Сагаласос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сагаласос
Σαγαλασσός
Sagalassos Overview.jpg
Поглед на Сагаласос
МестоАгласун, Провинција Бурдур, Турција
ОбластПисидија
ВидНаоѓалиште
Историја
НапуштеноСредина на седмиот век
Белешки за наоѓалиштето
Ископување1990–до денес
АрхеолозиМарк Велкенс

Сагаласос (грчки: Σαγαλασσός) - археолошко наоѓалиште во југозападна Турција, околу 100 километри северно од современиот град Анталија, древната Аталиеја. Во времето на Римското Царство, градот бил познат како најзначаен град на Писидија, регија во областа на западниот Таурус, денес позната како Езерска Област. Градот бил познат уште во елинистичкиот период како еден од најголемите градови на Писидија.

Археолошкиот локалитет се наоѓа меѓу 1400 и 1600 метри надморска височина.

Местото прв пат било населено околу 8000 година п.н.е. Во 14 век п.н.е. го споменуваат Хетитите под името Салавас.

Во 6 век градот доживеал голем земјотрес, а потоа поминувал низ разни кризи заради епидемија, недостаток на вода и напади на Варварите, за конечно во 7 век земјотрес да ги присили жителите да го напуштат градот и да се преселат во долината. Сагаласос е преполн со споменици од старогрчкиот, римскиот и византискиот период.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]