Саладинов замок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Светско наследство на УНЕСКО
Саладинов замок
Назив според описот на списокот
Salah Ed Din Castle
Критериуми ii, iv
Навод 1229
Регион по УНЕСКО Арабија
Запис
Прогласено 2006 (30th. заседание)

Саладиновиот замок (арапски: قلعة صلاح الدين) е замок кој се наоѓа во Сирија. Се наоѓа на околу 30 километри источно од Латакија. Замокот бил изграден уште од античко време, веројатно од феникискиот приод. Познато е дека замокот бил заземан од страна на Александар Македонски. Но периодот од тогаш па се до негово зазимање од Византија многу малку е познат на денешната историографија. Подоцна, тврдината била превземена од крстоносците, односно се споменува дека во 1119 година бил резиденција на Роберт Саонски. Поголемиот дел од тоа кое останало до денес, е изградено во тој период. Во текот на крстоносните војни, замокот бил заземан од страна на Саладин во 1188 година. Според него, овој замок го добил и денешното име.

Едно од најзначајните карактеристики на замокот е неговиот 28 метри длабок ров, кој бил изграден од страна на византијците и крстоносците. Во тврдината се влегува од јужната страна, а на десно од влезот се наоѓа кулата. Во внатрешноста се наоѓа цистерна преку која се обезбедувало вода.