Сагарматха

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национален парк Сагарматха
МСЗП — Категорија II (национален парк)
S N P.jpg
Предел во националниот парк
МестоПокраина Бр. 1, Непал
Најблизок градНамче Базар, Кумџунг
Координати27°56′N 86°44′E / 27.933° СГШ; 86.733° ИГД / 27.933; 86.733Координати: 27°56′N 86°44′E / 27.933° СГШ; 86.733° ИГД / 27.933; 86.733
Површина1.148 km2 (443 sq mi)
Воспоставен(а)19 јули 1976
Управно телоОдделение за зачувување на национални паркови и див свет
Мрежна страницаsagarmathanationalpark.gov.np
Светско наследство на УНЕСКО
КритериумПрироден: vii
Навод120
Запис1979 (III заседание)

Националниот парк Сагарматханационален парк на Хималаите во источниот дел на Непал, кој е доминиран од Монт Еверест. Тој вклучува површина од 1,148 км2 во округот Солукумбу и опфаќа висини од 2,845 до 8,848 м кај врвот на Монт Еверест. На север, тој ја дели меѓународната граница со Националниот природен резерват Комолагма во Тибет. На исток, граничи со националниот парк Макалу Барун, и на југ се протега до реката Дудх Коси.[1] Тој е дел од Светиот хималајски предел.[2]

Сагарматха (सगरमाथा)е непалски кованица кој потекнува од зборвите сагар (सगर् значејќи небо) и матха (माथा значејќи глава).[3][4] којшто се наоѓа јужната половина од . Паркот е објавен на 19 јули 1976 г. и станува дел од Светското природно наследство на УНЕСКО во 1979 г. На санскрит „Сагарматха“ означува „високо во небото“.

Историја[уреди | уреди извор]

Националниот парк Сагармата бил основан во 1976 година. Во 1979 година, тој станал првиот национален парк во земјата кој бил впишан како природно место на светско наследство. Во јануари 2002 година, тампон зона состоејќи се од 275 км2 била додадена.[1] Според Упатствата за управување со тампон зоната, зачувувањето на шумите, дивиот свет и културните ресурси добила врвен приоритет, проследено со зачувување на другите природни ресурси и развој на алтернативна енергија.[5]

Туризмот во областа започнал во раните 1960-ти. Во 2003 година пристигнале околу 19.000 туристи. Од 2005 година, околу 3.500 Шерпи живееле во селата и сезонските населби сместени покрај главните туристички патеки.[6]

Географија[уреди | уреди извор]

Паркот опфаќа зона од 1,148 км2 во округот Солукумбу и надморската висина варира од 2 845 м при Джорсале до 8 848 м на врвовите на Еверест. 69 % од паркот е гола земја со надморска висина над 5 000 м, ледниците покриваат 28 %, а останатите 3 % се гори. Поголемиот дел од паркот е назабен и стрмен, како релјефот да е расечен од реките и ледниците. За разлика од другите национални паркови, тој се дели на четири климатски зони според надморската висина. Тие зони се пониска шумска зона, зона со планинска клима, високопланинска зона со многу малку растителност и арктичка зона, во која растенијата не можат да се развиваат. Животинскиот и растителниот свет во паркот се изменува во зависност од висината. Низ паркот течат реки од басенот на реката Дудх Коси.

Туристичкиот центар на паркот се наоѓа на ридот во населеното мест Намче Базар, каде што е заснована и дел од Непалската војска со задача да го заштитува. Јужниот влез се наоѓа на неколку стотини метри северно од Монџо на висина 2,835 м, на еден ден пеша од Лукла.

Предели[уреди | уреди извор]

Паркот ги содржи горните сливни подрачја на реката Дудх Коси, речниот слив Ботекоши и езерата Гокио. Во голема мера е составен од нерамен терен и клисури на високите Хималаи, кои се движат од 2,845 метри во Монџо до врвот на највисокиот врв во светот Сагарматха (Монт Еверест) на 8,848 метри надморска височина. Други врвови над 6,000 метри се Лоце, Чо Оју, Тамсерку, Нупце, Амадаблам и Пумори. Пусто земјиште над 5,000 метри опфаќа 69% од паркот, додека 28% се пасишта, а останатите 3% се пошумени. Климатските зони вклучуваат пошумена умерена зона, субалпска зона над 3,000 метри, и алпска зона над 4,000 метри што ја сочинува горната граница на растот на вегетацијата. Снежната зона започнува на 5,000 метри.[1]

Див свет[уреди | уреди извор]

Флора[уреди | уреди извор]

Шумите во субалпскиот појас се состојат од ела, хималајска бреза и рододендрон. Смреката и рододендронот преовладуваат на надморска височина од 4,000–5,000 метри. Мововите и лишаите растат над 5,000 метри.[7] Во националниот парк се забележани повеќе од 1.000 цветни видови.[1]

Фауна[уреди | уреди извор]

Националниот парк Сагармата е домаќин на 208 видови птици, вклучително и хималајски монал (фазан), брадест мршојадец, снежинки и жолтоклуна галица,[1] и паркот е идентификуван од BirdLife International како важна птичја област.[8] Копитарите се хималајски тар, хималајски серов и мошуст елен. Снежниот леопард живее на височини над 3,500 метри, а индискиот леопард талка по шумите на пониски височини.[9]

Во паркот има 118 видови птици, на пример хималајски фазан, шарен фазан, црвеноклунест фазан; и многу цицачи, некои од нив ретки, меѓу кои тибетска мечка, црвена панда, тар, лангур, самур и волк.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Bhuju, U.R.; Shakya, P.R.; Basnet, T.B.; Shrestha, S. (2007). „Sagarmatha National Park“ (PDF). Nepal Biodiversity Resource Book. Protected Areas, Ramsar Sites, and World Heritage Sites. Kathmandu: International Centre for Integrated Mountain Development, Ministry of Environment, Science and Technology, in cooperation with United Nations Environment Programme, Regional Office for Asia and the Pacific. стр. 53–55. ISBN 978-92-9115-033-5. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  2. Gurung, C. P.; Maskey, T. M.; Poudel, N.; Lama, Y.; Wagley, M. P.; Manandhar, A.; Khaling, S.; Thapa, G.; Thapa, S.; Wikramanayake, E. D. (2006). „The Sacred Himalayan Landscape: Conceptualizing, Visioning, and Planning for Conservation of Biodiversity, Culture and Livelihoods in the Eastern Himalaya“ (PDF). Во McNeely, J. A.; McCarthy, T. M.; Smith, A.; Whittaker, O. L.; Wikramanayake, E. D. (уред.). Conservation Biology in Asia. Kathmandu: Nepal Society for Conservation Biology, Asia Section and Resources Himalaya Foundation. стр. 10–20. ISBN 99946-996-9-5. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  3. Turner, R. L. (1931). „सगर् sagar“. A comparative and etymological dictionary of the Nepali language. London: K. Paul, Trench, Trubner.
  4. Turner, R. L. (1931). „माथा matha“. A comparative and etymological dictionary of the Nepali language. London: K. Paul, Trench, Trubner.
  5. Heinen, J. T.; Mehta, J. N. (2000). „Emerging Issues in Legal and Procedural Aspects of Buffer Zone Management with Case Studies from Nepal“. Journal of Environment and Development. 9 (1): 45–67. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  6. Byers, A. (2005). „Contemporary human impacts on Alpine ecosystems in the Sagarmatha (Mt. Everest) National Park, Khumbu, Nepal“. Annals of the Association of American Geographers. 95 (1): 112–140.
  7. Buffa, G.; Ferrari, C.; Lovari, S. (1998). „The upper subalpine vegetation of Sagarmatha National Park (Khumbu Himal area, Nepal) and its relationship with Himalayan tahr, musk deer and domestic yak. An outline“. Во Baudo, R.; Tartari, G.; Munawar, M. (уред.). Top of the World environmental research: Mount Everest–Himalayan ecosystem. Leiden, the Netherlands: Backhuys Publishers. стр. 167–175. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  8. „Sagarmatha National Park“. BirdLife Data Zone. BirdLife International. 2005. Посетено на 9 декември 2021.
  9. Lovari, S.; Boesi, R.; Minder, I.; Mucci, N.; Randi, E.; Dematteis, A.; Ale, S. B. (2009). „Restoring a keystone predator may endanger a prey species in a human-altered ecosystem: the return of the snow leopard to Sagarmatha National Park“. Animal Conservation. 12: 559–570. doi:10.1111/j.1469-1795.2009.00285.x. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]