Савова Чешма (Росоман)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Савова Чешма — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Росоман, Општина Росоман. Претставува населба од римско време.
На површина од 150 × 100 м, на северниот раб на селото, на 200 м од селските гробишта и на двете страни на асфалтниот пат за Градско има множество фрагменти од керамички садови и градежен материјал (тегули, имбрекси и кршен камен).[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 160. ISBN 9989-649-28-6.