Салма Џајуси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Салма Хадра Џајуси (родена во 1926[1] или 1927[2] година) — палестинска поетеса, писателка и преведувачка. Таа е основач и директор на проектот „Превод од арапски јазик“ (PROTA), чија главна цел е превод на арапската литература на англиски јазик.

Животопис[уреди | уреди извор]

Салма Хадра Џајуси е родена во Сафед, Палестина.[3] Татко ѝ бил Палестинец со арапска националност, а мајка ѝ Либанка. Основно училиште посетувала во Ерусалим, а учела арапска и англиска книжевност н Американскиот универзитет во Бејрут. Се омажила со јордански дипломат, со кого има три деца.[4]

Во 1960 година, ја објавила својата прва стихозбирка. Во 1970 година, докторирала на Универзитетот во Лондон. Предавала на Универзитетот во Картум, во Судан, како и на универзитетите во Алжир и во Константин. Во 1973 година, била поканета да одржи предавања низ Канада и САД. Во 1975 година, Универзитетот во Јута ја поканил да предава арапска книжевност, и оттогаш, таа предава на разни универзитети низ САД.[4]

Во 1980 година, Џајуси го основала проектот „Превод од арапски јазик“ со цел да овозможи пошироко запознавање со арапската литература.

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Modern Arabic poetry: an anthology, 1987
  • The Literature of modern Arabia: an anthology, Columbia University Press, 1988
  • Anthology of Modern Palestinian Literature, Columbia University Press, 1992
  • The Legacy of Muslim Spain, 2 vols, 1992
  • Modern Arabic drama: an anthology, 1995
  • The Secret life of Saeed: the Pessoptimist от Имил Хабиби, 2002. (превод заедно с Тревър Легусик)
  • Short Arabic plays: an anthology, 2003.
  • Modern Arabic fiction: an anthology, 2004.
  • Beyond the dunes: an anthology of modern Saudi literature, 2005
  • Human rights in Arab thought: a reader, 2009
  • Classical Arabic stories: an anthology, 2010.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dona S. Straley (2004). The Undergraduate's Companion to Arab Writers and Their Web Sites. Libraries Unlimited. стр. 101. ISBN 978-1-59158-118-5. Посетено на 11 September 2012.
  2. Personalities: Who's Who, Arab Thought Forum. Accessed 11 September 2012.
  3. Mishael Caspi, Jerome David Weltsch,From Slumber to Awakening: Culture and Identity of Arab Israeli Literati, University Press of America 1998 p.42.
  4. 4,0 4,1 Personality of the Month: Salma Khadra Jayyusi, This Week in Palestine, Issue No. 114, October 2007.