел напад во делот со спуст и завршил седми во генералниот пласман. На светските првенства во австрискиот град Салцбург, Санчес одиграл голем дел од создавањето на одлучувачката предност во последниот километар за неговиот водач Алехандро Валверде. Самиот Санчес завршил четврти зад Паоло Бетини, Ерик Забел и Валверде. Една недела подоцна го освоил Цири-Мецгете, неговиот прв класик. Со 12 преостанати километри, тој нападнал сам во Цирих со пола минути пред Стјуарт О’Грејди и Давиде Ребелин.[3] Две недели подоцна завршил втор на Џиро ди Ломбардија и го обезбедил неговото второ место во крајниот пласман во UCI ProTour.

2007[уреди | уреди извор]

Санчес на Еускал Бициклета 2007

Следната сезона Санчес започнал со деветто место на Париз-Ница и го освоил последниот хронометар на Вуелта ал Паис Васко, завршувајќи трет во генералниот пласман. По сезоната на класици без победа, Санчес ја освоил последната етапа на Волта а Каталуња. На Вуелта а Еспања ја освоил 15. етапа пред Мануел Белтран, откако нападнал во Алто де Монахил, покажувајќи ги неговите вештини за брз спуст, со што го достигнал Белтран во Гранада. Белтран побарал од Санчес да го пушти да победи, но возачот на Еускалтел одбил да му пружи такво задоволство, бидејќи сакал оваа победа да ја посвети на неговиот син, кој се очекувал да биде роден во март 2008. Санчес имал предност од неколку метри и ја достигнал линијата на целта со гест како држи бебе во рацете.[4] Исто така, ја освоил и последната планинска етапа до Алто де Абантос и последниот хронометар, дозволувајќи му да биде на третото место во генералниот пласман.[5] Ова значи дека станал прв возач на Еускалтел-Еускади, кој доспеал на подиу во трка од Гранд Тур.

2008[уреди | уреди извор]

Санчес возел на Тур де Франс за првпат и завршил шести во генералниот пласман.

На 9 август 2008, Санчес ја освоил олимписката друмска трка со 90% влажност на воздухот и смог, трка во која двапати се возел секој круг низ камени порти на Кинескиот Ѕид. На околу четвртина од патот на трката, се одвоила група од 26 возачи од главната група, кои имале шанси да победат, но Санчес не бил еден од нив.

Санчес и неговиот шпански сонародник, заедно со силна помош од Италијанците и Русите, ја повеле главната група напред и ги достигнале побегнатите членови; и на преостанати 20 километри, Санчес и група од двајца побегнати возачи отишле напред, единствено биле достигнати од швајцарскиот возач Фабијан Канчелара, Русинот Александар Колобнев и Австралиецот Мајкл Роџерс. По спринтерската завршница од шест возачи, која водела на стрмнина до камената порта на Ѕидот за последен пат, Санчес завршил едно тркало пред Италијанецот Давиде Ребелин во борбата за златниот медал, при што Канчелара ја земал бронзата.[6][7]

2009[уреди | уреди извор]

Санчес го освоил ГП Лодио. Тој бил трет во генералниот пласман на Трката околу Баскија, освојувајќи го бодовниот пласман. Завршил втор зад Алехандро Валверде на Вуелта а Еспања, негов втор подиум на трката. Исто така, Санчес завршил втор на Џиро ди Ломбардија, откако бил престигнат од Филип Жилбер, кој нападнал на последното искачување. Двоецот соработувал заедно до последниот километар со цел да се оддалечат од групата во текот на спустот, но Санчес изгубил во спринтот за половина тркало.[8]

2010[уреди | уреди извор]

Санчес бил прв во генералниот пласман на Вуелта а Бургос, каде освоил и две етапи и бодовниот пласман. Исто така, победил и на Трката околу Баскија (притоа, повторно освојувајќи го бодовниот пласман и на оваа трка). Санчес се појавил со добра форма на Тур де Франс, каде завршил четврти во генералниот пласман[9] (откако го изгубил подиумот од Денис Мењшов на последниот хронометар[10]).

2011[уреди | уреди извор]

Санчес бил меѓу фаворитите на Тур де Франс 2011, но серијата на падови во првата недела се одразила на него во генералниот пласман, како трката влегла на Пиринеите. На етапата 12, првата завршница на етапа на врв на трката, Санчес ги нападнал кандидатите за генерален пласман на последното искачување, ја победил етапата и повратил некое време. Изменетиот систем на бодување за планинскиот пласман, исто така значел дека Санчес ја презема точкастата маичка.[11] Меѓутоа, Жереми Роа ја презел маичката следниот ден. На етапата 14, следната цел на врв, Санчес повторно ги нападнал кандидатите за генерален пласман и завршил втор на етапата, со што станал шести во генералниот пласман.[12] Тој се поместил на петтото место на етапата 16, бидејќи тој, Кедел Еванс и Алберто Контадор добиле време пред другите фаворитите по бегството во Гап.[13] Меѓутоа, на етапата 18, Санчес загубил време на Кол ду Галибие и паднал на осмото место во генералниот пласман.[14] Иако на следната етапа, тој и Контадор нападнале на Алп д‘Ез, сепак Санчес завршил втор зад Пјер Ролан.[15] Овој резултат го поместил него на седмото место и всушност значело дека го освоил планинскиот пласман, бидејќи повеќе немало ридско-планински етапи до крајот на трката. Санчес се придвижил напред пред Дамијано Кунего во последниот хронометар, со што завршил на шестото место на Тур де Франс и победник во планинскиот пласман.[16]

2012[уреди | уреди извор]

Во 2012, Санчес се насочил кон Тур де Франс и Олимписките игри. Ја започнал сезоната во добра форма, кога победил на Трката околу Баскија. Ја освоил етапата 3, која била сметана како кралска етапа на трката, достигнувајќи ги Хоаким Родригез и Крис Хорнер на последното искачување на етапата.[17] Потоа, повторно успеал на шестата и последна етапа, индивидуален хронометар, кој се одржал во Оњати. Ја преземал водечката маичка од Родригез и го освоил генералниот пласман со предност од 12 секунди пред возачот на Катјуша.[18] Меѓутоа, имал лоша среќа на осмата етапа на Тур де Франс, кога доживеал тежок пад по изминати 60 километри од трката. Санчес бил приморан да ја напушти трката поради бројните повреди, скршено коска на прст и лоши модрици на грбот и рамената.[19][20]

2013[уреди | уреди извор]

Во 2013, Санчес целел на Џиро д’Италија. Меѓутоа, успеал да заврши само на 12. место во генералниот пласман, иако сè уште се опоравувал од повредата во текот на последните изданија на Тур де Франс. По Џиро, Санчес ја освоил шестата етапа на Критериум ду Дофине, откако го претекнал Јакоб Фуглсанг.

2014[уреди | уреди извор]

Самуел Санчес се искачува на Кауберг кон крајот на Амстел Голд Рејс 2014

По распаѓањето на екипата Еускалтел, Санчес и многу поранешни возачи на екипата се соочиле со потешкотии за потпишување на нови договори за сезоната 2014. Меѓутоа, на 2 февруари било објавено дека Санчес ќе вози за екипата БМЦ Рејсинг Тим.[21] Арденските класици заедно со големите трки биле негова главна цел.[22] По возењето на Џиро д’Италија како поддршка на Кедел Еванс, Санчес ја предводел екипата БМЦ Рејсинг Тим на Вуелта а Еспања, каде завршил шести.[23] Не бил избран од селекторот Хавиер Мингез за Светските првенства во Понферада и бил вознемирен поради тоа.[24]

2015[уреди | уреди извор]

Во јануари 2015 година, БМЦ објавил дека го обновиле договорот со Санчес за сезоната 2015. Спортскиот директор на екипата, Алан Пајпер изјавил дека улогата на Санчес во екипата ќе биде слична на таа во 2014 година, со поголем фокус на поддржување и развивање на помладите возачи во екипата.[25]

2016[уреди | уреди извор]

Во првите месеци на 2016 година, Санчес имал подобри резултати отколку претходните години во БМЦ, поради што неговиот договор бил продолжен до крајот на 2017 година.[26] Санчес возел на Вуелта а Еспања, но паднал на завршниот хронометар.[27]

2017[уреди | уреди извор]

На Трката околу Баскија, Санчес бил близу етапна победа, но паднал и се повредил; оваа повреда го оневозможила да настапува во првата половина на годината. Кога бил запрашан дали размислува за пензионирање, Санчес одговорил сепак сѐ уште не знае што сака и дека ќе чека до Вуелта а Еспања.[27] Меѓутоа, неколку дена пред Вуелта, Санчес бил најден со позитивен допинг-тест спроведен надвор од трките, поради што бил привремено суспендиран и не му било овозможено да започне да вози.[28]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2000
2. Тро Бро Леон
2003
2. Краен пласман Тур ди Хаут Вар
3. Краен пласман Трка околу Баскија
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
2004
1. Ескалада а Монхуик
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
2005
1. Ескалада а Монхуик
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 13
2006
Трка околу Баскија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Цири-Мецгете
1. Етапа 3 Вуелта а Астурија
2. Џиро ди Ломбардија
2. Флеш Валон
4. Светско друмско првенство
4. Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 13
2007
1. Етапа 7 Волта а Каталуња
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 15
1. Етапа 19
1. Етапа 20 (ITT)
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 6
3. Џиро ди Ломбардија
2008
1. Gold medal.svg Олимписка друмска трка
1. Етапа 2b Вуелта а Астурија
6. Краен пласман Тур де Франс
2009
1. ГП Лодио
2. Краен пласман Вуелта а Еспања
2. Џиро ди Ломбардија
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
4. Флеш Валон
4. Светско друмско првенство
2010
1. Класика Примавера
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 4 Трка околу Баскија
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
3. Краен пласман Тур де Франс
4. Краен пласман Париз-Ница
6. Џиро ди Ломбардија
9. Класика де Сан Себастијан
3. Критериум Чихуахуа
2011
1. ГП Мигел Индуран
3. Флеш Валон
5. Краен пласман Париз-Ница
5. Краен пласман Тур де Франс
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Етапа 12
6. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 1
2012
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 3
1. Етапа 6 (ITT)
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
2. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 6
2. Џиро ди Ломбардија
7. Амстел Голд Рејс
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
2013
8. Краен пласман Вуелта а Бургос
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Критериум ду Дофине
1. Етапа 7
2014
5. Џиро ди Ломбардија
6. Краен пласман Вуелта а Еспања
2015
1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
1. Етапа 9 (ТТТ) Тур де Франс
2. Краен пласман Тур де Јоркшир
2016
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
6. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
6. Флеш Валон
6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2017
1. Етапа 2 (ТТТ) Волта а Каталуња

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 17 12 24
Jersey yellow.svg Тур СО СО 6 2 5 СО 12
Jersey red.svg Вуелта 15 10 7 3 2 8 6 СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ник, Леган (14 јули 2009). „Tour de France Pro Bike: Stage 12 winner Sammy Sanchez’s Olympic champ bike“. VeloNews. Competitor Group, Inc.. http://velonews.competitor.com/2011/07/tour-de-france/tour-de-france-pro-bike-stage-12-winner-sammy-sanchezs-olympic-champ-bike_183947. посет. 24 април 2011 г. 
  2. Урабуру, Бенито. „Euskaltel ya tiene completo su equipo para 2013 con diez nuevos fichajes“, „El Diario Vasco“, Grupo Vocento, 21 октомври 2012 (посет. 5 јануари 2013 г). (на шпански)
  3. www.cyclingnews.com ви го претставува 93. Цири-Мецгете - Првенство на Цирих
  4. Самуел Санчес ја освоил 15. етапа на шпанската Вуелта
  5. www.cyclingnews.com ви го претставува 62. издание на Вуелта а Еспања
  6. „Олимписки игри, машка друмска трка“. BikeRadar. http://www.bikeradar.com/racing/racestage/report/29th-olympic-games-mens-road-race-379/. посет. 4 април 2012 г. 
  7. „Санчес го освоил златото за Шпанија“. Nowpublic.com. http://www.nowpublic.com/sports/sanchez-wins-cycling-gold-spain. посет. 4 април 2012 г. 
  8. Шејн Стоукс. „Жилбер триумфира во Ломбардија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 октомври 2009 (посет. 19 септември 2012 г).
  9. „Тур де Франс - 2010“. Letour.fr. 1 декември 1994. http://www.letour.fr/2010/TDF/LIVE/us/2000/classement/index.html. посет. 4 април 2012 г. 
  10. „Мењшов е трет на Тур де Франс“. The Moscow News. 29 јули 2010. http://www.themoscownews.com/sports/20100729/187958316.html. посет. 4 април 2012 г. 
  11. „ББС Спорт - Тур де Франс 2011: Санчес ја освоил етапата 12“. BBC News. 14 јули 2011. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/cycling/14159805.stm. посет. 4 април 2012 г. 
  12. by Simon_MacMichael on July 16, 2011 - 16:27 (16 јули 2011). „Тур де Франс, Етапа 14: Ванендерт победи на Плато де Бел пред фаворитите“. road.cc. http://road.cc/content/news/38970-tour-de-france-stage-14-vanendert-wins-plateau-de-beille-amid-gc-stalemate. посет. 4 април 2012 г. 
  13. [1]
  14. „Pro Cycling News“. Daily Peloton. 21 јули 2011. http://www.dailypeloton.com/displayarticle.asp?pk=19062. посет. 4 април 2012 г. 
  15. „ББС Спорт - Тур де Франс: Енди Шлек ја зема жолтата маичка на етапата 19“. BBC News. 22 јули 2011. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/cycling/14253301.stm. посет. 4 април 2012 г. 
  16. [2]
  17. Самуел Санчес ја освои кралската етапа и жолтата маичка на Трката околу Баскија“, „The Epoch Times“, 4 април 2012 (посет. 15 декември 2012 г).
  18. Санчес победи на хронометарот и ја освои Баскија“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 7 април 2012 (посет. 15 декември 2012 2012 г).
  19. Fotheringham, Alasdair. „Sánchez recounts tale of broken finger and broken Tour dreams“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 јули 2012 (посет. 9 јули 2012 г).
  20. Фотерингам, Аласдер. „Самуел Санчес се повлекол од Тур де Франс“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 јули 2012 (посет. 8 јули 2012 г).
  21. Самуел Санчес му се приклучува на БМЦ Рејсинг за 2014“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 2 февруари 2014 (посет. 2 февруари 2014 г).
  22. БМЦ потпиша со Самуел Санчес“, „Cycling News“.
  23. Контадор ја запечатил победата на Вуелта а Еспања 2014“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 14 септември 2014 (посет. 14 септември 2014 г).
  24. Санчес лут откако не бил избран за Светските првенства“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 23 септември 2014 (посет. 23 септември 2014 г).
  25. „БМЦ повторно потпиша со Самуел Санчес“. 23 јануари 2015. http://www.cyclingnews.com/news/bmc-re-signs-samuel-sanchez. посет. 24 јануари 2015 г. 
  26. „Sammy Sanchez extends with BMC Racing“. Cyclingnews. 19 мај 2016. http://www.cyclingnews.com/news/sammy-sanchez-extends-with-bmc-racing/. посет. 20 август 2017 г. 
  27. 27,0 27,1 Фотерингем, Аласдер (3 август 2017). „Samuel Sanchez holding off retirement decision until Vuelta a Espana“. Cyclingnews. http://www.cyclingnews.com/news/samuel-sanchez-holding-off-retirement-decision-until-vuelta-a-espana/. посет. 20 август 2017 г. 
  28. „Samuel Sanchez tests positive in out-of-competition control“. Cyclingnews. 17 август 2017. http://www.cyclingnews.com/news/samuel-sanchez-tests-positive-in-out-of-competition-control/. посет. 20 август 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]