Саит Ристовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Саит Дурак Ристовски ( 1922 во Горно Лисиче, Скопско13 април 1945 во Товарник, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија стапил во Седмата бригада на Четириесет и втората македонска ударна дивизија со која учествувал во борбите за конечното ослободување на земјата. Во близината на Белград, завршил со ycпеx тримесечна воена обука. Во борбите за ослободување на неослободените делови на Југославија, загинал на 13 април 1945 година кај Товарник. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 125. На |first= му недостасува |last= (help)