Прејди на содржината

Сабрина Карпентер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сабрина Карпентер
A young woman with blond hair smiling.
Сабрина Карпентер во 2020
Животописни податоци
Родено имеСабрина Енлин Карпентер
Роден(а)11 мај 1999(1999-05-11)(25 г.)
Квакертаун, Пенсилванија, САД.[1]
Жанрови
Занимања
  • Пејачка
  • глумица
Период на активност2011–денес
Издавачи

Сабрина Енлин Карпентер (англ. Sabrina Annlynn Carpenter; родена на 11 мај 1999 година) ― американска пејачка и глумица. Првата глумечка улога ја имала во 2011 година во крими-серијата „Закон и ред: Специјална единица за жртви“. Во 2013 година глумела во ситкомот „Игрите на Гудвин“. Станала позната по нејзините улоги на Дизни каналот: „Девојката го запознава светот“ (2014–2017) и „Авантурите на дадилката“ (2016). Таа глумела во филмовите: Рогови (2013), The Hate U Give (2018), Кратка историја на долгиот пат (2019), Облаци (2020) и Брза помош (2022), како и во Нетфликсовите филмови: Висока девојка (2019), Висока девојка 2 (2022) и Work It (2020).

Во 2014 година Карпентер потпишала договор со Hollywood Records и го издала нејзиниот прв сингл „Can't Blame a Girl for Trying“ по кој следело и истоименото EP. Во 2010-тите ги издала студиските албуми: Eyes Wide Open (2015), Evolution (2016), Singular: Act I (2018) и Singular: Act II (2019).

Во 2021 година преминала во Island Records и го издала синглот „Skin“, нејзина прва песна која се пласирала на Billboard Hot 100 топ-листата. Во 2023 година била воведен изведувач за Тејлор Свифт на концертите од турнејата Eras Tour. На нејзиниот албум, Short n' Sweet (2024), му претходеле сингловите „Espresso“ и „Please Please Please“; двете песни високо котирале на топ-листите во многу земји.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Сабрина Енлин Карпентер[4] е родена на 11 мај 1999 година[5] во Квакертаун, Пенсилванија. Детсвото го поминала во Ист Гринвил.[1][5] На околу 10-годишна возраст на YouTube почнала да објавува видеа на кои пеелa песни од Кристина Агилера и Адел.[6] Во 2009 година завршила на трето место на натпреварот по пеење организиран од Мајли Сајрус, The Next Miley Cyrus Project.[7]

2011–2015: Почетоци во глумата и прв албум

[уреди | уреди извор]
Карпентер потпишува автограми во воздушната база на Маринскиот корпус Cherry Point, во Хевелок, Северна Каролина во 2014 година

Првата глумечка улога Карпентер ја имала во 2011 година како гостин во серијата „Закон и ред: Специјална единица за жртви“.[7] [8] Истата година настапила во Кина на Gold Mango Audience Festival, пренесуван во живо на кинеската телевизија Хунан. Таму ја испеала песната од Ета Џејмс „Something's Got A Hold On Me“, но во верзијата од Кристина Агилера од филмот Бурлеска.[7][9] Летото 2012 година, Карпентер имала повторлива улога во ситкомот Игрите на Гудвин.[10] Глумела во филмот Рогови (англ. Horns; 2013) и за компилацискиот албум Disney Fairies: Faith, Trust, and Pixie Dust, инспириран од филмскиот серијал Disney Fairies ја снимила песната „Smile“;[11] песната се пласирала на топ-листата на Радио Дизни.[12] Карпентер ја глумела принцезата Вивијан во серијата Софија Прва, за која заедно со со Ариел Винтер ја извела песната „All You Need“. [13]

Во јануари 2013 година, Карпентер ја добила улогата на Маја Харт во Дизниевата серија „Девојката го запознава светот“.[14][15] Серијата имала 72 епизоди и завршила со емитување на 20 јануари 2017 година.[16] Заедно со нејзиниот колега Рован Бланчард, Карпентер ја снимила тематската песна за серијата.[17] Во 2014 година, Карпентер потпишала договор за пет албуми со издавачката куќа во сопственост на Дизни, Hollywood Records.[18] Во март 2014 година, Карпентер го издала нејзиниот прв сингл „Can't Blame a Girl for Trying“; котекстописец на песната била Меган Трејнор.[19] Синглот добил позитивни критики и имал ист наслов со првото EP од Карпентер објавено во април 2014 година.[20][21][22] Во јули 2014 година, Карпентер била водечка пејачка на групата Disney Channel Circle of Stars која ја испеала преработката на песната „Do You Want to Build a Snowman?“.[23] За Дизниевиот филм How to Build a Better Boy, премиерно прикажан во август 2014 година, Карпентер ја снимила песната „Stand Out“.[24] Истата година го издала нејзиниот прв божиќен сингл „Silver Nights“.[25]

Во јануари 2015 година, Карпентер ја издала песната „We'll Be the Stars“.[26] Песната била водечки сингл од нејзиниот прв студиски албум Eyes Wide Open, издаден на 14 април 2015 година.[27] Албумот првенствено бил тинејџерски поп албум со елементи на поп-фолк.[28] Албумот добил позитивни критики и освоил две „Радио Дизни“ награди.[10][29] Во декември 2015 година, Карпентер го издала нејзиниот втор божиќен сингл, „Christmas The Whole Year Round“.[30]

2016–2017: Издавање на албумот Evolution

[уреди | уреди извор]
Карпентер на настап во Crypto.com арената во Лос Анџелес во 2016 година

Во февруари 2016 година, Карпентер го издала синглот „Smoke and Fire“.[11] Во јуни 2016 година, заедно со Софија Карсон глумела во Дизниевиот филм Авантурите на дадилката (англ. Adventures in Babysitting).[31] За филмот, двете глумици ја испеале тематската песна „Wildside“.[32] Подоцна истата година, во театарот во Пасадена глумела во претставата Петар Пан и Ѕвончица: Пиратски Божик.[33] Во август, Карпентер одржала самостоен концерт на фестивалот Музикфест во Витлеем.[34] Таа го позајмила гласот на Мелиса Чејс во филмот Марфиевите закони на Мајло (англ. Milo Murphy's Law).[35]

Во октомври 2016 година, Карпентер го издала нејзиниот втор студиски албум, Evolution кој дебитирал на 28-мо место на Билборд 200.[36] Од албумот биле издадени два сингла: „On Purpose“ и „Thumbs“; „On Purpose“ бил номиниран за „Радио Дизни“ награда,[37] а „Thumbs“ се искачил на прво место на Билбордовата топ-листа Bubbling Under Hot 100 и подоцна бил сертифициран со платинест тираж од страна на Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA).[12] Есента 2016 година, Карпентер ја започнала нејзината прва концертна турнеја, Evolution Tour.[14]

Во март 2017 година, Карпентер снимила тематската песна за серијата Енди Мек (англ. Andi Mack).[38] Во мај, Карпентер соработувала со диџејот Мајк Пери и заедно со The Vamps гостувала на синглот "Hands".[39] Летото истата година, Карпентер ја започнала нејзината втора концертна турнеја, De-Tour.[40] Таа била воведен изведувач на Аријана Гранде на нејзината турнеја „Dangerous Woman“ во Сао Паоло.[41]

Во декември, Карпентер објавила преработка на песната „Have Yourself a Merry Little Christmas“.[42] Истата година, таа ги објавила преработките на „Sign of the Times“ и „You're a Mean One, Mr. Grinch“ со британската пејачка Џесмин Томпсон и виолинистката Линдзи Стирлинг, соодветно.[43]

2018–2020: Издавање на Singular и филмски улоги

[уреди | уреди извор]
Карпентер на MTV Video Music Awards во 2018 година

На 9 ноември 2018 година, Карпентер го издала нејзиниот трет студиски албум, Singular: Act I, кој добил позитивни критики.[44] Карпентер соопштила дека албумот ќе биде поделен на два дела и дека вториот дел ќе биде објавен на почетокот од 2019 година.[45] Двата сингла од албумот: „Almost Love“ и „Sue Me“, се искачиле на прво место на топ-листата за клубски денс-песни.[46] На албумот му претходеле два промотивни сингла : „Paris" и „Bad Time“.[47][48]

Во март 2019 година, Карпентер ја започнала нејзината трета концертна турнеја, Singular Tour.[49] Во јуни 2019 година, глумела во филмот „Кратка историја за долгиот пат“ (англ. The Short History of the Long Road).[50] Филмот премиерно бил прикажан на Филмскиот фестивал „Трибека“, а Карпентер била пофалена за нејзината улога.

На 19 јули 2019 година, Карпентер го издала нејзиниот четврти студиски албум, Singular: Act II.[51] Од албумот биле објавени три сингла: „Pushing 20“, „Exhale“ и „In My Bed“.[52] За да го промовира албумот, Карпентер настапила на летната концертна серија Good Morning America и пред објавувањето на албумот објавила промотивен сингл под наслов „I'm Fakin“.[53] [54] Во септември 2019 година, Карпентер глумела во филмот Висока девојка (англ. Tall Girl).[27]

Во февруари 2020 година, Карпентер објавила R&B сингл под наслов „Honeymoon Fades“.[55] Еден месец подоцна, дебитирала на Бродвеј во мјузиклот Злобни девојки (англ. Mean Girls).[56] Претставата била прекината на средина од март 2020 поради пандемијата од COVID-19 и затворањето на Бродвејските театри. На 7 јануари 2021 година, било објавено дека претставата нема повторно да биде поставена на Бродвеј дури и кога се создале услови за повторно отворање на театрите на Бродвеј.[57][58] Карпентер имала повторлива улога во ТВ-серијата Royalties, а за саундтракот на серијата ја извела песната „Perfect Song“.[59]

Во јули 2020 година, Карпентер за филмот Work It го издала синглот „Let Me Move You“; таа глумела и била извршен продуцент на филмот,[60] а за улогата добила претежно позитивни критики.[61][62] Во октомври, Карпентер глумела во филмот Облаци (англ. Clouds), заснован на животот на Зак Собих.[36] Таа придонела и за саундтракот на филмот.[63] Во декември 2020 година, Карпентер се појавила на списокот од Форбс „30 под 30“ (англ. 30 Under 30) во категоријата „Холивуд и забава“.[64]

2021–2023: Албум Emails I Can't Send

[уреди | уреди извор]
Карпентер на турнејата Emails I Can't Send во 2022 година

Во јануари 2021 година, Карпентер објавила дека потпишала договор со Island Records.[65] Нејзиниот прв сингл со новата издавачка куќа бил „Skin“, објавен на 22 јануари 2021 година.[66] Песната дебитирала на 48. место на Billboard Hot 100, што бил нејзин прв пласман на оваа топ-листа.[67]

На 9 септември 2021 година, Карпентер го издала „Skinny Dipping“, водечки сингл од нејзиниот петти студиски албум.[68] На 18 февруари 2022 година го издала следниот сингл, „Fast Times.[69] Истиот месец се појавила во филмот Висока девојка 2.[70][29] Во 2022 година, Карпентер глумела во комедијата „Брза помош“ (англ. Emergency), премиерно прикажан во јануари 2022 година на филмскиот фестивал Санденс.[71][72]

На 15 јули 2022 година, Карпентер го издала нејзиниот петти студиски албум, Emails I Can't Send.[73] Албумот бил дополнително промовиран со сингловите: „Vicious“[74] и „Nonsense“.[75] Во септември 2022 година, Карпентер започнала турнејата Emails I Can't Send.[76][77]

Во март 2023 година, Карпентер објавила луксузно издание на Emails I Can't Send.[78] Една од бонус-нумерите, „Father“, била објавена во август 2023 година како последен сингл од албумот.

Во јуни 2023 година, било објавено дека Карпентер ќе ги отвора повеќето концерти од Тејлор Свифт за турнејата The Eras Tour во Латинска Америка, Австралија и Сингапур во текот на 2023 и 2024 година.[79] Карпентер објавила преработка на песната од Свифт „I Knew You Were Trouble“ (2012) како Spotify-специјал и изјавила дека отворање на концерти за Свифт е „остварен сон од детството“.[80] На 17 ноември 2023 година, Карпентер објавила божиќно EP под наслов Fruitcake.[81]

2024 – денес: Албум Short n' Sweet

[уреди | уреди извор]

Во март 2024 година, Карпентер соработувала со норвешката пејачка Girl in Red за синглот „You Need Me Now?“.[82] На 11 април 2024 година, Карпентер го издала синглот „Espresso“.[83] Следниот ден таа настапила на фестивалот „Коачела“.[84] Песната „Espresso“ станала светски хит. Песната се искачила на четврто место на Billboard Hot 100, со што станал прв топ-десет сингл од Карпентер на оваа топ-листа. Исто така, со овој сингл Карпентер за првпат се пласирала во топ-10 на Billboard Global 200. Песната се нашла на врвот на топ-листите во Австралија, Ирска, Малезија, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство, а се искачила во првите десет во многу други земји.[85] Синглот ќе се најде на нејзиниот шести студиски албум, Short n' Sweet, кој треба да биде објавен на 23 август 2024 година.[86]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Eyes Wide Open (2015)
  • Evolution (2016)
  • Singular: Act I (2018)
  • Singular: Act II (2019)
  • Emails I Can't Send (2022)
  • Short n' Sweet (2024)

Концертни турнеи

[уреди | уреди извор]

Сопствени

[уреди | уреди извор]
  • Evolution Tour (2016–2017)
  • The De-Tour (2017)[87]
  • Singular Tour (2019)[88]
  • Emails I Can't Send Tour (2022–2023)[89]

Како воведен изведувач

[уреди | уреди извор]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
година Наслов Англиски наслов Улога Белешки
2012 Noobz Бритни
2013 Рогови Horns Младата Мерин
2018 година The Hate U Give Хејли
2019 година Кратка историја на долгиот пат The Short History of the Long Road Нола
2019 Висока девојка Tall Girl Харпер Крејман
2020 Work It Квин Акерман Исто така извршен продуцент
2020 Облаци Clouds Саманта „Семи“ Браун
2022 Висока девојка 2 Tall Girl 2 Харпер Крејман
2022 Брза помош Emergency Меди
  1. 1,0 1,1 Bullis, Rebecca (July 20, 2015). „Sabrina Carpenter ready to dazzle hometown crowd at QuickChek Balloon Fest“. Lehigh Valley Live. Архивирано од изворникот на August 29, 2022. Посетено на August 29, 2022.
  2. „Sabrina Carpenter Biography & History“. AllMusic. Архивирано од изворникот June 30, 2019. Посетено на September 7, 2019.
  3. Newman-Bremang, Kathleen (August 5, 2019). „The Come-Up: Sabrina Carpenter on Ghosting, Grieving & Growing Up“. Refinery29. Архивирано од изворникот October 4, 2019. Посетено на September 7, 2019.
  4. Brandon, Emily (October 13, 2014). „Sabrina Carpenter Takes the Playlist Pop Quiz“. Disney News. Архивирано од изворникот на November 10, 2017. Посетено на November 10, 2017.
  5. 5,0 5,1 „Sabrina Carpenter — Maya Hart“. Disney Channel Medianet. Disney Channel. Архивирано од изворникот на August 9, 2014.
  6. Bell, Crystal (September 9, 2015). „13 Times Sabrina Carpenter And Rowan Blanchard Inspired Us To Be Our Best Selves“. MTV News. Архивирано од изворникот на October 3, 2023. Посетено на September 20, 2023.
  7. 7,0 7,1 7,2 Lauer-Williams, Kathy (January 5, 2011). „TVWATCHERS: Lower Milford Girl on Law and Order SVU today“. The Morning Call. Архивирано од изворникот на October 6, 2014. Посетено на August 24, 2012.
  8. „Interview with Sabrina Carpenter“. 15 Minutes of Fame. blogtalkradio. April 23, 2010. Архивирано од изворникот на October 21, 2013. Посетено на August 25, 2012.
  9. „Hollywood Bound“. NBC10 Philadelphia. January 5, 2011. Архивирано од изворникот на December 3, 2021. Посетено на January 24, 2021.
  10. 10,0 10,1 Carpenter, Sabrina (March 19, 2012). „It's official!!! I booked a new ABC pilot called The Unprofessional...“. Архивирано од изворникот на August 2, 2019. Посетено на July 17, 2019.
  11. 11,0 11,1 „Smile: Sabrina Carpenter: MP3 Downloads“. Amazon. Архивирано од изворникот на October 6, 2014. Посетено на May 17, 2013.
  12. 12,0 12,1 MacKenzie, Carina Adly (January 31, 2013). 'Boy Meets World' spin-off 'Girl Meets World' casts the new Shawn: Maya will be Sabrina Carpenter“. Zap2it. Архивирано од изворникот на May 4, 2013. Посетено на May 17, 2013.
  13. „Sofia The First Soundtrack Makes Its Royal Debut On Walt Disney Records“. MarketWatch. February 12, 2013. Архивирано од изворникот на April 11, 2013. Посетено на May 17, 2013.
  14. 14,0 14,1 Празен навод (help)
  15. Празен навод (help)
  16. Girl Meets World to Premiere Friday, June 27, on Disney Channel“. Zap2it. May 2, 2014. Архивирано од изворникот на May 3, 2014. Посетено на October 28, 2014.
  17. Gallagher, Brian (May 20, 2014). „Girl Meets World Theme Song and Opening Credits Revealed!“. MovieWeb. Valnet Inc. Архивирано од изворникот на May 13, 2024. Посетено на May 13, 2024.
  18. Pierce, Barry (March 17, 2023). „Sabrina Carpenter's becoming the popstar of her dreams“. I.D. Архивирано од изворникот на October 3, 2023. Посетено на September 18, 2023.
  19. „Sabrina Carpenter Debuted Her Single at Radio Disney“. Fanlala. March 13, 2014. Архивирано од изворникот на March 16, 2014. Посетено на March 15, 2014.
  20. „Check Out Sabrina Carpenter's New Single "Can't Blame a Girl for Trying". Fanlala.com. March 15, 2014. Архивирано од изворникот на March 17, 2014. Посетено на June 12, 2014.
  21. „Sabrina Carpenter is the Right Kind of Great on "Eyes Wide Open;" Review“. Headline Planet. April 14, 2015. Архивирано од изворникот на January 27, 2021. Посетено на July 28, 2017.
  22. „Music Review: Can't Blame A Girl For Trying (EP)“. YouTube. August 25, 2014. Архивирано од изворникот на January 7, 2019. Посетено на August 3, 2017.
  23. Празен навод (help)
  24. J. Moser, John (October 23, 2018). „Disney star, Lehigh Valley native Sabrina Carpenter to headline Let it Show concert at Kirby Center“. Архивирано од изворникот на May 4, 2023. Посетено на May 4, 2023.
  25. Leuven, Ella Van (November 3, 2023). „Rising queens of pop: the young women redefining the music scene“. The Arbiter. Архивирано од изворникот на November 4, 2023. Посетено на November 5, 2023.
  26. Naoreen, Nuzhat (December 26, 2014). 'Girl Meets World' Star Sabrina Carpenter Talks Working With Meghan Trainor and Beyoncé's Decision to Pass on 'All About That Bass'. People's Choice Awards. Архивирано од изворникот на August 1, 2016. Посетено на January 17, 2016.
  27. 27,0 27,1 Hipes, Patrick (January 24, 2019). „Netflix Finds Its 'Tall Girl' In Ava Michelle After Looking Low And High“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на January 25, 2019. Посетено на January 24, 2019.
  28. Wass, Mike. „Sabrina Carpenter's "The Middle Of Starting Over" Is Completely Irresistible: Watch The Candy-Colored Video“. Архивирано од изворникот на July 16, 2023. Посетено на August 3, 2017.
  29. 29,0 29,1 Празен навод (help)
  30. Aguilera, Leanne (December 1, 2015). „Sabrina Carpenter's Radio Disney 'Family Holiday' Performance Is the Best Gift Ever!“. Архивирано од изворникот на November 5, 2023. Посетено на November 5, 2023.
  31. Disney Channel. "Disney Channel Greenlights Original Movies 'Invisible Sister' Starring Rowan Blanchard & Paris Berelc & 'Further Adventures in Babysitting' Starring Sabrina Carpenter & Sofia Carson". Соопштение за печат. Архивирано на 9 јануари 2015 г.
  32. Briones, Isis (December 20, 2016). „Sabrina Carpenter and Sofia Carson Have 'Adventures in Babysitting' Reunion“. Архивирано од изворникот на November 12, 2021. Посетено на November 6, 2023.
  33. Henerson, Evan (December 16, 2015). Peter Pan and Tinker Bell – A Pirates Christmas. TheaterMania. Архивирано од изворникот на December 18, 2015. Посетено на January 10, 2016.
  34. Празен навод (help)
  35. Cap, Damon (February 22, 2017). „Milo Murphy's Law With Sabrina Carpenter Coming Back“. BSCKids. Архивирано од изворникот на November 12, 2023. Посетено на November 12, 2023.
  36. 36,0 36,1 Празен навод (help)
  37. „Radio Disney Music Awards 2017 Winners“. radio.disney.com. Архивирано од изворникот на July 14, 2019. Посетено на March 5, 2017.
  38. Devoe, Noelle (March 3, 2017). „Sabrina Carpenter's New Theme Song for "Andi Mack" is Just as Amazing as "Take On the World". Seventeen. Архивирано од изворникот November 14, 2023. Посетено на November 6, 2023.
  39. Barton, Lindsay (May 19, 2017). „Sabrina Carpenter and The Vamps Team Up for 'Hands'. Tiger Beat. Los Angeles, California: Tiger Beat Media. Архивирано од изворникот на March 26, 2018. Посетено на March 28, 2018.
  40. „Sabrina Carpenter Announces 2017 Summer Tour“. April 26, 2017. Архивирано од изворникот на May 4, 2023. Посетено на May 4, 2023.
  41. Huber, Eliza (November 15, 2023). „Becoming a Pop Star Was Sabrina Carpenter's Destiny“. Who What Wear. Архивирано од изворникот на November 20, 2023. Посетено на November 20, 2023.
  42. Booth, Ali (December 4, 2017). „Sabrina Carpenter Covers 'Have Yourself a Merry Little Christmas'. Tiger Beat. Tiger Beat Media. Архивирано од изворникот на February 15, 2018. Посетено на March 28, 2018.
  43. Rees, Katrina (October 19, 2017). „ALBUM REVIEW: Lindsey Stirling – 'Warmer In The Winter'. CelebMix. Архивирано од изворникот на October 23, 2017. Посетено на March 28, 2018.
  44. „Sabrina Carpenter Unveils Artwork & Tracklist For New Album 'Singular'. iHeartRadio. Архивирано од изворникот на December 27, 2022. Посетено на December 26, 2022.
  45. „Sabrina Carpenter reveals details of new album "Singular: Act 1". ABC News Radio. October 25, 2018. Архивирано од изворникот на November 7, 2018. Посетено на November 9, 2018.
  46. Booth, Ali (May 14, 2018). „Sabrina Carpenter Teases New Single 'Almost Love'. TigerBeat. Архивирано од изворникот на May 14, 2018. Посетено на May 14, 2018.
  47. Craig, Nicola (November 4, 2018). „Sabrina Carpenter releases new track 'Bad Time'. CelebMix. Архивирано од изворникот на December 27, 2022. Посетено на December 27, 2022.
  48. Craig, Nicola (October 29, 2018). „Sabrina Carpenter Releases New Single 'Paris'. CelebMix. Архивирано од изворникот на December 27, 2022. Посетено на December 27, 2022.
  49. Craig, Nicola (May 6, 2019). „Sabrina Carpenter Opens Up On New Track 'Exhale'. CelebMix. Архивирано од изворникот на December 27, 2022. Посетено на December 27, 2022.
  50. Празен навод (help)
  51. Празен навод (help)
  52. „Sabrina Carpenter tackles overthinking in new track "In My Bed". June 7, 2019. Архивирано од изворникот на December 27, 2022. Посетено на December 27, 2022.
  53. „Sabrina Carpenter performs, shares plans for 5th album on 'GMA'. United Press International. Архивирано од изворникот на July 8, 2019. Посетено на December 27, 2022.
  54. „Sabrina Carpenter Drops Tropical Summer Tune "I'm Fakin". CULTR. July 21, 2019. Архивирано од изворникот на May 7, 2023. Посетено на May 4, 2023.
  55. Nied, Mike (February 14, 2020). „Sabrina Carpenter Dreams Of Everlasting Love On "Honeymoon Fades". Idolator. Архивирано од изворникот на March 22, 2023. Посетено на February 14, 2020.
  56. Празен навод (help)
  57. „Sabrina Carpenter Just Made Her Broadway Debut in "Mean Girls". March 11, 2020. Архивирано од изворникот на August 4, 2020. Посетено на April 22, 2020.
  58. „Tony-Nominated Musical Mean Girls, Based on Hit Film, Will Not Reopen on Broadway“. Broadway.com. 7 January 2021. Архивирано од изворникот на January 18, 2023. Посетено на January 7, 2021.
  59. „Soundtrack to Darren Criss' Quibi Show 'Royalties' Includes Song Performed by Mark Hamill“. Variety. May 26, 2020. Архивирано од изворникот November 12, 2023. Посетено на November 13, 2023.
  60. Martin, Annie (July 24, 2020). „Sabrina Carpenter releases 'Let Me Move You' single for 'Work It'. United Press International. Архивирано од изворникот на August 3, 2020. Посетено на August 3, 2020.
  61. Lee, Benjamin (August 7, 2020). „Work It review – engaging Netflix teen comedy dances to a familiar beat“. The Guardian. Архивирано од изворникот на November 12, 2023. Посетено на November 12, 2023.
  62. N'Duka, Amanda (July 2, 2019). „Jordan Fisher, Drew Ray Tanner, Michelle Buteau Join Sabrina Carpenter In Netflix Dance Comedy 'Work It'. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на July 8, 2019. Посетено на July 15, 2019.
  63. Ward, Jess Salafia (October 9, 2020). „New Track 'Clouds' From Soundtrack For Disney+ Original Movie Released Today“. Cinelinx. Архивирано од изворникот на November 12, 2023. Посетено на April 11, 2022.
  64. Празен навод (help)
  65. Празен навод (help)
  66. Празен навод (help)
  67. Празен навод (help)
  68. Празен навод (help)
  69. Празен навод (help)
  70. West, Amy (January 20, 2022). „Tall Girl 2 trailer arrives as Netflix release date is confirmed“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на July 15, 2022. Посетено на July 15, 2022.
  71. N'Duka, Amanda (April 16, 2021). „Sabrina Carpenter, RJ Cyler Star In 'Emergency' Comedy From Amazon Studios & Temple Hill“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на May 10, 2022. Посетено на July 15, 2022.
  72. Nicholas, Lyndon (May 19, 2022). 'Emergency': Release Date, Trailer, Cast, and Everything You Need to Know“. Collider. Архивирано од изворникот на July 15, 2022. Посетено на July 15, 2022.
  73. Cantor, Brian (July 22, 2022). „Report: Sabrina Carpenter's "Emails I Can't Send" Debuts With 7K US Sales, 18K Total US Units“. Headline Planet. Архивирано од изворникот на July 29, 2022. Посетено на February 22, 2023.
  74. Празен навод (help)
  75. Празен навод (help)
  76. Празен навод (help)
  77. Празен навод (help)
  78. Празен навод (help)
  79. Празен навод (help)
  80. Празен навод (help)
  81. Major, Michael (November 8, 2023). „Sabrina Carpenter to Release Christmas EP Next Week; 'Fruitcake' to Feature Five New Holiday Songs“. Broadway World. Архивирано од изворникот на November 9, 2023. Посетено на November 9, 2023.
  82. Dailey, Hannah (March 22, 2024). „Eras Tour Openers Girl in Red & Sabrina Carpenter Team Up on 'You Need Me Now?': Stream It Now“. Billboard. Архивирано од изворникот March 31, 2024. Посетено на April 5, 2024.
  83. Reynolds, Abbie (April 12, 2024). „Sabrina Carpenter's Caffeinated 'Espresso' Lyrics And Their Meaning“. Архивирано од изворникот на April 12, 2024. Посетено на April 13, 2024.
  84. Dailey, Hannah (April 9, 2024). „Sabrina Carpenter Announces New Single 'Espresso' Ahead of Coachella 2024: Here's When It Arrives“. Billboard. Архивирано од изворникот April 10, 2024. Посетено на April 10, 2024.
  85. Празен навод (help)
  86. Garcia, Thania (2024-06-03). „Sabrina Carpenter to Release New Album 'Short N' Sweet' in August“. Variety (англиски). Посетено на 2024-06-06.
  87. „Sabrina Carpenter Announces 'The De-Tour': See The Summer Dates“. iHeartRadio. Архивирано од изворникот на June 12, 2021. Посетено на June 12, 2021.
  88. Craig, Nicola (December 21, 2018). „Sabrina Carpenter Releases 'Paris' Video and Announces Asia Tour“. CelebMix. Архивирано од изворникот на January 12, 2021. Посетено на December 23, 2018.
  89. Schube, Will (August 15, 2022). „Sabrina Carpenter Announces US Headlining Tour“. UDiscoverMusic. Архивирано од изворникот на August 15, 2022. Посетено на August 15, 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]