Самоиспитување на дојки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Самоиспитување на дојки
Медицинска процедура
MeSHD016504
MedlinePlus001993

Самоиспитувањето на дојките (СИД) е метод преку кој се наоѓаат абнормалностите на дојките. Методот вклучува преглед со гледање и чувствуваење на можните неправилности или испупчувања. Ако се прави соодветно и прописно СИД може да помогне во раното дијагностицирање на некои типови на рак на дојки, иако не би требало целосно да ги замени методите со снимање (како што е мамогарфијата) кои се покажаа како ефективни.

Како да направите СИД[уреди | уреди извор]

Самоиспитувањето се извршува додека жената стои пред огледало со истакнато торзо за да може да се забележат промените на дојките. Жената ги гледа видливите знаци на вдлабнатини, испапчувања или зацрвенетост на дојките или блиску до нив. Ова обично се повторува во неколку позиции, како на пример со рацете поставени на колковите, и потоа повторно со рацете на главата. Тогаш жената треба да ги палпира своите дојки со врвот на прстите за да почувствува дали има грутки (без разлика дали се наоѓаат површно или подлабоко во ткивото) или чувствителност. За да биде ефективен, овој процес мора да се изврши на целосната површина на дојките, вклучувајки ја “пазувната опашка” на дојките кој се протега до пазувата. Ова обично се прави еднаш додека стоите пред огледало и уште еднаш додека лежите. Некои упатства предлагаат да си замислите поделба на дојките на четири квадрати и да го проверите секој квадрат одделно. На крајот, жените кои не дојат треба нежно да ја притиснат секоја брадавица за да се види дали има исцедок.

Методот на Седум П[уреди | уреди извор]

Сличен метод на самоиспитувањето е познат како метод на Седум П на дојките 1. ‘’’Позиција’’’: Визуелно се прегледуваат дојките и се палпираат пред огледалото со рацете поставени во различни позиции. Потоа прегледот се прави во лежечка положба, прво со перница под едното рамо и на крајот лежејќи на рамна површина. 2. ‘’’Периметар’’’: Дојките се испитуваат целосно, вклучувајќи ги и брадавиците и пазуваната опашка која што се протега до пазувата, и блиску до лимфните јазли. 3. ‘’’Палпација’’’: Се напипува со врвовите на прстите, без подигање на прстите движејќи ги околу дојките. 4. ‘’’Притисок’’’: Прво се палпира со благ притисок, потоа се прави истото со умерен притисок и на крајот се палпира со силен притисок. 5. ‘’’Начини’’’: Постојат неколку начини на испитување, и секоја жена треба да го избере оној кој е најсоодветен за неа. Испитувањето при кое жената стои вертикално и се соблекува вклучува движење на прстите нагоре и надолу на дојките. Друг начин започнува од брадавиците и се движи нанадвор. Циркуларниот начин вклучува движење на прстите во концентрични кругови од брадавицата нанадвор. Не заборавајте да напипате во пазувите. 6. ‘’’Практика’’’: Практикувајте го самоиспитувањето на дојките и приближете му се на чувството на ткивото на дојките, за да можете да ги препознаете промените. Здравствениот работник може да ви даде совет за вашиот преглед. 7. ‘’’План’’’: Знаете што треба да направите ако се сомневате дека постојат некакви промени во ткивото на вашите дојки. Ја знаете вашата семејна историја на рак на дојка. Дали правите мамографија толку често колку што вашиот здравствен работник ви препорачал. Кај пременопаузалните жени, СИД најдобро е да се прави во истата фаза од нивниот период секој месец за да се минимализираат промените кои се должат на менструалниот циклус. Времето кое се препорачува е веднаш по завршувањето на последниот период кога најмали се шансите дојките да бидат набрекнати и осетливи. Постарите, менопаузални жени треба да направат СИД еднаш месечно, најверојатно во првиот или последниот ден од месецот.

Ограничувања[уреди | уреди извор]

Околу осум од десет грутки откриени со СИД се безопасни. Сепак за секоја абнормалност која е забележана треба прописно да се извести лекарот. Бидејќи от на дојка најчесто се јавува кај жените, СИД терба да се комбинира со годишен преглед од доктор за полесно да се откријат промените. Жените лесно можат да не забележат грутка која лекарот би ја пронашол. Од истите причини подобро е да се научи процедурата на СИД од експерт. СИД не е замена за поверодостојните техники како мамографија или испитување со употреба на магнетна резонанца.