Самофинансирање

Од Википедија — слободната енциклопедија

Самофинансирање е финансирање кое деловните субјекти го вршат од сопствени извори на средства.[1]

Внатрешни извори на самофинансирање[уреди | уреди извор]

Внатрешни извори на самофинансирање се оние кои деловниот субјект како самостоен правен субјект ги создава во работењето било со амортизација на основните средства и долгорочните пласмани, со долгорочни резервирања, или со акумулирана нето-добивка за себе .

  • Амортизацијата e економска појава со која се изразуваат трошоците на основните средства во процесот на репродукција.
  • Наплата на главицата на долгорочни пласмани e деловниот субјект, понекогаш, кога има вишок на финансиски средства на жиро-сметката може тој вишок да го пласира, да го позајми на рок подолг од една година со камата.[2]
  • Акумулирана нето-добивка е нето финансиски резултат што деловниот субјект го остварил во текот на деловната година. При акумулирање на целокупната нето-добивка за зголемување на сопствениот капитал,нето-добивката во целост претставува извор на самофинансирање. Нето-добивката се распределува, само оној дел од нето-добивката што го акумулира за финансирање на растот и развојот, било за резервен капитал, претставува извор на самофинансирање.[3]

Надворшени извори на самофинансирање[уреди | уреди извор]

Надворшени извори на самофинансирање - правни и физички субјекти коишто обезбедуваат средства за финансирање на деловните субјекти, а нивниот домицил е вон претпријатието.[4]

  • Емисија на акции е чин на финансирање на деловниот субјект, така што, од една страна, се јавуваат акционери а од друга страна се јавува деловен субјект.На стопанскиот субјект му се потребни финансиски средства и врши емисија на акции. На ваков начин финансиските средства од акционерите доаѓаат на жиро-сметката на деловниот субјект.
  • Трајните влогови од трети лица се наоѓаат најголема примена во претпријатијата што не се акционерски т.е еден вид на ортачки претпријатија во кои две физички лица воспоставуваат ортачки однос и вложуваат свои средства било како основен капитал, било како капитал што ќе го потикнат развојот.
  • Вложувања на капитал од сопствениците на инокосни претпријатија се јавува кај инокосните претпријатија т.е кај кои сопственик е поединец.
  • Продажба на долгорочни обврзници [1] над номиналната вредност е кога претпријатието може да купи акции по номинална вредност, а да ги продава по продажна т.е повисока вредност.Разликата меѓу номиналната и продажната вредност на обврзниците претставува извор на самофинансирање.

Предности на самофинансирањето[уреди | уреди извор]

  • бесплатен облик на финансирање
  • доказ за кредитна способност;
  • поголема финансиска независност и флексибилност .

Недостатоци на самофинансирањето[уреди | уреди извор]

  • тешкотијата која настанува при покривањето на краткорочните и долгорочните потреби на деловните субјекти со парични средства кои можат да се обезбедат по пат на самофинансирање;
  • финансиските средства од изворите на самофинансирање се поекономични од туѓите извори на средства а со тоа можат да бидат вложени и во помалку рентабилни проекти, што не е оправдано за развојот на земјата;
  • порастот на цената на производите и услугите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Б.Трајкоски, Деловни финансии со финансиски менаџмент, Прилеп 2002 година
  2. Б.Трајкоски,Деловни финансии со финансиски менаџмент ,Прилеп 2002 година , стр 260
  3. Б.Трајкоски,Деловни финансии со финансиски менаџмент ,Прилеп 2002 година , стр 261
  4. Б.Трајкоски,Деловни финансии со финансиски менаџмент ,Прилеп 2002 година , стр 262