Сали Хокинс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хокинс на Берлинскиот филмски фестивал во 2017 година
Роден(а)Сали Сесилија Хокинс
27 април 1976 (1976-04-27) (43 г.)
Лондон, Англија
ЗанимањеГлумица
Активен период1998–сè уште
РодителиЖаки Хокинс
Колин Хокинс

Сали Сесилија Хокинс (родена на 27 април 1976 г.) — англиска глумица. Таа својата прва улога ја играла во филмот Се или ништо (2002) режиран од Мајк Ли. Таа продолжила да работи со Ли, играјќи споредна улога во драмата Вера Дрејк (2004) и главна улога во комичната драма Без грижи (2008), за која добила неколку награди, и тоа Златен глобус за најдобра глумица во комедија или музикл и Сребрена мечка за најдобра глумица на 58. издание на Берлинскиот филмски фестивал.

Таа потоа глумела во филмовите Произведено во Дагенхам (2010) и Мечето Падингтон (2014). Таа се појавила во два филма на Вуди Ален, Сонот на Касандра (2007) и Тажната Јасмина (2013). За својата улога како Џинџер во Тажната Јасмина, таа добила номинации за наградите Оскар, БАФТА и Златен глобус за најдобра споредна глумица.[1][2] Во 2017 година, Хокинс играла главна улога како нема млада девојка во фантастичната драма Обликот на водата, улога која ѝ донела многу пофалби и позитивни критики од филмските критичари, како и номинација за Златен глобус за најдобра глумица во драма.

Хокинс глумела во многу претстави во лондонскиот театар Ројал Корт, и во 2010 година го имала своето деби на Бродвеј.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Oscars 2014 Winners: The Complete List“, „The Hollywood Reporter“, 2 март 2014 (посет. 9 март 2014 г).
  2. Golden Globes Nominations: The Full List“, „Variety“, 11 јануари 2014 (посет. 10 март 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]