Салаш
Салаш (на српски, хрватски, чешки и словачки, од унгарски szállás што значи „куќа, сместување“[1]) — традиционален вид на фарма во регионот на Панонската Низина, особено во Бачка и Славонија. Салашот е обично оддалечен од населба, град или село. Се состои од семејна куќа, земјоделски објекти како плевна, пондила и амбар, опкружени со обработливо земјиште и пасишта.[2] Салашот бил сопственост на едно семејство, кое живеело таму со генерации.
Некогаш многубројните „земјанки“ на рамнините на Средна Европа биле изградени од локално пронајдени материјали: ѕидовите биле градени од плитари. Покривот обично бил од исушена трска, составена во традиционална изработка. Денес, салашот станува дел од фолклорот за да им се прикаже на туристите, заедно со традиционалната храна и пијалаци, обичаите, животот на фармата, тамбурашката музика, итн.
Во словачката култура, салашите претставувале оддалечени логори за овчарите и на крајот ги означувало малите селски гостилници основани во такви куќи, кои обезбедувале овчи производи и традиционални домашни јадења.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hrvatski jezični portal Salaš
- ↑ Collectif; Dominique Auzias; Jean-Paul Labourdette (15 March 2012), Serbie 2012-2013 (француски), Petit Futé, стр. 172–, ISBN 978-2-7469-5324-6
- ↑ Lisa Dunford; Brett Atkinson; Neil Wilson (2007), Czech & Slovak Republics, Lonely Planet, стр. 70–, ISBN 978-1-74104-300-6