Сабиха Бенгуташ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сабиха Зија Бенгуташ
Роден(а)1904
Истанбул, Отоманско Царство
Починал(а)10 февруари 1992
Анкара, Турција
НационалностТурчинка
УстановаУниверзитет за ликовни уметности Мимар Синан
Познат(а) поВајарство
СопружникШакир Емин Бенгуташ

Сабиха Зија Бенгуташ (турски: Sabiha Ziya Bengütaş, 1904 – 2 октомври 1992 година) била турскa скулпторка. Таа била првата жена скулптор на Турција.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Сабиха Зија се родила во Истанбул во 1904 година.[2] Таа имала сестра и еден постар брат. Се школувала во училиштето Ејубсилтан Нумуне, денес познато како Ејупска Анадолска Гимназија. Таа живеела четири години во Дамаск, Сирија (тогаш дел од Отоманската империја, каде што татко ѝ бил назначен на служба поради неговото занимање.[3] Таа таму го продолжила своето образование, во француско католичко училиште, каде останала една година.[2] Семејството потоа се вратило во Турција и се населило во Бујукада, каде што таа го завршила своето средно образование во училиштето Фуат Корпулу Паша. Во 1920 година, таа започнала да изучува ликовни уметности на одделот за сликарство и скулптура на Академијата за ликовна уметност во Истанбул (османски турски: Sanayi-i Nefise Mektebi, денешниот Мимар Синан Универзитет). Таа била првата женска студентка во класата.[2] Фејхаман Дуран бил еден од нејзините професори на академијата. Во 1924 година, таа добила државна стипендија за студии на Академијата за ликовни уметности во Рим, Италија, каде работела во ателјето на Ерменегилдо Лупи (1877-1937).

Подоцна, таа се омажила со Шакир Емин Бенгуташ, дипломат и внук на поетот Абдулхак Хамит Тархан. Таа често патувала во странство придружувајќи го нејзиниот сопруг.[2] Двојката се населила во Малтепе, Чанкаја во Анкара , откако нејзиниот сопруг се повлекол. Таа посвоила ќерка по име Нурол.

Таа починала во Анкара, на 2 октомври 1992 година.

Бистата на Ататурк во претседателската палата Чанкаја, дело на Сабиха Зија

Уметност[уреди | уреди извор]

Во 1925 година, три бисти од Сабиха Зија биле изложени во Галатасарај, Бејоглу во Истанбул. Следната година, уште три нејзини статуи биле изложени на истото место. Некои од нејзините скулптури се бисти на познати личности како на поетот Ахмет Хашим (1884-1933), драматургот и поет Абдулхак Хамит Тархан (1852-1937), првата муслиманска филмска актерка Бедија Мувахит (1897-1994), генералот и државник Али Фуат Џебезој (1882-1968), првата дама Мевхибе Инону (1897-1992) и политичарот Хасан Али Јуџел (1897-1961).[2][3]

Во 1938 година, таа ја освоила првата награда во два натпревара за скулптури на Мустафа Кемал Ататурк (1881-1938), основоположникот на модерна Турција и на Исмет Инону (1884-1973), генерал и државник. Статуата на Ататурк била поставена во градината на поранешната претседателската палата Чанкаја а статуата на Инону во Муданја заради одбележување на Примирјето на Муданја (1922). Таа, исто така, му била асистентка на Пјетро Каноника при создавањето на Споменикот на Републиката подигнат на Плоштадот Таксим во Истанбул во 1928 година.[2][3]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sabiha Bengütaş“. www.biyografya.com. конс. 2018-03-24. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 maacar. „Sabiha BENGÜTAŞ, Cumhuriyet dönemi ilk Türk kadın Ressam ve Heykeltraşımız Hayatı.“. sabihabengutas.com (Turkish). конс. 2018-03-24. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Tırnakçı, Hazal (2016-01-04). "Erkek egemen toplum anlayışına karşı ilk kadın heykeltıraş: Sabiha Ziya Bengütaş" (in Turkish). Gaia Dergi.