Сали Салминен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сали Алина Ингеборг Салминен (25 април 1906 - 18 јули 1976) — меѓународно реномиран автор од Симскала, Оландските Острови, Финска. Таа била номинирана за Нобелова награда за литература трипати.[1]

Во 1930 година, Сали и нејзината сестра Аили се преселиле во Њујорк, САД. Додека била во Њујорк, таа пишувала во слободното време, и тука започнала да го пишува ракописот за нејзиниот прв (и најпознат) роман Катрина . Финскиот-шведски издавач Холгер Шилдс Ферлаг во 1936 година објавил конкурс за пишување, за кој Салминен го доставила својот ракопис. Таа победила на конкурсот, а Катрина бил објавен истата година. Романот го прикажува животот на една жена од Остроботнија, Катрина, која по нејзиниот брак се сели во Оланд. Катрина станал меѓународен успех, на крајот бил преведен на повеќе од дваесет јазици.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nomination Database“. www.nobelprize.org. Посетено на 2017-04-19.