Саво Савановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Село од Зарожје

Саво Савановиќ еден од најпознатите вампири во верувањта на српскиот народ. Живеел во колиба на реката Рогачица во Зарож кај Баина Башта, Србија и дека пиел крв од сите кои доаѓале кај него да мелат брашно.

Воденицата ја купило семесјството Јадодиќ од истото село, но не смееле да ја користат од страв од вамипрската одмазда. Но потоа сфатиле дека таа е златен рудник со оглед на тоа што многу туристи доаѓале да ја посетат, иако, секогаш преку ден.

Некое време семејството го одлагало реновирањето на воденицата од „страв дека Саво ќе се налути“, а кога бизнисот конечно се развил, целата градба се срушила.

Месното население верува дека тоа е знак дека Саво е повторно на слобода.

Како што пишуваат весниците, дуи и градоначалникот Миодраг Вуетиќ наводно признал: „Луѓето се загрижени. Сите знаат за легендата за овој вампир и мислат дека сега бескуќникот ќе бара нови жртви. Сите сме во паника“.

Тој додал дека лесно им е на другите да се смеат поради нивните грижи, но дека тие црвсто веруваат дека вампирите постојат.

Потврдил и дека локалната заедница им советувало на селаните да ставаат лук на вратите и прозорите за да го избркаат Саво.

„Исто така, потсетуваме да стават по еден крст во секоја просторија на куќата“, додал Вуетиќ. Селаните кои профитирале од процветата на туризмот поради легендата за вампирите велат дека сега сакаат ова место да го остават на мир.

Иако се верува сека Саво е првиот познат српски вампир, постојат некои сомнежи во фолклорот на Србија дека пред него постоел мит за Петар Благоевиќ од Големо Градиште кој умрел во 1724 г. и истата година се повампирил, пишува „Дејли Меил“.