Самец (филм)
„Самец (A Single Man)“ | |
---|---|
Официјален постер | |
Режисер | Том Форд |
Продуцент | Том Форд Крис Вајц |
Сценарист | Сценарио: Том Форд Дејвид Сцирс Роман: Дејвид Ишервуд |
Главни улоги | Колин Фирт Џулиен Мур |
Жанр | драма |
Музика | Абел Корцениовски |
Дистрибутер | The Weinstein Company |
Премиера | 11 декември 2009 |
Времетраење | 99 мин. |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Самец (англиски: A Single Man) е американски драма филм од 2009 год. Филмот е заснован на истоимениот роман на Кристофер Ишервуд. Филмот е во режија на дизајнерот Том Форд. Во филмот како главен лик се појавува Колин Фирт како британски геј професор во колеџ кој живее во Јужна Калифорнија во 60те години.
Колин Фирт и Џулиен Мур добија номинација за најдобри главни глумци на престојните Златен Глобус номинации.
Премиерата на филмот беше на 11 септември 2009 во Венеција додека пак ограничената премиера во САД ќе биде во текот на демекври 2009, а се очекува филмот да влезе и во трката на престојните номинации за овогодинешните Оскари.
Кратка содржина
[уреди | уреди извор]Дејството се случува во Лос Анџелес, во 1962 год. Филмот е приказна за Џорџ Фалкон, 52-годишен професор на колеџ, кој се бори да најде смисла во својот живот, по смртта на долгогодишниот партнер Џим. Постојано гледајќи во минатото, Џорџ не гледа своја иднина. Минувајќи низ серија настани и средби тој се прашува дали има значење неговиот живот по смртта на Џим. Најголема поддршка има од својата пријателки Чарли, 48-годишна убавица, која има големи лични проблеми.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Колин Фирт - Џорџ Фалкон
- Џулиен Мур - Чарли
- Метју Гуд - Џим
- Џон Картахарена - Карлос