Прејди на содржината

Савански варан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Савански варан
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Гуштери
Семејство: Варани
Род: Варан
Вид: Савански варан
Научен назив
Varanus exanthematicus
(Bosc, 1792)
Савански варан во својата природна средина

Савански варан или степски варан (науч. Varanus exanthematicus) — варан со средна големина кој живее во Африка. Наречен е и Босков варан, во чест на францускиот биолог Луј Боск (1759-1828), кој прв го опишал видот.[1] Му припаѓа на подродот Polydaedalus, заедно со нилскиот (V. niloticus), украсниот (V. ornatus) и други варани.

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Потекло на научното име

[уреди | уреди извор]

Видовото име на ова животно гласи exanthematicus е изведено од старогрчкиот збор ексантем со значење „осип“ или „плускавец“.[3] Боск првично му го дал научниот назив Lacerta exanthematica поради овалните лушпи одзади на вратот.[1]

Саванскиот варан е силно граден, со релатвно кратки нозе и прсти, а черепот и забите се приспособени за исхрана со плен кој има тврди корупки. Најголемите единки достигнуваат од 105 до 155 см во должина, но многу почесто се среќаваат единки долги 60 до 76 см; женките се значајно помали. Обоеноста на кожата зависи од поднебјето. Лупшпите на телото им се големи — средината на трупот обично има помалку од 100 лушпи во обиколка. Опашката е делумно странично сплесната, со двоен грбен срт и ноздри на крајот од муцката.[4]

Постојат податоци за ихраната на саванскиот варан во Сенегал[5] и Гана.[6][7] Се храни речиси исклучиво со членконоги и мекотели. Најчест плен на возрасните единки во Сенегал се многуногалките од родот Iulus. Во Гана, единките помлади од два месеца се хранат претежно со мали штурци, додека пак оние на возраст од 6-7 месеци јадат правокрилци (особено Brachytrupes), скорпии и водоземци.

Распротранетост

[уреди | уреди извор]

Its range extends throughout потсахарска Африка, од Сенегал на исток до Судан и на југ речиси до реката Конго и Раседната Долина, каде веќе живее сродниот белогрлен варан V. albigularis.[6] Саванскиот варан е претежно наземен вид кој се засолнува во дупки, иако некогаш се среќава во грмушки и ниски дрва.[4] По крајбрежните рамници на Гана, младите савански варани често се среќаваат кај дупките на џиновскиот штурец Brachytrupes, со кој се хранат.[8]

Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП или IUCN) го става саванскиот варан во категоријата „најмала загриженост“ (LC).[9] Сепак, животното се лови за кожата и месото, како и на меѓународниот пазар на миленици. Помеѓу 2000 и 2009 г. во САД се увезувале по 30.574 единки секоја година. Помеѓу 2000 и 2010 г. се увезени вкупно 325.480 животни. Во истиот период, во земјата се донесени 1.037 кожи, чевли и други производи. Највеќето единки се носат од Гана (235.903 извезени единки во споменатиот период), Того (188.110 единки), и Бенин (72.964). Во истиот период, вкупниот пријавен извоз на кожи и производи од животното изнесувал 37.506.[10] Меѓутоа, секоја година се извесуваат значаен број на непријавени животни, и тоа највеќе од Судан, Нигерија и други места.[9]

  1. 1,0 1,1 Bosc, Louis. Lacerta exanthematica. Act. Soc. Hist. Nat. Paris 1. стр. 25.
  2. „Савански варан“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 29 април 2015.
  3. Oxford English Dictionary (1989). Oxford English Dictionary. Oxford: Clarendon Press.
  4. 4,0 4,1 Bennett, Daniel; Ravi Thakoordyal (2003). The Savannah Monitor, the Truth about Varanus exanthematicus. UK: Viper Press. стр. 84. ISBN 0-9526632-9-5.
  5. Cisse, M (1972). „L'alimentaire des Varanides au Senegal“. Bulletin L'Institute Fond. Afr. Noire. 34: 503–515.
  6. 6,0 6,1 Bennett, Daniel (2004). Pianka, Eric R. (уред.). „Varanoid Lizards of the World“. Chapter 5.2: Varanus exanthematicus. Indiana University Press. стр. 95–103. ISBN 0-253-34366-6. Отсутно или празно |url= (help)
  7. Bennett, Daniel (2000). „Preliminary data on the diet of juvenile Varanus exanthematicus in the coastal plain of Ghana“. Herpetological Journal. 10: 75–76.
  8. Bennett, Daniel (2000). „Observations of Bosc's monitor lizard (Varanus exanthematicus in the wild“. Bulletin of Chicago Herp. Society. 35: 177–180.
  9. 9,0 9,1 Bennett, D.; Sweet, S. (2010). „Varanus exanthematicus“. In: IUCN 2011. IUCN Red List of Threatened Species. Version 2011.2. IUCN. Посетено на 5 April 2012.
  10. „CITES Trade Database“. CITES. Посетено на 5 April 2012.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]