Сакраменто (река)
Сакраменто | |
---|---|
Реката Сакраменто | |
![]() Местоположба на реката | |
Местоположба | |
Држава | САД |
Земја | Калифорнија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Близу планината Шаста |
• координати | 41°16′24″N 122°24′05″W / 41.27333°N 122.40139°W[1] |
• надм. вис. | 1.120 м[2] |
Устие | Залив Суисун |
• место | Окрузите Контра Коста - Солано |
• координати | 38°03′48″N 121°51′10″W / 38.06333°N 121.85278°W |
• надм. вис. | 0 м |
Должина | 640 км, Север-југ[3] |
Големина на сливот | 69.000 km2[4] |
Проток | |
• место | близу Сакраменто |
• просечен | 796.8 m3/s |
• најмал | 112 m3/s |
• најголем | 13.800 m3/s |
Особености на сливот | |
Притоки | |
• леви | Пит, Дир Крик, Бут Крик, Фетер, Американ |
• десни | Клир Крик, Котонвуд Крик, Стони Крик, Каш Крик, Пута Крик |
Нил на Западот[5] |
Сакраменто (англиски: Sacramento River) е река која тече низ САД. Долга е 719 км. Реката тече низ американската сојузна држава Калифорнија и е најголемата река во Калифорнија.[6] Почнувајќи од планините Кламат, реката тече на југ 716 километри пред да стигне до делтата Сакраменто-Сан Хоакин во заливот Сан Франциско. Речниот слив зафаќа површина од околу 71.000 км² во 19 окрузи низ Калифорнија, главно во областа ограничена со брегот и Сиера Невада, област позната како долината Сакраменто. Покрај оваа област, сливот се протега низ вулканските висорамнини на североисточна Калифорнија.
Реката и нејзините огромни природни поплавени подрачја некогаш биле богати со риби и друг воден свет, особено познат како најјужното живеалиште на кралскиот лосос во Северна Америка. Повеќе од 12.000 години, Индијанците ги користеле огромните природни ресурси на речниот слив, кој претставува една од најгусто населените области од американските староседелци во Калифорнија. Реката уште од дамнешни времиња се користела и за трговија и патување. Стотици племиња кои споделуваат регионални обичаи и традиции ја населуваат долината Сакраменто. Европејците дошле во оваа област во 1700-ти години. Шпанскиот истражувач Габриел Морага ја нарекол реката Рио де лос Сакраментос во 1808 година. Името подоцна било скратено во Сакраменто.
Во 19 век, златото пронајдено во Сиера Невада било причина за златната треска во Калифорнија, кога се случил огромен прилив на население. По должината на реката Сакраменто и нејзините притоки биле изградени голем број пруги, кои донесле стотици илјади луѓе до полињата со злато и земјоделскиот регион во долината Сакраменто. До втората половина на 19 век, многу заедници биле основани во долината Сакраменто, чиј главен град бил Сакраменто. Интензивното земјоделство и рударството придонесле за загадување на реката и значителни промени во нејзината хидрологија и животна средина.
Од 1950 година речниот слив интензивно се развивал за водоснабдување и производство на електрична енергија. Денес има голем број брани на реката, како и на речиси сите нејзини притоки. Сакраменто се користи интензивно за наводнување во централна и јужна Калифорнија, при што водата се пренасочува преку каналите изградени од државни и федерални проекти. Иако сега обезбедува вода за повеќе од половина од Калифорнија и поддржува некои од најплодните земјоделски површини во државата, овие придобивки ја измениле природната состојба на реката и довеле до опаѓање на нејзиниот некогаш изобилен риболов.
Геологија
[уреди | уреди извор]Според геолошките стандарди, Сакраменто е релативно млада река. Границите на сливот почнале да се формираат пред само неколку милиони години, кога судирот на Тихоокеанската и Северноамериканската плоча довеле до формирање на планинскиот венец Сиера Невада. Иако планините постоеле во овој регион пред 100 милиони години (пред тоа, земјата веројатно била потопена од Тихиот Океан), нивните слоеви биле измиени од ерозија, а денешниот опсег бил формиран пред само четири милиони години.[7] Северниот дел од сливот е постар, формиран од интензивна вулканска активност пред повеќе од 25 милиони години, што резултира со создавање на висорамнината Модок, низ која тече реката Пит. Планината Шаста и врвот Ласен се некои од бројните Каскадни вулкански планини кои сè уште постојат во оваа област.[8]
Екологија
[уреди | уреди извор]Реката Сакраменто и нејзиниот слив првично биле дом на голем број птици и други водни видови, но современиот развој ја десеткувал животинската популација. Некогаш обемните крајбрежни области и мочуриштата низводно во делтата сега се заменети со земјоделско обработливо земјиште. Речната долина е дом на 40-60 видови риби[9][10] и 218 видови птици.[11] Сливот е релативно богат со ендемични видови водоземци и риби. Се верува дека пред четири или пет милиони години реките Сакраменто и Снејк биле поврзани со редица од сега исушени мочуришта и речни канали. Многу од сегашните видови риби од реката Сакраменто се слични на оние од реката Снејк, што укажува на можна поврзаност во минатото. Реките Сакраменто и Сан Хоакин имаат пет видови миграциски риби во најјужните делови, кои се движат нагоре за да се мрестат.[10]
Дивиот свет во долината на реката е загрозен од употребата на речната вода за земјоделство и во урбани области, загадувањето предизвикано од пестициди, нитрати, киселински истекувања од рудниците и урбаните отпадни води. Сместени покрај пацифичката патека, огромните мочуришта на долината Сакраменто биле важна станица за птиците преселници. Од сите тие мочуришта, денес постојат само неколку, зачувани или вештачки создадени.[12] Природната популација на птици постојано се намалувала во текот на 19, 20 и 21 век. Друга причина за опаѓање на видовите било воведувањето на неавтохтони видови, како што е „паразитската“ птица, која ги краде гнездата на другите птици и ги користи како свои.[13]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Sacramento River“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. 1981-01-19. (англиски)
- ↑ „South Fork Sacramento River“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. 1981-01-19. (англиски)
- ↑ Benke and Cushing, p. 547
- ↑ „Boundary Descriptions and Names of Regions, Subregions, Accounting Units and Cataloging Units“. U.S. Geological Survey. Архивирано од изворникот April 27, 2012. Посетено на August 22, 2010.
- ↑ Angel, Devanie (December 5, 2002). „The 'reasonable' environmentalist: When John Merz talks about the Sacramento River, people listen“. Chico News & Review. Sacramento River Preservation Trust. Архивирано од изворникот на September 2, 2004. Посетено на September 5, 2010.CS1-одржување: неподобна URL (link)
- ↑ Carter, James and Resh, Vincent (2005). „Pacific Coast Rivers of the Coterminous United States“. Во Benke, Arthur and Colbert Cushing (уред.). Rivers of North America. Elsevier. стр. 547–552. ISBN 978-0-12-088253-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Resendes, Mary Ann. „Geology of the Sierra Nevadas“. Central Sierra Historical Society. Архивирано од изворникот на 17. 8. 2010. Посетено на 29. 8. 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ Michaelsen, Joel. „The Cascades and Modoc Plateau Region“. Department of Geography. University of Santa Barbara. Архивирано од изворникот на 26. 6. 2010. Посетено на 29. 8. 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „Fish“. Sacramento River Portal. Посетено на 29. 8. 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 10,0 10,1 „Sacramento-San Joaquin Ecoregion“. Freshwater Ecoregions of the World. World Wide Fund for Nature. Архивирано од изворникот на 5. 10. 2011. Посетено на 29. 8. 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „Birds“. Sacramento River Portal. Посетено на 29. 8. 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Tehama Recreation“. Bureau of Land Management. 21. 8. 2007. Посетено на 29. 8. 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Small, Stacy L.; Nur, Nadav; Black, Anne; Geupel, Geoffrey R.; Humple, Diana; Ballard, Grant (август 2000). „Riparian bird populations of the Sacramento River system: Results from the 1993–1999 field seasons“ (PDF). Sacramento River Portal. Архивирано од изворникот (PDF) на 27. 7. 2011. Посетено на 29. 8. 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help)
Литература
[уреди | уреди извор]- Carter, James and Resh, Vincent (2005). „Pacific Coast Rivers of the Coterminous United States“. Во Benke, Arthur and Colbert Cushing (уред.). Rivers of North America. Elsevier. стр. 547–552. ISBN 978-0-12-088253-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Сакраменто (река)“ на Ризницата ? |