Сазан (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сазан
Sazani
населено место
Поглед кон пристаништето
Поглед кон пристаништето
Сазан is located in Албанија
Сазан
Сазан
Координати: 40°29′37″N 19°16′50″E / 40.49361° СГШ; 19.28056° ИГД / 40.49361; 19.28056Координати: 40°29′37″N 19°16′50″E / 40.49361° СГШ; 19.28056° ИГД / 40.49361; 19.28056
Земја Албанија
ОбластВалона
ОпштинаВалона
Површина
 • Вкупна5,7 км2 (22 ми2)
Надм. вис.&10000000000000344000000344 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Светилник Сазан
Сазан (остров) is located in Албанија
Сазан (остров)
Coordinates 40°30′14.3″N 19°15′59.8″E / 40.503972° СГШ; 19.266611° ИГД / 40.503972; 19.266611
Прва изградба 1871 (прв)
Осветлување 1920s (моментален)
Облик на кулата цилиндрична кула во прилог на објект на два спрата
Висина 11.9 метарs (39 ст)[1]
Висина 157 метарs (515 ст)[1]
Range 14 nautical miles (26 kм; 16 ми)[1]
Карактеристика Fl (4) W 15s.[1]
Адмирален број E3723
Број според НГА 14328
ARLHS number ALB-004[2]

Сазан (албански: Sazani; италијански: Saseno; латински: Saso; старогрчки: Σάσων) — остров во Средоземното Море во јужна Албанија. Тој е најголемиот остров во Албанија и стратешки лоциран помеѓу Отрантската Врата и влезот во Валонскиот Залив, формирајќи ја границата меѓу Јадранското Море и Јонското Море. Островот има површина од 5,7 км2 со должина од 4,8 километри, ширина од 2 километри и 1,2 километри и крајбрежје од околу 15 километри[3].

Покрај тоа што е најголемиот остров во Албанија, островот претставува и воена зона. Понекогаш во јасни временски услови може да се види со голо око од брегот на Саленто, Италија на запад. Островот бил отворен за јавноста во јули 2015 година[4]. 2.721,87 хектари на територијата на морското подрачје на островот станало дел од маринскиот парк Карабурун-Сазан во 2010 година[5].

Историја[уреди | уреди извор]

Карта од Отрантска Врата од почетокот на 17 век.

Островот бил познат како Сасон (старогрчки: Σάσων) во антиката и бил спомнат од Полибиј во воена експедиција што се случила во 215 п.н.е. Бил дел од римските и византиските провинции, но бил освоен од Неапол во 1279 година, па го поседувале албанските лордови во 14 век, често под заштита на Венеција. Отоманските Турци го освоиле во околу 1400 година, но островот им припаѓал на Венецијанците до 1696 година. Во 1815 година островите во Јонско Море биле дадени на Британија како автономна република под британска заштита[6].

Во 1864 година островот бил отстапен во Грција со остатокот од Јонските Острови како дел од Диапонтиските Острови и островот де факто имал османлиска контрола. Во текот на Првата балканска војна во 1912 година грчките сили го освоиле островот. По завршувањето на Втората балканска војна во 1913 година, Италија и Австро-Унгарија вршеле притисок Грција да го евакуира јужниот дел на денешна Албанија[7].

Италија за возврат го окупирала островот на 30 октомври 1914 година и основала воен командант на островот. Ова подоцна било ратификувано на 26 април 1915 година со тајниот Договор од Лондон. По Првата светска војна, Албанија формално го отстапила островот на Италија на 2 септември 1920 година, како дел од албанско-италијанскиот протокол. Островот бил дел од Италија од 1920 до Втората светска војна, административно дел од Лагоста, во внатрешноста на италијанската провинција Зара. Во тие години италијанските власти изградиле светилник и некои поморски утврдувања и го населиле островот со неколку семејства на рибари кои се преселиле од Апулија[8]. Островот бил обединет со Италијанската управа на Далмација во 1941 година за време на Втората светска војна а по крајот на војната бил вклучен кон Албанија. За време на Студената војна меѓу Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави, Албанија многу се потпирала на Советскиот Сојуз. Во тоа време, Советите изградиле бази на подморници и фабрика за хемиско и биолошко оружје на островот и околните области. По падот на комунизмот, четири подморници останале во Порто Палермо[9]. До ден-денес, многу маски за гас од советската ера сеуште се наоѓаат расфрлани низ долината на островот.

Островот денес е ненаселен, но постои мала италијанско-албанска поморска база, која главно се користи за да се спречи шверцот помеѓу јужна Италија и Албанија и како поле за обука на Кралската морнарицаref>Cooperation between Italy and Albania (in Italian)</ref>[9]. Во 2010 година, околните морски води на островот, како и оние на соседниот полуостров Карабурун, биле прогласени за Национален парк од страна на албанската влада.

Животна средина[уреди | уреди извор]

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Сазан е најголемиот остров во земјата и најјужниот дел на Албанија. Тој е стратешки лоциран на влезот на Валонскиот Залив, во источниот теснец на Отранто, одвојувајќи ја Италија од Албанија. Тој е исто така лоциран во неформалната линија на Јадранското и Јонското Море внатре во Средоземното Море.

Островот е составен од карпи на варовник, и бил формиран за време на периодот креда, додека источниот дел е делумно составен од клистогенски депозити[10]. Островот има четири врвови, од кој највисокиот е 344 метри надморска височина, по што следат два врвови во центарот на островот од 331 м и 307 метри, и најнискиот од 228 метри кој се наоѓа во јужниот дел на островот. Островот има брег од околу 15 километри, кој брег се карактеризира со песочни плажи, карпи и подводна фауна. По должината на западниот брег карпите се спуштаат до 40 метри под водата.

Островот има невообичаена клима во Албанија, поради својата поморска локација. Климата не е медитеранска, туку суптропска поради неговите топли зими и жешки лета. Климата и вегетацијата личат на оние на југ од Крит во Грција, Тунис, па дури и делови од Египет. Флората е различна од онаа на остатокот од Албанија по тоа што е суптропска. Едно мало торнадо било забележано по должината на крајбрежјето во август 2002 година[11]

Климатски податоци за Сазан (1991-2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 16.3
(61.3)
17.5
(63.5)
18.6
(65.5)
20.1
(68.2)
22.9
(73.2)
25.6
(78.1)
28.4
(83.1)
28.4
(83.1)
25.8
(78.4)
23.4
(74.1)
19.6
(67.3)
17.4
(63.3)
22
(71.59)
Прос. ниска °C (°F) 10.2
(50.4)
10.5
(50.9)
11.7
(53.1)
13.3
(55.9)
16.4
(61.5)
21.3
(70.3)
23.7
(74.7)
23.4
(74.1)
21.2
(70.2)
16.5
(61.7)
13.1
(55.6)
11.1
(52)
16.03
(60.87)
Прос. бр. врнежливи денови 10 9 7 6 4 3 1 2 4 7 10 11 74
Извор: METEOALB Weather Station

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Jacobaea maritima може да биде пронајдена на источниот брег.[12]
Гуштер на островот.[13]

Биогеографски, островот Сазан спаѓа во илирските листопадни шуми, копнениот екорегион на шумите во Палеарктик, со средоземноморска вегетација. Поради комбинацијата на јужната географска ширина и големата надморска височина, како и варијациите на климата, геолошките и хидролошките услови придонеле за формирање на единствена флора во внатрешноста на островот.

Разновидноста на флората и вегетацијата може да се објасни со нејзината стратешка положба меѓу западното и источното Средоземно Море[12]. Островот е дом на 435 видови од васкуларни растенија, или 8,2% од целокупната васкуларна флора во Албанија. Постојат ендемични (Limonium anfractum) и 3 субендемични (Centaurea pawlowski, Scutellaria rupestris и Verbascum guicciardini) растенија. Различните релјефи создаваат различни еколошки средини за растенијата, понатаму диверзифицирани од доминантните видови на карпи кои формираат варовнички терен на територијата на паркот. Карпестите брегови и карпите на варовник на јужните делови на Сазан се дом на бројни халофилски видови,. Шумите на Сазан главно се состојат од грмушки, дабови шуми, листопадни шуми и,.т.н.[12]

Поради својата специфична топографија, климатски, хидролошки и геолошки услови, островот се карактеризира со уникатна вегетација и биодиверзитет. Фауната е претставена од 15 видови цицачи, 39 видови птици[14], 8 видови влекачи, 1 вид на амфибија и 122 видови на безрбетници[13]. Во прилог на 15 видови на цицачи, 8 од нив се лилјаци. Видови птици кои се среќаваат на островот се гулаби, грабливи птици и.т.н.

Постојат 122 идентификувани видови, вклучувајќи 113 инсекти, но нивниот вистински број се проценува дека е повисок. Меѓу инсектите се 40 бубачки, 16 пеперутки, 22 хетероперии, 20 ортоптери, 5 видори и 10 хименоперии.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Шаблон:Cite ngall
  2. „Albania“. The Lighthouse Directory. University of North Carolina at Chapel Hill. конс. 6 April 2017. 
  3. Agjencia Kombëtare e Bregdetit. „MANAGEMENT PLAN FOR SAZANI ISLAND, ALBANIA“ (PDF). bregdeti.gov.al. стр. 9. 
  4. „FOTOLAJM/ Anija e parë turistike me 119 turistë mbërriti në Sazan“. 26 July 2015. конс. 2 July 2016. 
  5. „Management Plan for National Marine Park Karaburun-Sazan“ (PDF). mcpa.iwlearn.org. стр. 10. The total area of National Park Karaburun-Sazan is 12,570.82 ha, with marine area near Karaburuni having 9,848.95 ha and marine area near Sazani island having 2,721.87 ha. 
  6. Sk (24 March 2009). „The island of Sazan (Saseno, Σασων)“. pyrroulas. конс. 2 July 2016. 
  7. „Νήσος Σάσων: Πώς παραχωρήθηκε στην Αλβανία με Νόμο“. 
  8. Olinto Mileta. Popolazioni dell'Istria, Fiume, Zara e Dalmazia 1850-2002. ediz. A.D.E.S. Trieste, 2005
  9. 9,0 9,1 Ryan (March 15, 2015). „Take a Look Inside These Abandoned Submarines & Bases“. History in Orbit website. стр. 38. конс. July 6, 2018. 
  10. Agjencia Kombëtare e Bregdetit. „MANAGEMENT PLAN FOR SAZANI ISLAND, ALBANIA“ (PDF). bregdeti.gov.al. стр. 18. 
  11. http://www.tornadoit.org/lefoto28.htm Trombe marine e tornado sull'isola di Saseno (Albania) nell'agosto 2002, Tornadoit.org
  12. 12,0 12,1 12,2 Agjencia Kombëtare e Bregdetit. „MANAGEMENT PLAN FOR SAZANI ISLAND, ALBANIA“ (PDF). bregdeti.gov.al. стр. 21–26. 
  13. 13,0 13,1 Agjencia Kombëtare e Bregdetit. „MANAGEMENT PLAN FOR SAZANI ISLAND, ALBANIA“ (PDF). bregdeti.gov.al. стр. 27–35. 
  14. Euronatur. „ADRIATIC FLYWAY - BIRD CONSERVATION ON THE BALKANS“ (PDF). euronatur.org. стр. 107–118. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]