Прејди на содржината

Саздо Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саздо Трајковски
Роден(а)13 март, 1929
Велес, Кралство Југославија
Починал(а)31 јануари, 2020 (90 г.)
Велес, Македонија
УстановаЗемјоделски-шумарски факултет во Скопје

Саздо Трајковски или Саздо Трајков (Велес, 13 март 1929Велес, 31 јануари 2020) — македонски политичар и активист. Член на Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“, репресиран од социјалистичкиот режим поради неговата поддршка на обединета независна македонска држава. Во 1946 г. бил еден од жртвите за време на судските процеси против велешките гимназијалци. После независноста на Македонија тој се приклучил во политичкото организирање на ВМРО-ДПМНЕ. Близок другар на Крум Чушков. Со разлика од Чушков, Трајковски успешно бил рехабилитиран и помогнал во издавањето на книги кои ја критикувале репресијата на југословенската власт.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден на 13 март 1929 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Трајковски бил сведок на народноослободителната борба во Велес и Велешко. После војната Трајковски си го продолжил неговото средно образование во велешката гимназија каде што се запознал со велешкиот активист Крум Чушков. Заедно со Чушков тој се запознал со професорот Благој Џајков, Џајков бил верник кон старата идеалогија на МРОнезависна обединета македонска држава. Овој идеалошки став бил противречен со тогашните гледишта на СР Македонија, во полициските досија верници на оваа идеалогија биле обележани како „ВМ“ или ванчомихајловисти. Самиот поим ванчомихајловист бил употребуван како синоним на фашист или бугараш.[1]

Со поттик од Џајков, Трајковски и Чушков се приклучиле во Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“. Тие исто така подржиле други велешки гимназијалци да се приклучат во организацијата како Драган Василев, Кирил Ќирков, Тихомир Лукарев, Буба Лукарева и Васа Ќиркова. Во ноќта на нова година 1946 година Трајковски заедно со Чушков се собрале во Дурутовец каде што се заколнале пред евангелието со револвер, слично како што правиле македонските револуционери за време на Борбата за Македонија. Трајковски бил член во тајните средби организирани кај црквата Св. Спас.[1]

Во 1946 година нивната организација била откриена од комунистичката власт која ги уапсила нејзините членови. Во истата година почнал голем судски процес против велешките гимназијалци кои биле дел од организацијата, најстрогата казна ја добил Благоја Џајков со седум години затвор. Трајковски исто така добил строга казна, три години во затвор. Во 1946 година бил интерниран кај градскиот затвор во Скопје и во 1947 година сѐ до крајот на неговата казна ги доживеал во Идризово.[1] Во еден интервју во 2010 година Трајковски дадол повеќе податоци за судските процеси. Целовкупно биле казнети 15 личности, судскиот процес траел три дена во Велес. Условите во Идризово биле мачливи и тешки, но во 1949 година после три години Трајковски бил ослободен.[2]

Откако бил ослободен се обидол повторно пак да се врати во велешката гимназија но не бил примен, Трајковски продолжил со неговото гимназиско образование во Скопје.[2] Во 1956 година завршил со неговото образование како матурант од земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Покрај тоа што бил ослободен околискиот народноослободителен одбор на Велес сѐ уште го чувале под редовен надзор и неговото досие сѐ уште било употребувано. Во велешките полициски досија Трајковски бил документиран под лажното име Саздо Саздов.[1]

После независноста на Македонија Трајковски, со разлика од Крум Чушков, бил целосно рехабилитиран и примен во новите политички услови на младата Македонија. Трајковски се приклучил во ВМРО-ДПМНЕ и бил дел од велешкиот централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 и 2018 година.[3][4] Трајковски особено го подржувал контроверзниот македонски премиер и политичар Никола Груевски.[2] После политичката криза во Македонија меѓу 2015 и 2017 година Трајковски бил пратеник во XV конгрес на ВМРО-ДПМНЕ организиран меѓу 2-ри и 3-ти мај 2015 година во Куманово.[5] Откако Груевски бил отстранет од власт со Пржинскиот договор Трајковски повторно пак бил пратеник во XVI конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одвивал во 23 декември 2017 година во Валандово. Во конгресот со 560 пратеници се изгласал новиот водач на партијата — Христијан Мицкоски.[6] После настанот Трајковски претежно се насочил кон велешката политика. Станал водач на велешката ветерани на ВМРО, група направена за старите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Во 31 јануари 2020 година починал во Велес.

  1. 1 2 3 4 Ачкоска, Виолета (2013). Велес и Велешко: 1944-1991. Скопје: Макавеј. стр. 225–228. ISBN 978-608-205-233-5.
  2. 1 2 3 Трибина-Осудени за ВМРО (30.04.2010) дел 1
  3. Печков, Петар (4 мај 2018). „Избран е новиот Општински Комитет на ВМРО- ДПМНЕ Велес“. ТиРековМиРече.
  4. Печков, Петар (1 јули 2012). „Како изгледа новиот Општински комитет на ВМРО ДПМНЕ“. ТиРековМиРече.
  5. ВМРО-ДПМНЕ (28 април 2015). „Викендов 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ - ова е списокот на делегати“. Прес24.[мртва врска]
  6. Локално (2017). „Кои се делегатите што на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го изберат наследникот на Груевски?“. Локално.мк.