СамоКажувам

Од Википедија — слободната енциклопедија
  1. СамоКажувам
Жанрвеб серија
драма
комедија
Создадена одЈелена Гавриловиќ
УлогиМилена Станиќ
Младен Совиј
Ана Мандиќ
Ана Стојановска
Давор Голубовиќ
Бујар Ахмети
Јелена Асановиќ
Стефан Ѓорѓевиќ
Младен Андрејевиќ
Драгана Мирковиќ (cameo)
Земја на потеклоСрбија
Првичен јазиксрпскохрватски, македонски, албански, англиски
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди26
Производство
Извршен продуцент(и)TunaFish Studio
Времетраење5-7
Продукциска куќаFond B92
Прикажување
Првично прикажување7 ноември 2013.
Надворешни врски
Мрежна страницаsamokazem.org

#СамоКажувам е прва балканска веб серија за тинејџери која ги следи односите на неколкумина млади луѓе од различни земји. Серијата се емитува исклучиво на интернет – на официјалниот Youtube канал, на официјалната Facebook страница и на мрежното место samokažem.org. Секоја веб-епизода е со превод на српскохрватски, македонски, албански и англиски јазик.

Првата сезона започна да се емитува на 7 ноември 2013. година. Со состои од 26 пет минутни веб-епизоди кои се објавуваат секој понеделник и четврток во 22 часот. Продуцент на серијата е Fond B92, а извршен продуцент TunaFish Studio.[1]

Приказна[уреди | уреди извор]

Приказната е за едно (не)обично лето во животот на неколку девојки и момчиња.[1] Доаѓаат од различни земји што се граничат една со друга, но жителите на тие земји ретко и не со драга волја ги поминуваат тие граници. Зборуваат на различни јазици, а одлично се разбираат. Имаат исти соништа и стравови, но досега немале можност да разговараат за тоа. Се запознаваат случајно, така некако и стануваат екипа.[2]

Ликови[уреди | уреди извор]

На официјалното мрежно место се опишани ликовите на серијата:

Јована (17) е најмлада во екипата. Убедена е дека е многу позрела од своите врсници. Сè досега била обична белградска гимназијалка. Но, ова лето, додека нејзиното момче е во Канада, нејзиниот свет се менува.

Милош (21) е белградски блеач. Времето го поминува на YT, a и самиот е автор на некои видеа. Неговиот живот се состои од забава и сурфање. Сето друго е премногу здодевно, за човек да се занимава со тоа. Тоа ја нервира неговата помлада сестра Јована.

Маја (19) е малото татино девојче. Побегнала од Котор, од таткото и малата средина, за да живее во Белград и да стане независна жена. Тато и понатаму ги плаќа сите сметки, ѝ изнајмува огромен стан во центарот на градот и ѝ испраќа ненормално голем џепарлак.

Секогаш добро расположена, насмеана и оптимистична, Александра (19) е девојка која сака забава. Сака да стане глумица, да се пресели од Скопје во Холивуд, да биде ѕвезда и да ја воодушевува публиката шетајќи по патеката на славните!

If life gives you lemons/ако животот ви дава лимони - правете лимонада. Зоран (21) нема лимон, но го има таксито на татко му и амбиција да купи нов iPhone. Но цените на пивото во Белград го спречуваат во тоа. А, покрај тоа – не знае ни каде припаѓа.

Дрен (20) е тој кој стои настрана во екипата, главно поради тоа што не го знае јазикот на кој екипата се разбира меѓу себе. Заради љубов се впушта во голема авантура и првпат во животот доаѓа во градот за којшто слушнал сè најлошо. Пред него се вистински предизвици, но и некои интересни откритија.

Милена (21) е романтична душа која секогаш и на сите им сака сè најдобро. Од Куршумлија се преселила во Белград и сигурноста на малото место и родителската куќа ја заменила за животот во не секогаш пријателски настроениот град. Веќе неколку месеци е на пракса во болница, како медицинска сестра. Сака сè што сакаат младите, а особено хороскоп.

Смирен и секогаш насмеан, Марко (21) е оптимистот во екипата. Живее во Бор, и најмногу од сè сака да патува. Сеедно дали куферите ги пакува за пат до Лозана или до Лозница, важно е некаде да се патува. На Сребреното езеро издава педалини, за да има џепарлак.

Како и многу други, и Душан (51), таткото на Зоран, за време на војната во 1990-те, морал да си замине од градот во кој е роден. Од Сараево дошол во Белград, работел разни работи за да ја издржува фамилијата – препродавал на пазар, бил ноќен чувар, поправал бела техника. .. Кога собрал доволно пари, купил кола и почнал да вози такси. Разведен е. Баш му недостасува син му, бидејќи го гледа само преку лето – другиот дел од годината Зоран живее со мајка му во Сараево.

Продукција[уреди | уреди извор]

Кастингот за серијата #СамоКажувам е правен неколку месеци во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и на Косово. Уште на самиот почеток, креативниот тим одлучи во серијата да играат млади глумци, а не аматери, како што беше една од првичните идеи.

За поголем дел од учесниците во продукцијата ова е прв сериозен професионален проект – од многу младите глумци до режисерката Јелена Гавриловиќ, апсолвентка на филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Супервизори на серијата беа некои од клучните креативци на сегашната српска сцена, меѓу кои се Борис Миљковиќ, Ѓорѓе Марковиќ и Коста Глушица, кои со своето искуство ги даваа главните насоки. Истовремено, тие уживаа во креативниот израз на новата генерација на која и овозможија да реализира и да остави свој тон, како и да не запознае со своите желби, стравови, цели и својата реалност.

Серијата е снимана на голем број локации низ Белград, но и во Сараево, Котор, Призрен, Нови Сад, на Ада Бојана и Сребреното езеро.

Промоција[уреди | уреди извор]

Популарните страници на вебсеријата #СамоКажувам на друштвените мрежи Facebook, Twitter, YouTube, SoundCloud и Instagram на гледачите им овозможуваат да влезат во интеракција со серијата и со другите обожаватели.

Покрај тоа, главните ликови во серијата имаат и свој профил на друштвените мрежи каде секојдневно откриваат нешто повеќе за себе – која музика ја слушаат, кои филмови ги гледаат, што читаат, на што се радуваат. Остварувајќи меѓусебна интеракција ликовите се продлабочуваат, се збогатуваат и стануваат поблиски со публиката. Интеракцијата на ликовите се случува и со публиката, која има можност да коментира, лајкува и споделува материјал кој ликовите на вебсеријата #СамоКажувам секојдневно го споделуваат со својата заедница.

Музика[уреди | уреди извор]

Возбудливиот саундтрак се движи во распон од Voodoo Popeye до Stray Dogga, од Владо Георгиевски до Prti Bee Geea.[3] Во описот на секоја вебизода може да се најдат насловите на песните кои се слушаат во серијата, а поголем дел од нумерите може да се слушнат на службениот SoundCloud канал на серијата.

Посетеност[уреди | уреди извор]

Во првите 40 денови, во период во којшто се објавени десет веб-епизоди, на YouTube каналот забележани се околу 150.000 прегледи, додека Facebook страната ја лајкуваа повеќе од 10.000 луѓе. Во август 2014год. YouTube каналот има повеќе од 700.000 прегледи.

Објавувањето на серијата беше поздравено од многу медиуми, а квалитето на продукцијата потврден со признанија. Во февруари 2014год. серијата ја освои „Satelit“ наградата во категорија на кратки форми;[4] Еден месец подоцна серијата е наградена на LAWEBFEST во две категории: дир, фотографија и главна женска улога;[5] во април истата година серијата е прогласена за добитник на официјален Webby лауреат во категорија Online Film&Video, поткатегорија: Драма- дога форма или серија;[6] во истиот период серијата е наградена со златен медалјон на Светскиот медиску фестива во Хамбург; потоа на B.A.N.F светскиот медиумски фестивал ја номинираше серијата за наградата Роки;[7] на Melburn web fest серијата влезе во официјалната селекција.[8]

Ре:Генерација[уреди | уреди извор]

Веб серијата #СамоКажувам е дел од Ре: Генерација.

Ре: Генерација е простор за младите од целиот регион, што им овозможува да зборуваат за себе и своите желби, проблеми, надежи и стравови, за пријателите и родителите, за училиштето и работата, за блеењето и спиењето, за начинот на кој го поминуваат времето, за начинот на кој се забавуваат, за времето, за фудбалот, кошарката и ватерполото, за патувањата на кои биле и за оние на кои би сакале да одат, за омилените серии и за тоа што најмногу ги нервира во животот.

Истовремено, Ре: Генерација е простор кој им овозможува да слушнат што имаат да кажат нивните врсници од соседните земји, да се запознаат едни со други, да видат во што се слични, а во што се разликуваат. Тука може и да прочитаат, видат и слушнат интересни иницијативи од регионот и светот и со заедницата на Ре: Генерација да ги споделат своите идеи во креативното решавање на локалните проблеми и креативниот социјален ангажман.

Ре: Генерација може да се следи на мрежното место www.samokazem.org.[9]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Официјално мрежно место Архивирано на 7 мај 2014 г.
  2. #СамоКажувам Youtube
  3. #СамоКажувам Facebook
  4. #СамоКажувам Twitter
  5. #СамоКажувам Soundcloud
  6. #СамоКажувам Instagram

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 SamoKažem - prva web serija za tinejdžere u ex-YU Архивирано на 21 декември 2013 г., B92, 1 ноември 2013
  2. "Samo kažem"- prva regionalna veb serija za tinejdžere, Blic, 3 ноември 2013
  3. Balkanska Internet sapunica zabranjena za starije od 21 Архивирано на 20 декември 2013 г., 24 sata, 7 ноември 2013
  4. 2013 NOMINATIONS, International Press Academy
  5. Award winners, LAWEBFEST
  6. 2014 online film and video honorees Архивирано на 6 мај 2014 г., Webbyawards
  7. Gold Medal at World Media Fest in Hamburg Архивирано на 19 август 2014 г., Worldmediafestival
  8. Melburn Web Fest 2014, official selection Архивирано на 19 август 2014 г., melburnewebfest.com
  9. Intervju: #SamoKažem Архивирано на 20 декември 2013 г., Slobodan Stojančić, Provera, 7 декември 2013